fbpx

Тинејџер со придружник го симнал македонското знаме на плоштадот во Куманово, партиите реагираат

-

По инцидентот попладнево, кога две лица, од кои едниот тинејџер, како што извести МВР, на јарболот на плоштадот во Куманово го симнале македонското знаме, а најгоре поставиле албанско знаме, со реакции се јавија и политичарите.

Инаку, според тоа што „Мета“ го доби како информација од МВР, во 16 часот денеска на кумановскиот плоштад две непознати лица го симнале македонското знаме од врвот на јарболот и го спуштиле подолу, а потоа на врвот поставиле албанско знаме. Откако било пријавено во полиција, преземени се мерки и наскоро за инцидентот биле приведени 17-годишниот Л. С. и 21-годишниот Љ. К., и двајцата од кумановското село Слупчане.

Откако веста се пренесе од медиумите, реагираше и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, инаку кумановец. Тој остро го осуди инцидентот.

– Денеска се случи срамен чин на симнување на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово. Го осудувам ваквиот настан од кого било да е и за какви било интереси. Ги повикувам сите граѓани на мојот град на смиреност и да покажеме дека најважно ни е Куманово, соживотот во него и Македонија. Да живее Република Македонија! – напиша Спасовски на својот фејсбук-профил.

Со осуда реагираа и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува денешниот инцидент во Куманово во кој од јарбол беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше истакнато албанското. ВМРО-ДПМНЕ бара итно откривање и најостро санкционирање на сите сторители на овој вандалски и антидржавен чин со кој се гази врз македонското национално достоинство. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тргувањето и преговарањето околу највисоките државни и национални интереси носи огромни потенцијални ризици“, се вели во соопштението.

СДСМ го осуди инцидентот и порача граѓаните да не потпаѓаат на провокации.

„Го осудуваме симнувањето државното знаме на Р.Македонија од јарбол во центарот на Куманово. Повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации кои имаат цел да поттикнат меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се. Сите вакви инциденти одат во прилог на насилните политики на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во подгревањето меѓуетнички тензии и помеѓу припадници на иста етничка група гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали“, порача СДСМ, меѓу другото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...