fbpx
Таг: жртви

таг: жртви

Француската амбасада во Скопје со едноминутно молчење за жртвите во Париз

Амбасадата на Република Франција во Скопје, во 12 часот, со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите на терористичките напади во Париз. Во француската амбасада се отвори и книга на жалоста, која ќе биде отворена од денеска до среда, од 10 до 13 часот.  

Едноминутен молк во Собранието за жртвите во Париз

По предлог на пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, пратениците во Собранието на Македонија со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во синхронизираните терористички напади во Париз, пред да почнат со расправата по двете точки на дневниот ред. По предлог на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, прва точка за расправа на дневниот ред е одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател и...

На Водно ќе се гради парк во спомен на жртвите на сообраќајни несреќи

По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска на Средно Водно со засдување дрвца ќе биде промовиран парк во спомен на лицата што оваа година го загубија животот во сообраќајки во Република Македонија. На настанот што го организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), ќе присуствуваат претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, директорот на Комисијата...

Делегација на Собранието ќе положи свежо цвеќе по повод примирјето од 1918 година

Делегација на Собранието на Република Македонија денеска ќе положи свежо цвеќе на Француските гробишта во Битола и на Германските гробишта во Прилеп по повод одбележувањето на примирјето од 1918 година и во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и на раселените лица од сите војни. Собраниската делегација ја предводи потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, а во состав Љубиша Николиќ, претседател на...

Во Санкт Петерсбург погреб на жртвите од авионската несреќа во Египет

Во Санкт Петерсбург денеска ќе бидат погребани жртвите од авионот „ербас А321“ на руската авиокомпанија „Когалимавиа“, кој се урна во египетскиот дел на Синај. Камбаните на црквата „Исакијевски собир“ ќе се огласат 224 пати во чест за 217 патници и седумте членови на екипажот кои загинаа пред девет дена на враќање од летувањето во екипетски Шарм ел Шеик. Од црквата информираат дека...

Бројот на жртвите во нападот во Анкара се зголеми на 102

Бројот на жртвите на двојниот самоубиствен напад, кој во Анкара се случи за време на минатиот викенд, се зголеми на 102, соопшти турското обвинителство. Исто така, се додава дека вкупно 13 лица се приведени поради вмешаност во нападот кој се случи пред градската железничка станица. Владата соопшти дека Исламска држава (ИС) е осомничена за нападот, во коj ранети се повеќе од...

Нова бегалска несреќа, кај Фармакониси се удавија 28 луѓе

Досега се пронајдени 28 луѓе, меѓу кои и едно дете, кои се удавиле покрај брегот на грчкиот остров Фармакониси, откако потонал чамецот што превезувал стотина мигранти. Крајбрежната стража на Грција спасила 68 лица, а 29 успеале сами да стигнат до брегот. Потрагата по патниците од превртениот брод продолжува.

ОН: Жестока осуда за нападот на цивили во Сирија

Потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координаторот за итна помош, Стивен О’Брајан, жестоко го осуди нападот на цивили во Сирија. - Ужаснат сум од целосното непочитување на животот на цивилите во овој конфлит. Нападите врз цивили мора да престанат – рече О’Брајан на конференцијата за новинари во Дамаск. Бројот на жртвите во серијата воздушни напади на сириските сили во...

Воздушен напад на пазар во Сирија, 70 загинати

Најмалку 70 луѓе загинале во серија на воздушни напади на сириските силе на еден пазар во Дума, град кој го држат бунтовниците, во близина на Дамаск. Како што соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, ранети се околу 200 луѓе, а билансот на жртви, од кои повеќето се цивили, најверојатно ќе расте бидејќи многу од ранетите се во тешка состојба. Директорот на...

Најмалку 93 жртви на топлотниот бран во Египет

Најмалку 93 лица починале во текот на минатата недела како последица од топлотниот бран кој го погоди Египет, а високите температури се очекуваат да продолжат и во наредните денови. Пораст на температурите се очекува во недела, а во Каиро според прогнозата за метеоролозите, максималната температура ќе достигне 42 степени. Поголемиот дел од жртвите на топлотниот бран се стари луѓе. Меѓу нив...

Бројот на жртвите во Кина се зголемува, се слушаат нови експолозии

Нови експолозии го потресуваат градот Тианјин во Кина, каде во експлозија во складиште со хемиски производи која се случи во средата загинаа 85 лица. Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека се слушнале седум нови експлозии и дека од нив повторно се разгорел оган, а во воздухот можат да се видат црни облаци од чад. Издадена е наредба да се евакуираат жтелите во...

Египет: 61 жртва на топлотен бран

Најмалку 61 лице починале за период од три дена како последица на топлотниот бран кој го погоди Египет, а околу 600 лица се хоспитализирани. Министерството за здравство соопшти дека 21 лице умреле во вторникот, додека од топлината во неделата и во понеделникот починале 40 луѓе. Поголемиот дел од жртвите се стари луѓе, се наведува во соопштението на министерството. Според податоците на министерството,...

Под урнатините во Тетовско сè уште се трага по двајца исчезнати

Македонската армија со кучиња-трагачи и мештаните од село Шипковица, сè уште го бараат телото на шестгодишната Дрита Амети, која загина во поплавите во Тетовско. Потрагата трае и по 61-годишниот жител од Лисец, кому по невремето му се губи секаква трага. Последен пат е забележан како го напасува својот добиток на една од ливадите над селото. Неговата внука е првата жртва што загина...

Жители на Мала Речица: Луѓето настрадаа од градежен шут фрлен на Шар Планина

Градежниот шут што со години се складира на Шар Планина е причина за смртта на жителите од подшарпланиските села, тврдат мештаните на Мала Речица. - Со години се трупа градежен шут на планината. Поради невремето, тој се лизна надолу, од што и настрадаа децата и луѓето - вели жител од Мала Речица. Инаку, се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот...

Сите кои се сведоци или жртви на говор на омраза да ги пријават случаите

По повод 22 јули, Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза, Комисијата за заштита од дискриминација ги повика сите граѓани кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза да ги пријават случаите, со оглед на тоа што, како што посочуваат од Комисијата, и дискриминацијата преставува мотив за кривични дела од омраза. - Комисијата за заштита од...

Во поплави на Филипините, настрадаа четворица

Најмалку четири лица настрадаа, а повеќе од 1.000 се принудени да ги напуштат своите домови поради поплавите што погодија голем дел од северот на Филипините. Обилните монсунски дождови врнат со денови во провинциите кои главно се занимаваат со земјоделство, поради што се поплавени и патиштата, а 3.000 лица се евакуирани, пренесува АФП. Меѓу настраданите е и шестмесечно бебе, кое е затрупано при лизгање на...

САНУ предложила да се создаде комисија за изучување на воените конфликти на територија на ЈНА

Извршниот совет на Српската академија на науки и на уметности (САНУ) соопшти дека академијата предложила да се создаде специјална комисија што ќе се занимава со изучување на воените конфликти на територијата на поранешна Југославија. Од САНУ оцениле дека на Србија ѝ е најпотребно да ја утврди и да се соочи со вистината. Комисијата ќе се занимава со изучување на причините и на состојбите кои...

Идентификувани сите жртви од масакрот во Тунис, 30 се Британци

Сите 38 жртви од масакрот во Тунис и официјално се идентификувани, а меѓу нив има 30 Британци, соопшти денеска туниското министерство за здравство. Од другите осум жртви, тројца се од Ирска, двајца од Германија и по една жртва од Белгија, Португалија и од Русија. Британија денеска ќе ги пренесе телата на осум свои државјани, а другите би требало да бидат пренесни...

Тешка сообраќајка во Струмица

Тешка сообраќајна незгода се случила утрово на булеварот Климент Охридски во Струмица, при судир на патничко возило и на комби. Патничкото возило е сосема уништено, а лицето што управувало со него поминало со полесни повреди. Со патничкото моторно возило управувал 20-годишник кој бил целосно заглавен на седиштето, па морале да интервенираат и да го вадат од смачканиот автомобил. Сообраќајката се случила околу 5...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура

Денеска сe одбележува Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на мачење и на друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување. Во своето обраќање до нациите, генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, порача дека подемот на насилниот екстремизам и досега незабележаното ниво на присилно раселување во светот налагаат сеопфатен одговор од државите. Важен аспект од таквиот одговор е преземање...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...