сабота, 11 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: затоплување | 25 резултати

Скопјани нареднава зима нема да бидат оставени без парно греење, но прашање е кој ќе затоплува [инфографик]

јули 10, 2022

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) изминатиов месец ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што голем дел од граѓаните на Скопје си го поставија прашањето на кој начин ќе ги затоплуваат нивните домови во претстојната грејна сезона. Од РКЕВУ за Мета.мк потенцираат дека […]

Последната декада најтопла во историјата на земјава, климатските промени ќе носат попеколни лета

декември 5, 2021

Врели лета и повисоки просечни температури, благи зими без снег, намалување на врнежите и долги сушни периоди се новите климатски услови во Македонија, кои ги живееме во последната декада. Истражувањата на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека последната декада од 2011 до 2020 година, е најтопла од почетокот на метеоролошките мерења во земјава, а прогнозите […]

Меѓународниот центар во Виена ќе ја реупотребува топлината од клима уредите за греење на 2.400 домаќинства

март 1, 2021

Топлината што при ладење ја испуштаат во воздухот клима уредите во винескиот меѓународен центар (VIC), во идинина ќе се испраќа на локалната топлинска мрежа и ќе опслужува околу 2.400 домаќинства. Овој меѓународен центар е голем комплекс во 22. градски реон, отворен во 1979 година, и во него се лоцирани бројни канцеларии на меѓународни организации, меѓу […]

Над 30.000 лица бараат по 1.000 денари помош од државата за трошоци за енергија

септември 22, 2020

Растат списоците со енергетски сиромашни граѓани во државава кои немаат средства за да ги платат трошоците за енергетските услуги, како греење, осветлување, користење на електрични апарати или затоплување на домот, проблеми со кои се дефинира поимот – енергетска сиромаштија. Паричната помош што од државата ја добива оваа група на граѓани е 1.000 денари за домаќинство. […]

РКЕВУ: Новата цена на лесното масло за греење 51,5 денари за литар, речиси исто колку дизелот

јуни 24, 2020

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), одреди нова цена на лесното масло за затоплување, познато како „црвена нафта“ – 51,5 денари за литар – откако беше покачена акцизата на ова гориво. Владата завчера ја измени и дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време […]

Минатата година најтоплата во Европа од почетокот на мерењата

јануари 9, 2020

Минатата година, 2019, е најтоплата година во Европа од кога се вршат мерења, предупреди Copernicus Climate Change Service (C3S), телото на ЕУ што ја следи климата. Со 2019 како најтопла година се завршува и најтоплата деценија (2010-2019) во Европа од почетокот на мерењата. Според C3S светските температури во 2019 година биле само 0,04 Целзиусови степени […]

Владата вети пари за еколошко греење во неколку објекти во Куманово

декември 17, 2019

На 171. седница што вчера се одржа во Куманово, владата вети средства за замена на постоечките системи за затоплување во една градинка, едно училиште и во Центарот за култура во Куманово, а истовремено и за пристапен пат за претоварната станица за ѓубре во Ранковце. Како што сопштија од владиниот сектор за информирање, на третата од […]

Сончево време со умерена облачност и температури до 34 степени

август 5, 2019

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието краткотрајно ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи од 26 до 34 Целзиусови степени. Во Скопје сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од […]

Затоплување од денеска, со температура до 15 степени

февруари 28, 2019

Времето денеска ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Температурата ќе се движи од минус 5 до 15 Целзиусови степени. Во Скопје од 0 до 13 Целзиусови степени. Утре во поголемиот дел од земјава максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 Целзиусови степени. Повторно зголемување на облачноста со услови […]

Глобалното затоплување тема на регионалната конференција на метеоролозите во Охрид

октомври 9, 2018

Охрид беше домаќин на средбата на директорите на хидрометеоролошките служби од Југоисточна Европа, кои што на конференција дискутираа за штетите кои ги нанесува глобалното затоплување. „Во овој момент, службите од регионов се соочуваат како и сите останати од целиот свет, со глобалното затоплување, чија што главна карактеристика се зачестените екстремни вредности и појави, како високи […]

Сончево и постудено време, со силен северен ветер

септември 25, 2018

Сончево, но постудено време со силен северен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Дневните температури во поголем дел од државата ќе бидат намалени за околу 10, а наместа и за 15 Целзиусови степени. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со […]

Сончево и топло време

април 23, 2018

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со слаб ветер од северен правец. Минималните температури се движеа од 3 до 9 Целзиусови степени, додека максималните во текот на денот ќе изнесуваат меѓу 22 и 30 степени. УВ индексот е 7. Во Скопје исто така сончево и топло време, со слаб северен ветер. Утринската температура […]

Денеска облачно со повремен дожд

март 26, 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје променливо облачно, со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер и дневна температура од 8 Целзиусови степени. Утре ќе […]

Николовски: Климатските промени ќе ги намалат приносите во земјоделските култури

декември 18, 2017

Зелениот климатски фонд (ЗКФ) ќе биде главна меѓународна финансиска институција за обезбедување на финансиски средства за поддршка на активности, за ублажување и адаптација од климатските промени во земјите во развој, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на работилницата за искористување на средствата од овој фонд, која овие два дена се одржува во хотелот „Александар […]

Денеска главно сончев ден, од утре температура и до 20 степени

ноември 22, 2017

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец. Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 10 Целзиусови степени, најстудено ќе биде во Маврово со дневен максимум до 4 степени, а најтопло ќе биде во Дојран каде температурата ќе достигне 14Целзиусови степени. И во […]

Почна пријавувањето за субвенции од Град Скопје за печки на пелети

ноември 15, 2017

Град Скопје објави дека од денеска почнува пријавувањето за субвенции, односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети, за 2017 година. Градската управа ќе покрие најмногу 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари како сума со вклучен персонален данок на доход, за купена печка […]

Времето променливо облачно со сончеви периоди

септември 30, 2017

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а утрото свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 12 до 22 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со кратки сончеви периоди. Ќе […]

Променливо облачно време со локален дожд и со грмежи

мај 16, 2017

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе има и појава на грмежи, особено во југоисточните делови од земјаата, каде на некои места се очекува да наврнат околу 30 литри дожд на еден метар квадратен. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер, […]

Променливо облачно и потопло време, со дневна температура над нулата

јануари 13, 2017

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со дневна температура над нулата. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот, во западните делови од земјата, на планините ќе има повремени врнежи од снег, а на пониските места од дожд. По одделни котлини ќе има појава […]

Општина Аеродром преку брошура ќе ги едуцира граѓаните за загадувањето

декември 12, 2015

„Како да се затоплуваме, а да не го загадуваме воздухот?“, е насловот на брошурата што од денеска Општина Аеродром ќе им ја дели на граѓаните на својата територија. – Целта е преку оваа брошура да се едуцираат граѓаните како да користат квалитетни енергенти при затоплување на домовите, што ќе придонесе за заштита на воздухот и […]

Страна 1 од 2