fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

Јункер: Ниту една земја од Западен Балкан не ги исполнува условите за влез во ЕУ

Претседателот на Европска комисија, Жан Клод-Јункер по посетата на Софија истакна дека ниту една од земјите од Западен Балкан не ги исполнува условите за влез во ЕУ. -Тие што сакаат да и се приклучат на ЕУ, треба да ги исполнат сите критериуми и услови за влез, но во овој момент ниту една од овие држави не ги исполнува и покрај...

Заев во Софија на работен состанок со Јункер, Борисов, Могерини и Хан

Премиерот Зоран Заев денеска во Софија ќе учествува на работниот состанок на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. На состанокот ќе присуствуваат и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска полтика Јоханес Хан. Тема на состанокот се можностите за...

Поевтин роаминг кон ЕУ не значи целосно бесплатен роаминг, вели Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на Саемот за мобилна технологија во Барселона ќе има средби поврзани со Дигиталниот самит во Скопје во април. На Дигиталниот самит, една од најавените теми ќе биде и дискусијата за поевтин роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската унија. „Во Брисел сите европски оператори работат на оваа тема. Не знам дали конкретната...

Почнува фото-финишот: Ципрас со Меркел во Брисел, Јункер, Хан и Могерини во Скопје

Спорот за името, како што пред две недели најави и македонскиот премиер Зоран Заев, влегува во фото-финиш. Со крајот на ова недела има голема раздвиженост во Скопје, Атина, Брисел, но и во цела Европа, и се очекува да се испорачаат и првите конкретни резултати од преговорите. Според грчките медиуми во рацете на премиерот Алексис Ципрас веќе се наоѓал нацрт договорот кој...

Хан: ЕК ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија

Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за германскиот весник „Ди велт“. - Европската комисија наскоро, најверојатно до крајот на летото, ќе препорача земјите членки да започнат пристапни преговори со Албанија и со Поранешната југословенска Република Македонија. Веруваме дека двете земји...

Западен Балкан ја зголемува вработеноста – Македонија најдобар пример

Македонија е еден од подобрите примери и практики за справување со невработеноста, се оценува во направените истражувања во рамките на проектот „Платформата за вработување и справување со социјалните прашања“ на Регионалниот совет за соработка (РСС). Истражувањето „Пазар на трудот на Западен Балкан: постигнато, предизвици и можни политики“ објавено во рамките на проектот, се однесува на шесте земји од Западен Балкан. Во...

Димитров и Коѕиас имале кратка средба во Софија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на покана на Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа во Софија. Димитров на состанокот истакнал...

Руско МНР: Балканските држави не треба да се тераат да брзаат кон ЕУ

Принципиелен став на Русија е дека најкомлицираните проблеми во регионот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови - без никакво надворешно мешање. „Ова се однесува на прашањата за границите, темата со именувањето на Македонија, и особено ситуацијата со Косово“, изјави портпаролката...

Милијардата евра за Западен Балкан се средства на ИПА и нема нови пари

При презентацијата на Стратегијата за Западен Балкан на Европската комисија во ЕУ парламентот во Стразбур, беше најавено дека за оваа година се предвидени 1,07 милијарди евра како претпристапна помош, како надоврзување на речиси девет милијарди евра дадени во периодот 2007-2017 година. Според Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика (ЕПИ), во новата стратегија нема ништо ново во однос на средствата за...

ММФ: Инфраструктурата е пречка за побрз економски развој на земјите од Западен Балкан

Анализата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажува дека, недостатокот на основна јавна инфраструктура на земјите од Западен Балкан е значителна пречка за побрз економски развој. „Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија имаат недоволно развиена транспортна, енергетска и телекомуникациска мрежа во однос на просекот на Европска унија. Западен Балкан заостанува зад европскиот просек кога се работи и...

Европската десница ја поздрави Стратегијата на ЕК за Западен Балкан

Претседателот на европската десница Жозеф Дол денеска ја поздрави „долгоочекуваната“ Стратегија за Западен Балкан и порача дека Европската народна партија (ЕПП) останува посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но истовремено очекува од нејзините партнери да ги исполнат реформите што ги презеле за доброто на својот народ и регионот во целина. Сепак, тој во изјавата додава, дека...

Османи очекува Македонија да се приклучи на колосекот за влез во ЕУ до 2025 година

Стратегијата за проширување на Европската Унија е една од најважните иницијативи на Европската комисија за овој регион, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на денешниот координативен работен појадок со амбасадорите и нивните претставници од земјите од Западен Балкан. Средбата се одржува во пресрет на објавувањето на Стратегијата на Европската комисија, за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025...

Дигитално поврзување на граѓаните од Западен Балкан, тема на Самитот во април

Дигитализацијата и дигиталните знаења можат да бидат механизмот, преку кој, луѓето од Западен Балкан многу побрзо и полесно ќе може да се интегрираат во Европската унија, изјави министерот за информатичко општество и админстрација, Дамјан Манчевски на средбата со еврокомесарката Мариа Габриел во Софија. Тој додаде дека, токму дигитализацијата односно дигиталната интеграција на Западен Балкан е она што може да се...

Учеството во Давос беше плодотворно и успешно, оцени Заев

Премиерот Зоран Заев, учеството на македонската делегација на Светскиот економски форум во Давос го оцени како плодотворно и успешно, информираат од Владата. „Политичките пријатели на Македонија и потенцијалните бизнис-инвеститори ни упатија јасна порака дека реформите се клучни за економски просперитет. Како што истакнуваат светските лидери, мораме да внимаваме на развојот на локалните заедници. Мораме да вложуваме во вештините на луѓето и...

Борисов го охрабри Заев да продолжи со преговорите за решавање на спорот за името

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска во Давос ја поздрави волјата на македонскиот премиер Зоран Заев со која работи за евроатлантските интеграции и го охрабри да продолжи со преговорите со Грција за изнаоѓање на конечно решение за спорот за името, пренесува „БГНЕС“. Борисов и Заев денеска имаа средба на маргините на Светскиот економски форум. „Дискутираме за иднината на Европа и за...

Конференција во Тирана: Бизнисот минатите години ја одржуваше регионалната соработка

Бизнисот беше тој, кој во изминатите години непрекинато ја одржуваше регионалната соработка, дури и кога политичките процеси затајуваа, изјави националниот координатор на Коморскиот инвестициски форум во рамките на Стопанската комора на Македонија, Татјана Штерјова на конференцијата „Иднината на Балканот - кон глобална вклученост“, што се одржа вчера во Тирана. На конференцијата се разговарало за перспективите на институциите за глобална вклученост на земјите од Западен...

Стопанска комора на конференција во Тирана за иднината на Балканот во глобалната економија

Претставници на Стопанската комора на Македонија ќе учествуваат на конференцијата „Иднината на Балканот - кон глобална вклученост“, која ќе се одржи денеска во Тирана. На конференцијата, како што информираат од Комора, ќе се разговара за перспективите на институциите за глобална вклученост на земјите од Западен Балкан, за состојбите на пазарот на капитал во овие земји, но и за можностите за...

Захариева: Реално е очекувањето преговорите со Македонија да почнат до јули

Мислам дека е многу реално преговорите со Македонија да започнат за време на бугарското претседавање со ЕУ и, секако да го видиме извештајот во кој ќе биде вклучен и акциониот план 3-6-9 и кој е поврзан со реформите во администрацијата, разузнавачката служба и судскиот систем. Ние ќе бидеме среќни и целосно ќе го поддржиме тој развој, исто и за...

„Фридом хаус“: Македонија е „делумно слободна“ земја – треба да се следи оваа година

Македонија е „делумно слободна“ земја, констатира американската невладина организација „Фридом хаус“ во својот најнов извештај за слободата во светот во 2018 година. Македонија е рангирана меѓу земјите кои треба да се следат оваа година, односно држави кои најверојатно се приближуваат до важни пресвртни моменти во нивниот демократски пат, и поради тоа заслужуваат посебно внимание во текот на оваа година. „Демократски избраната,...

Хан: Договорот со Бугарија е репер за добрососедски односи на Балканот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил, го поздрави ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија. „Ратификацијата на македонскиот парламент на Договорот за пријателството со Бугарија е важен чекор во вистинската насока на патот кон ЕУ на земјата. Договорот, исто така, е репер за добрососедски односи во целиот регион на Западен...

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...