петок, 7 август, 2026
Meta.mk

Ознака: закуп | 12 резултати

Продолжен рокот за приватизација на државно земјиште до 2021 година

јуни 5, 2018

Граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост, информираат од Министерството за финансии. Од таму соопштуваат дека се подготвени измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето. „Со измените се даваат […]

Турската компанија „Мурат Тиџарет“ закупи земјиште во ТИРЗ Скопје 2, ќе вложи 6,6 милиони евра

декември 1, 2017

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, и менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“, Ејуп Ѓулсој, денеска во Владата на Република Македонија потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2. Ѓулсој појасни дека планираат во првата фаза да инвестираат 6,6 милиони евра, со кои треба да се изгради производствен капацитет од повеќе […]

ДИК: Денеска е последен рок за објавување на цените за закуп на рекламен простор за локалните избори

август 11, 2017

Државната изборна комисија се обратила до сите општини за да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии, за непречено организирање и спроведување на локалните избори на 15 октомври, информираат комисијата. ДИК ги известила сите општини и Градот Скопје дека се должни најдоцна денеска јавно да ги објават локациите и цените за закуп […]

Синот на Субрата Рој на суд за неплатен закуп за земјиштето на Џумајлија

октомври 29, 2016

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го тужи Сушанто Рој, синот на бизнисменот Субрата Рој, за долг од 100.000 евра, односно за неплатен закуп за земјиштето Џумајлија. Сушанто Рој и неговата фирма „Сахара пјур“ не платиле закуп на 5.300 хектари земјиште, поранешна сопственост на агрокомбинатот Џумајлија од Лозово. Рочиштето во Основниот суд во Штип е […]

Нападите не го намалија бројот на чартер-летови од Скопје за Турција

јули 4, 2016

И покрај влошената безбедносна состојба и зачестените терористички напади во Турција, граѓаните не се откажуваат од летувањето во најбараната туристичка дестинација, Анталија, информираат од туристичките агенции во Македонија. – Во Анталија немало терористички напади, туристите не се плашат и не ги откажуваат аранжамните. Секој ден има чартер-летови кои се полни. Граѓаните ги користат намалените цени во хотелите […]

Повеќе од 30 компании заинтересирани да станат нови сопственици на „Џумајлија“

септември 9, 2015

Повеќе од 30 домашни и странски компании се заинтересирани за закуп на земјиштето што му беше дадено на контроверзниот индискиот бизнисмен Субрата Рој во Лозово, потврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, кој денеска беше во посета на Свети Николе и на Овчеполието. Со распишаниот меѓународен тендер за закуп, се прави нов обид да […]

Општина Тетово почна да издава тезги под закуп во центарот на градот

јуни 16, 2015

Општина Тетово почна да издава тезги под закуп во централното градско подрачје, откако деновиве спроведе акција за остранување на дивите тезгеџии. Покрај градската библиотека, веќе се поставени шест тезги, а се планира ист број вакви тезги да има и на градскиот плоштад. – Ја поздравуваме ваквата одлука на Општина Тетово. Сега тезгите каде ја продаваме стоката се […]

Објавен огласот за издавање на Автобуска станица – Скопје

јануари 8, 2015

Градот Скопје објави меѓународен јавен оглас за давање под закуп на Автобуска станица –Скопје, која е сместена под Железничката станица (Транспортен центар). Давањето под закуп на автобуската станица ќе се изврши со усно јавно наддавање, кое ќе се одржи во просториите на Град Скопје на 30 март 2015 година, во 10 часот, во бараката број 13. Според условите на […]

Страна 1 од 1