fbpx
Таг: Vstnmr2022ttsv

таг: vstnmr2022ttsv

Контраспин: Наспроти изјавите на Бујар Османи, МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, на 7 март при гостување во ТВ21 се согласи со својот украински колега дека „руската нафта е крвта на  Украина“, додавајќи дека „купувањето руски гас ја финансира руската армија“. Сепак, иако бил информиран за точниот ден на руската инвазија на Украина, министерството со кое раководи тој, само еден ден...

Беџети: Ќе се најде замена на пазари по инвазијата во Украина, но нема алтернатива за загубата на човечки животи

По социјалните мрежи и во дел од медиумите, по инвазијата врз Украина циркулираат инжинеринг вести, кои се прават со одредена намера, да шират магла, вели во интервју за „Вистиномер“ академик Абдулменаф Беџети. Според него, загубите поради руско – украинската криза изразени во финансии се минорни, бидејќи за сè можат да се најдат алтернативни пазари, но алтернатива за загубите во...

Вистиномер: Со ништо не може да се оправда руската инвазија врз Украина

Еден од потешко воочливите начини на влијание, кој станува мошне агресивен од моментот на започнување на инвазијата на Путин врз Украина, е споредувањето, поистоветувањето и оправдувањето на таа војна, се нагласува во новата анализа на „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за правна држава и човекови права Инвазијата на Путин во Украина отвори нов простор...

Вистиномер: Фејсбук објава без контекст шири ксенофобија и поттикнува меѓуетнички тензии

Овој заклучок, за кој е неизвесно како е донесен и за кој нема никаква реална поткрепа со докази, е сензационалистички и претставува најгрубо ширење на ксенофобија и нетолерантност. Објава со ваков наслов има антимигрантска реторика и поттикнува нетрпеливост на етничка и на верска основа. Притоа, во самата објава не пишува апсолутно ништо од тоа што се тврди во насловот,...

Вистиномер: Западот не ја предизвика војната во Украина

Идејата дека САД и НАТО ја поттикнуваат кризата меѓу Русија и Украина секојдневно извира од пропагандната машинерија на Кремљ. Фактите, пак, говорат дека  западните лидери уште во декември минатата година ја повикаа Русија да ги смири тензиите и ветија дека ќе ја поддржат Украина во случај на каква било закана од Москва. Кон крајот на 2021 година, Русија почна...

Вистиномер: Српски актери прикажани како воени херои во војната во Украина

Користењето на српски и југословенски дела наменети за големиот и мал екран е една од пошокантите пропагандни трикови во паралелната битка за Украина. Темата ја отвора „Би-Би-Си“, ја пренесуваат српски медиуми, а потоа и домашните медиуми, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Како што јавува наш извор на вести, на пропагандата во војната која се води...

Вистиномер: Нема докази дека загинала првата жена борбен пилот во Украина

Ниту украинската војска ниту официјалните органи на Украина немаат споменато ништо за смрт на жена пилот. Официјалните медиуми, исто така, немаат споменато дека загинала првата жена борбен пилот во Украина. Нашата проверка покажа дека на фотографиите, кои се споделени со оваа непотврдена информација, се две девојки кои не се борбени пилоти. Едната е Олга Петровна, воено лице во украинската армија,...

Вистиномер: Со снимка од видеоигра се портретира ,,Духот на Киев”

Видеото споделено во постот што го рецензираме не е од „мистериозен пилот“, туку претставува секвенца од видеоигра „Digital Combat Simulator World“. Портпаролог на компанијата издавач за „Ројтерс“ потврди дека материјалот е навистина од видеоиграта, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е споделена вест за „Духот на Киев“. „Духот на Киев“ е непознато...

Вистиномер: Жртва на руските напади врз Украина, лажно обвинета дека е „уметница од трансатлантскиот печат”

Не е вистина тврдењето во постот дека насловната страница на „Де Морген“ е лажна. Не е точно дека станува збор за лажна вест, лажна фотографија и лажни „уметници“ од трансатлантскиот печат. Станува збор за реални фотографии направени истиот ден кога Русија ја почна инвазијата над Украина и кога беше погодена резидентна зграда во Украина каде што наставничката била жител....

Вистиномер: Виралното видео прикажува руски војник кој се збогува со ќеркичката, а не украински

На емотивната снимка од војник кој се збогува од ќеркичката, што се прошири на социјалните мрежи, а потоа ја презедоа и голем број медиуми, нема украински, туку руски војник, а видеото е направено пред нападот на Русија врз Украина, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Во моменти кога домашните и светските медиуми се преплавени со вести од нападот на...

Вистиномер: Не е точно дека граѓаните панично ги повлекуваат депозитите од македонските банки

Од Народна банка за „Вистиномер“ изјавија дека „не се точни информациите дека деновиве се случуваат панични повлекувања на депозити од банките“ и нагласуваат дека „солвентноста на македонските банки,  во никој случај не е доведена во прашање“. Во однос на инфлацијата, од  Народна банка велат дека истата е над првичните проекции и изнесува 6,7 отсто во јануари. Но, оттаму напоменуват...

Вистиномер: Во Украина нема лаборатории за биолошко оружје управувани од САД

Тврдењето дека САД водат тајни биолаборатории во Украина е конспирациска теорија што ја шират руските пропагандисти уште од 2018 година. Објавите погрешно го толкуваат Договорот меѓу САД и Украина од 2005 година, чија цел е да се спречат биолошките закани, а не да се создаваат. Според Службата за безбедност на Украина, лабораториите за коишто се говори на социјалните мрежи...

Вистиномер: Не е точно дека екс украинската мисица се вклучува во борбите во Украина

Поранешната мис на Украина, Анастасија Лена на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира со автоматска пушка, но тоа не значи дека таа  се приклучила на украинската армија. Анастасија Лена објавила фотографии на својот инстаграм профил само за да ги инспирира своите сонародници. „Јас не сум војник, само жена, само обичен човек како и сите луѓе во мојата...

Порталб: Со еднострани факти на граѓаните им се сугерира да бидат за руската агресија во Украина

Свесно или несвесно, одредени лица или медиуми на социјалните мрежи индиректно шират проруска пропаганда за актуелниот руско-украински конфликт. Со неприкажување на сите факти, јазикот на омраза кон Украина се шири со тврдења дека Украина во текот на годините 1998/99 година праќала платеници да го убиваат албанскиот народ на Косово, го поддржувала бомбардирањето на Албанците во Македонија во 2001 година...

Контраспин: Русија не беше приморана да ја нападне Украина за да се одбрани

Уште на самиот почеток од својата колумна во дневниот весник „Нова Македонија“, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин посочува дека Русија се залага за брз прекин на борбените дејства и изнаоѓање решение преку дипломатијата, на преговарачка маса. И рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати изјавуваше дека Русија е подготвена за дипломатско решение на ситуацијата со Украина. Но, на терен...

Контраспин: Никој не му дал право на Бачев да зборува во име на македонскиот народ за конфликтот во 2001 година

Дента кога Русија ја започна воената агресија против Украина со цел да ја окупира, порталот Индекс, кој делува во Северна Македонија објави два видео-инсерти од интервју со лидерот на проруската партија во земјава „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, во кое тој во име на македонскиот народ се заканува „Албанските политичари да не си играат со оган“. Всушност, Бачев може да...

Вистиномер: Видео од телевизиска серија е злоупотребено против украинскиот претседател Зеленски

Видеото, кое е споделено и за кое се вели дека е од претседателска кампања на Зеленски, е, всушност, од телевизиска серија во која тој бил глумец, четири години пред да стане претседател. Видеото нема поврзаност со реалноста на политичките избори во Украина за претседател и истото не било користено во претседателската кампања, пишува Вистиномер.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен...

Вистиномер: Видео дезинформира дека припадници на Азов баталјонот палат руски војници на крст

Нема докази дека војници од Азов палат руски војници живи на крст, а видеото кое кружи на Интернет е старо седум години и не е поврзано со руската инвазија на Украина, пишува Вистиномер.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува текст од портал, со наслов: „Фашистите од украински Азов ги палат руските војници живи на крст, и...

Приказната на Путин со неговата мајка можеби е целосно измислена од него

Должност на новинарите е да ги информираат читателите врз основа на факти и да ја претстават целосната слика за некоја вест, а не само деловите што го претставуваат убаво и будат некакви емоции за одреден политичар. Во „InfoShqip“ е објавена приказна за рускиот претседател Владимир Путин, која е најверојатно измислена од самиот Путин. Ова го велат експертите за комуникации...

Руската амбасада во Скопје со закана дека „евидентираат“ неистомисленици, етикетирани како „русофоби“

Руската амбасада во Скопје е единствена од регионот на Балканот која преку Твитер го пренела и превела „предупредувањето“ од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за зголемено ниво на „русофобија“ со напомена дека „сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“. Наспроти тоа што државните институции на Руската Федерација на своите граѓани им имаат ограничено или забрането пристап до социјалните мрежи...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...