fbpx

Контраспин: Никој не му дал право на Бачев да зборува во име на македонскиот народ за конфликтот во 2001 година

-

Дента кога Русија ја започна воената агресија против Украина со цел да ја окупира, порталот Индекс, кој делува во Северна Македонија објави два видео-инсерти од интервју со лидерот на проруската партија во земјава „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, во кое тој во име на македонскиот народ се заканува „Албанските политичари да не си играат со оган“. Всушност, Бачев може да зборува само во свое име и/или на партијата што ја претставува, бидејќи граѓаните на Северна Македонија не му дадоа доверба да ги застапува со анти-западната платформа што ја промовира веќе 20 години, пишува Порталб.мк.

Додека западниот свет беше потресен од руската агресија врз Украина, порталот Индекс дистрибуира видео инсерти каде Бачев зборува за конфликтот од 2001 година и поттикнува омраза меѓу Албанците и Македонците.

Спин: Им порачувам на албанските политичари да не си играат со оган, бидејќи тоа не е добро. Треба да живееме заедно како сограѓани и не е добро да се поттикнуваат вакви изјави бидејќи овој пат, не дај Боже да се повтори конфликтот, тие албански радикали ќе треба да се пресметаат со македонскиот народ бидејќи сите знаеме дека во 2001 година, формациите на ОВК го направија тоа што го направија искористувајќи ги предавствата што се случија на чело на нашата држава, а не дека македонските безбедносни сили не можеа да ги уништат во 2001 година. На почетокот имаше 700 или 800 лица кои го придружуваа Али Ахмети во планина, државните безбедносни органи знаеја сè, практично можеа да ги уништат во тоа време, меѓутоа длабоката политичка поделеност во македонскиот табор беше искористена, затоа не би сакал да повториме такво нешто и да им се вратиме на старите сништа за враќање на таквата состојба.

Контраспин: Речникот со мафијашки закани на Бачев е спин кој служи за подгревање меѓуетнички тензии во време кога поради кризата во Украина се поставуваат прашања дали истата може да се прошири и на регионот на Западен Балкан, кој отсекогаш бил цел на руската пропаганда поради мултиетничката структура.

Бачев ниту е компетентен, ниту некој му дал доверба или право да зборува во име на македонското население кое демократски ги легитимира неговите политички претставници.

Нема докази за сторено, како што вели Бачев, предавство на чело на државата. Прекинот на вооружениот конфликт не беше „предавство“, туку чин на мир меѓу двете најголеми заедници, македонската и албанската, кои со посредство и помош на меѓународната заедница го потпишаа Охридскиот договор, кој и денес служи за одржување на мирот, стабилноста и мултиетничкиот карактер на нашата држава.

Бачев, според биографијата што самиот ја има објавено во веб-страница на партијата „Обединета Македонија“ од 1994 до 2010 година служел во Службата за државна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во неговата биографија, напишана во прво лице, тој никаде не спомнува дека за време на конфликтот во 2001 година служел на некоја висока и одлучувачка позиција во врска со конфликтот.

Бачев, за време на руската агресија, на Фејсбук објавува написи полни со дезинформации за конфликтот во Украина. И не е чудно што Бачев е претседател на партијата „Единствена Македонија“ која во својот статут предвидува интеграција на Македонија во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија.

Наративот на Бачев за конфликтот во 2001 година е идентичен со оној на неговиот „идеолошки татко“, Владимир Путин, од кого очигледно го зел моделот за јавно да се заканува и да поттикнува омраза меѓу народите.

Оваа изјава доаѓа во време кога целиот западен свет повикува на мир и прекин на непријателствата, освен руските провладини медиуми, кои целосно ја поддржуваат и оправдуваат агресијата врз независната и суверена држава Украина.

Цело време, во текот на руската агресија, Бачев на Фејсбук дистрибуира објави полни со дезинформации за Украина.

Руски наративи кон Западен Балкан

Студијата со наслов „Руски наративи кон Западен Балкан“ објавена од Центарот на НАТО за стратешки комуникации (СТРАТКОМ) идентификува неколку руски наративи во медиумите од Западен Балкан. Истражувањето се заснова на медиумски извештаи во 2018 година, цитирајќи го српското издание на руската државна новинска агенција „Спутник“. Веб-страницата „Спутник“ која е спонзорирана од Кремљ, е позната како еден од главните канали на руското влијание на Западен Балкан.

Наратив: Западен Балкан е арена на конфликт на интереси меѓу Истокот и Западот

Ова е најчестиот наратив што се користи во сите шест земји. ЕУ и НАТО се сметаат за клучни претставници на Западот и се перципирани како колективно влијание во регионот. Во дел од публикациите на „Спутник“ Србија, во кои се забележува овој наратив, а кои се однесуваат на Северна Македонија, се тврди дека референдумот за промена на името бил диктиран од Западот. Потоа, „Спутник“ Србија го претставува референдумот како неважечки поради слабата излезност и открива дека тоа покажало дека мислењето на Македонците има мала тежина во резултатот и дека е пример како Западот се меша во внатрешните работи на другите земји. А пак, Русија се претставува како бранител на правото на македонскиот народ да донесе самостојна одлука за новото име на својата држава.

„Западен Балкан е нестабилен“

Наративот дека регионот е „нестабилен“ и има „висок потенцијал за конфликт“, исто така ги користи етничките тензии во регионот за да го зајакне впечатокот за несигурност и кревок мир. Така се објавени текстови со наслов „Два куршуми не делат од нестабилноста“ или „На Балканот се отвора вратата на пеколот“. Овој наратив се фокусира на нерешените гранични спорови и лошите односи меѓу соседите.

Конкретно во Северна Македонија, двата најкористени наративи се наоѓаат во истражувањето се „Западен Балкан е нестабилен“ и „Земјите од Западен Балкан се слаби, неспособни и корумпирани“. Најшироко користен наратив е дека „ЕУ е хегемонист“.

Нај користени под – наративи во Северна Македонија се „Создавањето на Голема Албанија“, „Не толеранцијата меѓу опозициските партии“, „Северна Македонија е заробена држава“, „Северна Македонија е криминална држава“, „Референдумот за промена на името е неважечки“, „Русија е традиционален пријател на Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...