fbpx
Таг: војна

таг: војна

Ковачевски: Сајбер нападите изминатава година се поврзани со војната во Украина, Северна Македонија не е единствена цел

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за државната агенција МИА, за време на Минхенската безбедносна конференција, меѓу другото, зборуваше и за сајбер нападите со кои се соочуваме изминатиот период. На прашањето дали постои взаемна поврзаност меѓу сајбер нападите, дојавите за бомби, како и нивна евентуална поврзаност со војната во Украина, премиерот одговори: „Апсолутно се поврзани со војната којашто се води во...

Западот не ги завел Русија и Украина да војуваат за нивна пропаст, туку Украина се брани од руската агресија

Украина и Русија не се „заведени од Западот да војуваат за нивна пропаст”, како што се тврди во постот, туку Украина, како суверена држава, признаена и членка на ОН е жртва на агресија од својот сосед Русија која официјално анектира нејзина територија. Украина војува да се ослободи, односно ја брани својата независност, а Русија војува за да приграби што...

Не е точно дека Украина регрутира 17-годишни деца и дека ја намалила границата на 16 години

Нема никакви докази за тврдењата оти Украина испраќа деца на воениот фронт да се борат против Русите. Ваквите тврдења се произволни и неосновани. Законот за воена служба на Украина забранува регрутација на лица под 18 години. Членот 15 од Законот за воена служба на Украина вели дека единствените лица на кои ова се однесува се „Украинските граѓани чиј пол е...

Петте најупотребувани дезинформациски наративи околу Украина ја извртуваат сликата за „жртвата и агресорот“

Пред неколку дена во Брисел беше објавен Првиот извештај за манипулација со странски информации и закани од мешање од страна на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАS), во кој за периодот октомври-декември 2022 г. биле идентификувани 100 такви инциденти, при што најголемиот дел доаѓале од Русија, а потоа помал дел и од Кина. Во него се групирани и петте...

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не дозволуваат напад на Русија врз Украина

Текстот на Повелбата на ОН содржи сосема спротивни принципи од она што се тврди во објавата на Фејбук. Не е точно дека Русија може да ја нападне Украина и дека само треба да ги извести победничките сили од Втората светска војна за таквиот чекор. Оваа дезинформација не потекнува од С. Македонија, туку претходно се споделувала и ширела во други...

Не е точно дека Германија ја води „својата трета светска војна“ против Русија

Германија не е страна во војната којашто Русија ја започна со Украина. Тоа го потврдува интернационалното право – да се стане страна во воениот конфликт бара формална декларација за војна или директно учество во специфични борбени операции. Од германската амбасада во Москва се децидни дека „помагањето на Украина да го одржи правото на самоодбрана против руската нелегална војна и агресија...

Не е точно дека западните медиуми повикуваат на геноцид на сите Руси

Овој пост е со пропуштен контекст. Точно е дека Меланија Подолијак го напишала твитот, но подоцна тој е отстранет поради злоупотреба на правилата на Твитер. Наспроти изнесеното во постот, нејзините ставови на Твитер не се поврзани со нејзините гостувања во западните медиуми. Прво, тие гостувања биле неколку месеци пред објавениот твит и второ, гостувањата се однесуваат на нејзините ставови...

Путин ја обнови главната дезинформациска мантра – војната ја почнала Украина, а Русија војува за мир

Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на два одвоени настана во Санкт Петерсбург, ја обнови главната дезинформација што ја шири Москва како оправдување за нејзината агресија врз Украина што започна на 24.02.2022 година: за војната се виновни Украинците затоа што од превратот во 2014 година трае геноцидот врз руското население во Донбас, па на Русија не ѝ остана ништо друго...

Русите продолжија со гранатирања, досега загубиле повеќе од 120.000 војници

Руските напади врз населени места во Украина продолжија и во изминатово деноноќие, со артилериски оган. Во меѓувреме, според Генералштабот на украинските вооружени сили, загубите на персонал на руските сили досега изнесува 120.160, од кои 860 биле убиени во изминатото деноноќие. Во регионот Запорижја, во текот на изминатово деноноќие, руските агресорски сили гранатирале повеќе од 20 население места, известува украинската новинска...

Нема никакви докази дека Украина сака да ја вовлече Белорусија во војна

Белорусија која е клучен сојузник на Русија, повика Киев да спроведе целосна истрага откако ракетата С 300, се приближи до нејзината граница. Според Кирил Казанцев, офицер од белоруската одбрана,се разгледуваат две сценарија – првото е ненамерно, случајно лансирање од страна на Украина, а второто е намерна провокација од страна на украинските воени сили. Министерството за одбрана на Украина соопшти...

Постот произволно тврди дека Русите го враќаат Харкив, а Украинците ги напуштаат позициите

Постот има ударна и драматична најава, но не нуди потврдени и издржани информации. Кога е војна во прашање, добро е да се земаат предвид официјални информации и извори. Тоа во случајов го немаме. Ситуацијата на терен, од официјалните извештаи во медиумите, покажува Украинците не се повлекле од Харкив. Тоа го сториле Русите на почетокот на септември, но овој град...

Русија изврши уште еден голем напад врз Украина, парни локомотиви во функција поради недостиг на струја

Украинските власти јавија за експлозии во најмалку три градови во земјата, објаснувајќи дека руските агресорски сили почнале голем ракетен напад на енергетски постројки и на инфраструктура, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“ (АП). Поради недостиг на струја, на шините сообраќаат и парни локомотиви, за возовите да продолжат да сообраќаат. Според објавеното на социјалните мрежи, експлозии имало во главниот град Кијив, во...

Не е сеедно кој ја дава наградата

Некритичкиот однос на индивидуи, институции и невладини организации кон доделувањето разни награди поврзани со Руската Федерација, на што се надодава и посебно неаналитичкиот, па дури и дезинформациски пристап на медиумите при споделувањето на информациите за истите, може да има долготрајни и многу сериозни последици врз перцепцијата на граѓаните на руската агресија врз Украина, меѓутоа и многу погенерално, на вредносните...

Најбројните дезинформации сè уште врзани за Украина и ковид вакцините

Херсон и повлекувањето на руските сили, беше главна тема за дезинформации или наративи на дезинформациите во ноември поврзани со војната во Украина. Целта беше да се прикаже повлекувањето од Херсон како хумана оперативно-тактичка операција на Москва, со цел да се спасат животите на цивилите и на руските војници, со дополнување на наративот, дека вистинската операција за пораз на Киев,...

Тенденциозно се обвинува Украина дека сака да предизвика трета светска војна

Во постот што го рецензираме односно во насловот на текстот што е споделен, а кој се повикува на агенцијата Ројтерс, се пропушта контекстот кога се вели дека „Украина на секој начин се обидува да почне трета светска војна“. Во оригиналниот напис на Ројтерс каде е пренесена изјавата на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј...

Ковачевски: Најголемиот удар врз пазарот на електрична енергија дојде по војната во Украина

Најголемиот удар врз стабилноста на пазарот на електрична енергија дојде по војната која Русија ја започна во Украина, рече премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа" во рамки на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ). Според него, поради тоа дојде до недостаток на енергенси во Европа, особено на природен гас од кој зависи и цената на струјата и...

БРИКС – уште едно пропагандно оружје на Кремљ во војната со Украина

Со почетокот на војната во Украина, она што можеше да се забележи како дел од пропагандата, а со тоа и со пласирањето на дезинформации од страна на Москва, беше нагласеното инсистирање фокусот на меѓународната јавност да се сврти на БРИКС. Ова за Русија стана исклучително важно откако ги почувствува сите сериозни последици и ризици од економските и политичките санкции...

Фејсбук објава манипулира дека Украина е „топовско месо“ во војната со Русија

САД и западните сојузници во многу наврати покажале дека одлуките за иднината на Украина се во рацете на Украина и нејзините институции. Уште повеќе, многупати е повторена изреката „ништо за и околу Украина без Украина“ и тоа дури и од претседателот Џо Бајден. Ваквото однесување на САД покажува дека Украина не е „топовско месо“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Словачки пратеници не истураат вода врз украинското знаме оти им „дошло преку глава рекламирањето на Украина“

Со споделувањето на видео материјалот јавноста се доведува во заблуда дека настанот се случил неодамна, односно по инвазијата на Русија врз Украина и дека Словачка ѝ откажува поддршка на Украина. Видеото е снимено на 8 февруари годинава, пред да почне инвазијата и тоа за време на вжештена парламентарна сесија на која се дискутираше за договор за одбрана со САД....

Дезинформациите како оружје во војната за енергенси

Секоја војна се води на повеќе фронтови. Во однос на војната во Украина, најстрашна е онаа што се одвива на теренот каде што секојдневно се губат животи, се уништуваат цивилни објекти, а трагедијата и бесмисленоста на војната секој ден остава длабоки лузни во душата на луѓето. Војна се води и на полето на дипломатијата, но она што за првпат...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...