Нема никакви докази дека Украина сака да ја вовлече Белорусија во војна

-

Белорусија која е клучен сојузник на Русија, повика Киев да спроведе целосна истрага откако ракетата С 300, се приближи до нејзината граница. Според Кирил Казанцев, офицер од белоруската одбрана,се разгледуваат две сценарија – првото е ненамерно, случајно лансирање од страна на Украина, а второто е намерна провокација од страна на украинските воени сили. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека е подготвено да повика експерти од земји кои не ја поддржуваат „терористичка Русија“ за да помогнат да се истражи инцидентот. Од украинското Министерство за одбрана не ја исклучуваат можноста за намерна провокација во која Москва лансирала свој проектил на патека каде што би бил пресретнат врз белоруска територија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува информација со наслов: „Најнова вест украинска ракета падна во Белорусија“. Во самиот пост се вели:

Во руската област Белгород од почетокот на војната, цело време има инциденти со украинските диверзанти воени сили. За прв пат вчера беше елиминирана украинска диверзантска група во Брјанска област (видео на телеграм каналот), што е на самото тромеѓе помеѓу Украина, Русија и Белорусија. Сега и ова сценарио со украинска ракети. Зеленски се обиде Полска директно да ја вмеша во војната во Украина, не успеа, ама затоа сега пробува Белорусија.

Нема докази дека Украина се обидува да ја вовлече Белорусија во војна. Украинскиот портпарол на војската изјави дека инцидентот е резултат на воздушна одбрана. Белорусија која е клучен сојузник на Русија, повика Киев да спроведе целосна истрага откако ракетата С 300, се приближи до нејзината граница. Кирил Казанцев, офицер од белоруската одбрана, според Би Би Си, изјавил дека се разгледуваат две сценарија:

Првото сценарио е ненамерно, случајно лансирање од страна на Украина поради ниското ниво на тренинг на војската или нефункционалност на ракетата. Второто е намерна провокација од страна на украинските воени сили.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека е подготвено да повика експерти од земји кои не ја поддржуваат „терористичка Русија“ за да помогнат да се истражи инцидентот, додавајќи дека  „го задржува безусловното право на одбрана и заштита на своето небо“. Од украинското Министерство за одбрана не ја исклучуваат можноста за намерна провокација во која Москва лансирала свој проектил на патека каде што би бил пресретнат врз белоруска територија.
Како што пренесе Би Би Си, Белорусија соопшти дека проектилот паднал во близина на селото Харбача во регионот Брест, на околу 15 километри (девет милји) од границата со Украина, а сведок за Радио Слободна Европа изјавил дека прозорците се треселе и куќите вибрирале за време на инцидентот.

Воениот комесар на регионот Брест, Олег Коновалов по инцидентот истакнал дека нема простор за паника.

Ситуацијата е слична со онаа што се случи неодамна на територијата на Полска. Граѓаните не треба апсолутно за ништо да стравуваат, рече воениот комесар на Брест регионот, пренесува Еуроњуз.

Си Би Ес пишува дека има стравување дека Белорусија може да бара контекст за да се вклучи во руската агресија против Украина:

Повеќе региони во Украина, вклучително и главниот град, се соочија со масивен атак од руски ракети во четвртокот, што претставуваше најголемиот бран на напади во последните недели, а целта беше националната инфраструктура. Русија истрела експлозивни дронови во повеќе региони во текот на ноќта, пред да го прошири баражот со „воздушни и морски крстосувачки ракети лансирани од стратешки авиони и бродови, утрото, соопшти украинското воздухопловство.

Москва лансира такви напади на неделна база од октовмри. После таква серија напади, украинската војска објави дека пресретнала руски ракети и експлозивни дронови, но сепак, дел од нив ја достигнале целта, оштетувајќи инсфраструктура и придонесувајќи за страдањето на популацијата на ниските температури, бидејќи станува збор за инфраструктура поврзана со електрична енергија и снабдување со вода.

Според Политико падот на ракетата во Белорусија се случил за време на масивен руски напад против Украина во кој биле истрелани 69 ракети кои предизвикале смртни случаи и недостиг на електрична енергија во земјата. Украинската одбрана пресретнала 54 од нив.

Украинското министерство за одбрана се сомнева на провокација од Москва.

Украина продолжува да се спротиставува на рускиот варваризам и агресија, остварувајќи го своето безусловно право на самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на ОН. Што се однесува до изјавите на белоруска страна, украинската страна е свесна за очајните и упорни напори на Кремљ да ја вклучи Белорусија во нејзината агресивна војна против Украина. Во таа насока украинската страна не исклучува намерна провокација од страна на терористичката држава Русија која постави таква рута на своите крстосувачки ракети со цел да предизвика нивно пресретнување во воздушниот простор над територијата на Белорусија, пишува во соопштението  на Министерството  за одбрана на Украина

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека нема докази дека Украина сака да ја вовлече Белорусија во војна.

hubmk

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...