fbpx
Таг: увид

таг: увид

МВР: Нема обдукција врз телото на Софески

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на поранашниот воен разузнавач, Горан Софески (44) нема да се врши обдукција, информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај ова, во информацијата во полицискиот билтен, пишува дека телото на Софески било најдено вчера (23 ноември), во 8.35 часот кај местото Бела вода, во атарот на кичевското село Раштани. „Смртта е констатирана од Итната...

Повторно оштетен верски објект во Крива Паланка

Вчера, на улицата 11 Октомври во Крива Паланка, во објект за вршење верски обреди, непознат сторител оштетил едно од прозорските стакла, соопшти полицијата. Оттаму информираат дека екипа од полициската станица во Крива Паланка, извршила увид на местото и работи на целосно расчистување на случајот. Пред десетина дена, поточно на 6 ноември, по протестот против градење џамија во Крива Паланка и „исламизација...

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), кој се движел пеш. Тој со...

Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

Седумдесет и тригодишен жител на селото Ропотово го загубил животот, а уште три лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод - Самоков, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „лада рива“, што го управувал починатиот Драгомир С., и возило...

Оштетени 12 експонати во археолошкиот локалитет Баргала

Вчера од Заводот за заштита на споменици - Музеј Штип во полиција било пријавено дека на археолошкиот локалитет Баргала, непознат сторител оштетил 12 керамички садови кои биле поставени како експонати. Екипа на Секторот за внатрешни работи Штип извршила увид на местото и работи на откривање на сторителот и на расчистување на случајот.

Мртво новороденче пронајдено во тоалет во тетовската болница

Синоќа, околу 22 часот, дежурен лекар во тетовската болница пријавил дека во тоалетот на интерното одделение пронашол мртво новородено бебе, покриено со пелени, информира полицијата. Јавен обвинител, екипа на тетовската полиција и доктор по судска медицина извршиле увид на местото, а телото на бебето било однесено на одделот за судска медицина. Од полицијата информираат дека по извршениот разговор со дежурните лекари...

Маж и жена пронајдени мртви во мотел во Битола

Триесет и тригодишен маж и 27-годишна жена вчера попладне биле најдени мртви во мотел во центарот на Битола, јавуваат медиумите. Информацијата за смртта на двете лица ја потврдиле од битолската полицијата, пишува весникот „Вест“. Како што пренесува весникот, настанот во полицијата го пријавил персоналот во мотелот, откако двајцата гости подолго време не излегувале од собата, која ја изнајмиле пред неколку дена. Лекар...

Работник загинал по пад од четири метри височина

Педесет и деветгодишен работник вчера попладне го загубил животот додека изведувал градежни работи на објект во Каварадци, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Тоде Т. (59) од селото Конопиште, кој паднал од височина од четири метри и починал на самото место. Екипа на кавадаречката полиција извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот...

76-годишен пешак загина на крстосница во Скопје

Седумдесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна незгода што утрово, околу 6.20 часот, се случила на крстосницата на улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, Благоја Н. (76), кој се движел пеш, настрадал откако во него удрило возило, марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Ј. Од сериозноста на повредите, пешакот...

Работник починал на градилиште во Скопје

Градежен работник денеска, околу пладне, починал на градилиште на улицата Филип Втори во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврдија од Секторот за внатрешни работи Скопје, од каде велат дека станува збор за работникот Д.Д., кој бил на 48-годишна возраст. Според полицијата, на работникот, од засега непознати причини, му се слошило и по кратко време починал. Полициска екипа извршила увид на местото,...

Возач загина во сообраќајка на патот Кичево – Демир Хисар

Четириесет и двегодишен возач го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово, околу 7 часот, се случила на регионалниот пат Кичево - Демир Хисар, кај местото Зли дол, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во сообраќајката учествувале камiон влекач со полуприколка, со битолски регистарски ознаки, и комби, марка „цитроен џамбо“, со прилепски регистарски ознаки. Во незгодата на самото место починал возачот...

Во тетовско Групчин, пронајден мртов 16-годишник со рана од куршум во градите

Четириесет и четиригодишен жител на тетовското село Групчин, вчеравечер пријавил во полиција дека на нива во местото Чешма, кое се наоѓа над селото, го пронашол починат својот 16-годишен син, со една влезна рана од куршум во левиот дел на градите, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Кратко по пријавувањето на случајот, јавен обвинител, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар...

Куршум оштетил фасада на станбена зграда во Скопје

Вчера попладне, на улицата Тодор Александров во Скопје, била оштетена фасада на вториот кат од станбена зграда, најверојанто од истрелан куршум, информираат од полицијата. Како што додаваат оттаму, во случајот нема повредени лица, а екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.

Скопјанец се удавил во езерото Треска

Педесет и деветгодишен скопјанец вчера попладне се удавил во езерото Треска, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчера околу 12.45 часот, во скопската полиција било пријавено дека во водите на езерото Треска се удавило непознато машко лице. Полициските екипи кои излегле на терен и извршиле увид, го идентификувале удавеното лице, односно утврдиле дека станува збор за Уран С.(59) од Скопје. По наредба...

20-годишен охриѓанец загина во сообраќајка кај Лагадин

Дваесетгодишен охриѓанец го загубил животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, кај населбата Лагадин. Според полициските информации, сообраќајката се случила околу 15 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „форд мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од П.П. (30) од селото Косел и моторцикл „хонда“, што го управувал Б.С. (17), кому сопатник...

Запалено возило на скопјанец

Непознат сторител, вчераутро, со запалива течност предизвикал пожар на возило, марка „хонда“, сопственост на скопјанецот М.С. (32). Според полицијата, возилото, кое било паркирано на улицата 1010, било запалено околу 2.10 часот. Пожарот го изгасила екипа на скопската противпожарна бригада, а тим на Секторот за внатрешни работи Скопје извршил увид на местото и работи на откривање на сторителот и на расчистување...

Работник загинал во фабриката „Кемет електрoник“ во Бунарџик

Дваесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот додека се обидувал да острани дефект на работна машина во фабриката за кондензатори „Кемет електроник Македонија“, во кругот на индустриската зона „Бунарџик“, соопшти полицијата. Несреќата се случила вчера околу 11 часот, кога работната машина на која работел починатиот Даниел Т. паднала врз него. Од здобиените повреди тој починал на самото место. Екипа на СВР...

Опожарени три возила во населбата Ѓорче Петров

Утрово, околу 5.15 часот, во полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на улицата Апостол Петков, од засега непознати причини биле опожарени три автомобили. Како што информираат од полицијата, две од возилата, марка „фолксваген пасат“ се сопственост на Ф.Т., додека на другото, марка „кадилак“, сопственик е Е.М. Пожарот го изгаснала екипа на противпожарната бригада, а екипа на Секторот за внатрешни...

Возач загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Четириесет и тригодишен жител на селото Издеглавје го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид - Кичево. Како што информираат од полицијата, Лазо Н.(43), кој управувал автомобил, марка „застава 101“, во еден момент изгубил контрола над возилото и првин преминал на левата страна од коловозот, а потоа удрил во бетонски sид од шахта...

Два мотоцикли се судрија кај Клубот на пратеници во Скопје

Необична сообраќајна несреќа предмалку се случи на раскрсницата кај Клубот на пратеници во Скопје. Имено два мотоцикли се судриле на пешачкиот премин, а во несреќата нема повредени. Полицијата врши увид на самото место.

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...