Четириесет и тригодишен жител на селото Издеглавје го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Како што информираат од полицијата, Лазо Н.(43), кој управувал автомобил, марка „застава 101“, во еден момент изгубил контрола над возилото и првин преминал на левата страна од коловозот, а потоа удрил во бетонски sид од шахта за атмосверска вода.

Од сериозните повреди возачот починал на самото место, а смрт констатирала екипа на Итната помош. По овластување на Јавен обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршиле увид на местото на несреќата. По наредба на Јавниот обвинител, денеска ќе се врши обдукција на телото на починатиот и вештачење на возилото.