fbpx
Таг: увид

таг: увид

Обвинителството ги испитува причините за излетувањето на автобусот кај Демир Хисар

Десет лица биле повредени во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи во близина на Демир Хисар, кога автобус со скопски регистарски таблички излета од патот. Од Обвинтелството денеска соопштија дека кај возачот на автобусот лекарите констатирале тешки телесни повреди, а девет патници поминале со полесни повреди. Увид на местото на несреќата извршил надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола. „Надлежниот обвинител...

Двојно убиство во тетовското село Мерово

Двајца браќа, на возраст од 23 и од 25 години, од тетовското село Мерово, утрово околу 7 часот биле смртно застрелани од огнено оружје од засега непознати лица. Според информациите на тетовската полиција, еден од браќата починал на самото место, а другиот им подлегнал на повредите на пат кон Клиничкиот центар во Тетово. Во престрелката што се случила во атарот на селото,...

Јавен обвинител извршил увид на местото на експлозијата пред седиштето на ДУИ

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово утрово извршил увид пред седиштето на Демокрската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица, каде доцна синоќа беше активирана експлозивна направа, соопшти Јавното обвинителство. Во кусото соопштение се вели дека од местото биле подигнати материјални траги и влакна од изгорен фитил, кои се дадени за вештачење. Надлежниот обвинител одзел и цеде од видеонадзорот...

Од денеска почнува увидот во Избирачкиот список

Од денеска жителите на општината Центар ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список. Проверката ќе можат да ја направат со валиден документ за идентификација во барака 1, соба број 10 во Општината Центар. Работното време е од 8.30 до 19 часот. Оние граѓани кои се заведени во Избирачкиот список ќе можат да гласаат на референдумот за изгледот на...

Запален автомобил во населбата Чаир

Утрово околу 2 часот, во полиција било пријавено дека на улицата Вуковарска, во населбата Чаир, бил опожарен автомобил, марка „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И. (49) од Скопје, информира полицијата. Увидна екипа на СВР Скопје извршила увид на местото и како што информираат оттаму, во непосредна близина на возилото биле најдени две пластични шишиња, кои биле предадени...

Запален автомобил во населбата Ченто

Автомобил, марка „форд мондео“, сопственост на скопјанецот И.С. (29), вчераутро бил запален на улицата Сава Михајлов во населбата Ченто, информираат од полицијата. Возилото било опожарено околу 5.20 часот, а по извршениот увид, полицијата утврдила дека пожарот бил подметнат од непознато лице, најверојатно со запалива материја. Полицијата засега нема осомничен и работи на целосно расчистување на случајот.

Делчевец починал по несреќа во својот дом

Седумдесет и тригодишен делчевец вчера утрото бил пронајден мртов во неговиот дом во градот, информираат од полицијата. Станува збор за Славе Д., кој, според полицијата, под дејство на алкохол паднал и со тилот од главата удрил во ѕидот од собата. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и по извршениот увид на местото, телото на починатиот било...

Жена загинала во пожар во струмичко Куклиш

Шеесетгодишна жителка на струмичкото село Куклиш го загубила животот во пожар што синоќа околу 22.30 часот избувнал во куќа во селото, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Еленка З., која починала од труење со чад. Таа спиела во моментот кога избувнал пожарот на долниот кат од куќата, кој целосно изгорел. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош. Пожарот...

Пукано врз жител на струшко Велешта

Триесет и шестгодишен жител на струшкото село Велешта синоќа бил жртва на обид за убиство, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Ранетиот А.С. бил пренесен во струшката болница, каде биле констатирани повеќе прострелни рани, по што врз него била извршена хируршка интервенција која траела неколку часови. Повредениот во моментов се наоѓа во стабилна состојба. Велештанецот, над кој е извршен нападот,...

Девет лица повредени во верижен судир кај клучката Волково

Девет лица се пожалиле на повреди по верижен судир на повеќе возила, кој утрово, околу 8 часот, се случил на обиколницата кај клучката Волково, информираат за „Мета“ од СВР Скопје. Повредените се пренесени на скопските клиники. Засега нема информации за видот и за тежината на повредите со кои се здобиле патниците во судирот, но според првичните сознанија, не станувало збор...

Избеган затвореник стрелал во полициски специјалци

Триесет и четиригодишниот Р.Ј., кој се барал со потерница поради бегство од затвор, вчераутро во Тетово стрелал во припадници на специјалната полициска единица, кои дошле да го уапсат. Во инцидентот нема настрадани, а по пукањето Р.Ј. успеал да побегне и полицијата презема мерки за негово пронаоѓање. Тој побегнал од штипскиот затвор каде што издржувал казна за убиство. Како што информираат од МВР, инцидентот...

МВР: Детонациите во Тетово и во Куманово биле надвор од полициските станици

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен, на својата веб-страница, официјално информираше за експлозиите што синоќа одекнале во близина на полициските станици во Тетово и во Куманово. „На 09 декември 2014 година, во периодот од 20 до 20.30 часот, во СВР Тетово и во СВР Куманово е пријавено дека се слушнале детонации во близина на полициските станици. Полициски службеници излегле на местото...

Експлозиите во Тетово и во Куманово не биле од рачни бомби

Две експлозии одекнале синоќа, една во Тетово, во близина на полициската станица, и една во Куманово, потврдуваат од полицијата. Во експлозиите нема настрадани лица, а е причинета незначителна материјална штета. Според привичните, неофицијлани информации од полицијата, не станува збор за рачни бомби (кашикари), туку за непознати експлозивни направи. За што станува збор ќе покаже вештачењето. Детонацијата во Тетово, според неофицијални информации, одекнала...

Застрелано момче во Велес

Со прострелни рани, тело на 23-годишно момче денеска било пронајдено во непосредна близина на ветеринарната станица во Велес. Случајот во полиција бил пријавен околу 12.30 часот и на местото веднаш заминала увидна екипа од СВР Велес и Јавен обвинител, кои сè уште вршат увид. Според полицијата, телото со прострелни рани било најдено во прикола кај ветеринарната станица, во близина на фабриката „Киро...

Тројно убиство: Осомничениот, вооружен до заби, дошол во Злетово

Четириесетгодишниот професионален војник Д.М. пред да го изврши тројното убиство во Злетово бил на стража и по завршувањето на работните обврски, со комлетна воена опрема, дошол во селото, јавува дописинкот на „Мета“ од Штип. Тој првин се упатил во домот на М.Д. (50), вработен во државниот пазарен инспекторат. Соседите сведочат дека слушнале расправија, по што осомничениот го убил М.Д. Потоа, осомничениот заминал...

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија

Мигрант од Сирија го загубил животот на железничката пруга, во близина на надвозникот кај Демир Капија, соопшти полицијата. Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото и било констатирано дека станува збор за државјанин на Срија на возраст од 25 години. За еден месец, ова е шеста несреќа во која гинат мигранти на железничките пруги во земјата. Во несреќите животите...

Телата на убиените во Злетово биле најдени на две одделни локации

Жртвите на тројното убиство, што утрово се случи во пробиштипското село Злетово, биле најдени на две одделни локации, велат за „Мета“ од МВР. Сè уште трае потрагата по убиецот, многу полициски екипи се во селото и се врши увид. Убиени се двајца мажи и една жена, во кои било стрелано со огнено оружје. Според првичните, неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на...

Во пожар изгоре куќа во Кочани

Пожар вчера избувнал во домот на 59-годишна жителка на Кочани, која во тој момнет била сама во куќата, пренесува „Плусинфо“. Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената, поради чадот кој го вдишувала, била пренесена во медицинскиот центар во Кочани. Денеска, стручни тимови треба да извршат увид во домот на кочанката за да се утврдат причините за пожарот.

Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР. Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал, и официјално ќе се знаат причините за пожарот. Од огнот, како што соопшти командирот на скопската...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...