fbpx

Возач загина во сообраќајка на патот Кичево – Демир Хисар

-

Четириесет и двегодишен возач го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово, околу 7 часот, се случила на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, кај местото Зли дол, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, во сообраќајката учествувале камiон влекач со полуприколка, со битолски регистарски ознаки, и комби, марка „цитроен џамбо“, со прилепски регистарски ознаки.

Во незгодата на самото место починал возачот на комбито, Мендо Г. (42) од селото Воѓани.

Екипа на полициската станица Битола извршила увид на местото и работи на утврдување на околностите и на причините за сообраќајната незгода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....