понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: уцена | 27 резултати

Приведен тетовец – на социјалните мрежи направил лажен профил од малолетничка и ја уценувал за секс

октомври 2, 2024

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово, тетовско. Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку […]

Уценувал девојка со компромитирачки фотографии, го фатиле додека ги земал парите

јуни 27, 2024

Поведена е постапка против 22-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело  – уцена, соопшти Јавното обвинителство. Со намера да добие пари, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно ѝ се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека, доколку не му исплати 300 евра, […]

Затвореник од „Идризово“ со уцена спечалил речиси 15.000 евра

август 10, 2023

Затвореник од казнено-поправната установа „Идризово“ за време на издржување на казната затвор успеал преку упатување на закани и уцени да спечали речиси 15.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Заедно со уште едно лице, тој упатувал закани кон мајка на осуденик од истиот затвор да им исплати пари за да не го нападнат […]

Три години затвор за сопственикот на „Доказ“ и 10 години забрана да отвора портал во земјава

април 4, 2023

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“, Основниот Кривичен суд во Скопје му изрече казна затвор од 3 години и 1 месец, а тој доби забрана од 10 години да регистрира веб-портал во земјава. Со првостепената пресуда, престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени на негово име. Пресудата е неправосилна и тој […]

Марјан Стаменковски од „Доказ“ не чувствува вина, адвокатот очекува ослободителна пресуда

март 10, 2023

На денешното судење против сопственикот на веб-порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, а судењето се одвиваше зад затворени врати, без можност да присуствуваат новинарите, со цел да се заштити приватноста на жртвите. Текстовите кои беа објавувани на „Доказ“ содржеа обвинувања и навреди за двете новинарки, кои подоцна […]

Одложено првото рочиште за сопственикот на Доказ, судењето затворено за јавноста

март 7, 2023

Првото рочиште против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски денеска беше одложено откако неговите адвокати побараа да се изземе скопското обвинителство од постапување по предметот. Адвокатите побараа изземање на сите обвинители од скопското обвинителство, бидејќи тие можеле да се јават како оштетени во постапката. Одбраната на Стаменковски бара по случајот да постапува обвинителство од внатрешноста. […]

Пекарите со уцена: Ќе престанеле да произведуваат леб ако се замрзне неговата цена

февруари 27, 2023

Пекарската индустрија со уцена до владата откако министерот за економија Крешник Бектеши во саботата најави дека владата утре ќе донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. По денешниот состанок на компаниите од пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија тие се заканија дека ќе престанат со производството на […]

Поднесено обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски

февруари 17, 2023

Поднесено е обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, а Јавното обвинителство доставило и предлог за продолжување на притворот на Стаменковски, кој беше приведен на 10 февруари годинава. Обвинителството соопшти дека е поднесен Обвинителен предлог против лицето кое се товари дека преку веб-портал во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела – две кривични дела […]

Преку дезинформации, Кремљ се обидува да ја избегне вината за предизвикување на енергетската криза

ноември 23, 2022

Преку „чад, огледала и гас“, Кремљ се обидува да ја избегне вината за зголемувањето на цените како резултат на енергетската криза. Фразата „чад и огледала“ се однесува на илузија од 19 век што магионичарите ја користеле за да проектираат слика во воздухот. Оттогаш оваа фраза го доби значењето на измама и делузија, пишува Еувсдисинфо, пренесува […]

Јанева: Обврска ми е да комуницирам со осомничени, но не сум тргувала со влијание

август 9, 2019

Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева (во оставка) денеска преку изјава објавена на веб-страницата на СЈО, порача дека имала многу разговори со осомничени, ама никогаш не го прекршила законот. Вели дека имала оправдана причина да му каже „не се секирај за ништо, сè ќе биде ок“ на осомничениот во случајот „Империја“ Јордан […]

Заев: Дали има мнозинство ќе се види на гласањето, но нема поткуп

октомври 9, 2018

Не се нудат пари на пратениците за да гласаат за уставните измени, а најдобрата опција во моментот е Собранието, а не предвремени избори, порача премиерот Зоран Заев пред новинарите денеска. Тој рече дека дали има двотретинско мнозинство за да се направат уставните измени ќе се види дури во процедурата во парламентот, но изрази оптимизам дека […]

Тетовец креирал лажен „Фејсбук“ профил заради уцена

јуни 25, 2018

Тетовец креирал лажен профил на „Фејсбук“ на женско лице од Тетово, објавил компромитирачка фотографија од неа, а потоа ја уценувал да стапи во интимен контакт со неа. Поради тоа, односно поради сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци, СВР Тетово поднело кривчна пријава против 30-годишниот С.Т., кој делото го сторил во април годинава.

„Јадран филм“: Тозија нè уценуваше и бараше поткуп

февруари 2, 2018

Хрватската куќа „Јадран филм“, продуцент на серијата „Македонија“, со која Горјан Тозија в.д. директорот на Агенцијата за филм, го раскина договорот набргу по неговото стапување на функција, го обвини Тозија дека ја уценувал и барал поткуп. Според „Јадран филм“, тоа што на судењето по тужбата за незаконско раскинување на договорот Горјан Тозија не се појавил, […]

Испраќал фотографии од поранешна девојка на нејзини блиски и ја истепал

ноември 17, 2017

Скопјанка на возраст од 41 година вчера во полиција пријавила дека поранешното момче испратило нејзини интимни фотографии на нејзината ќерка и на нејзина пријателка, како и дека дошол на нејзиното работно место и ја удрил со тупаница. Малтретираната жена случајот го пријавила вчера, иако, како што рекла в полиција, подолго време била жртва на гневот […]

Поради уцена притворен државниот секретар за транспорт на Романија

ноември 14, 2017

Обвинителите од Националната антикорупциска управа на Романија, вчера под обвинување за уцена го притворија Нинел Церцел, државен секретар во Министерството за транспорт на Романија. Случајот на антикорупционерите е поврзан со  инцидент од 31 октомври годинава, кога во еден од вагоните на воз натоварен со амониум нитрат избил мал пожар, а Министерството за транспорт и националната […]

Германската полиција испитува осомничен за оставање затруена храна во супермаркетите

септември 30, 2017

Германската полиција испитува осомничен за оставање затруена бебешка храна во супермаркетите, со намера да изнуди 10 милиони евра за себе, јави „Дојче Веле“. Кај Тибинген, јужно од Штутгарт, вчеравечер бил уапсен 55-годишен маж, по дојава од граѓани. Тој е во притвор, соопшти полицијата, која претходно објави фотографија од осомничениот трујач, направена со надзорна камера. Сепак, […]

Почна расправата за Законот за јазиците, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ДУИ го уценува СДСМ

септември 14, 2017

На почетокот на расправата на пленарна седница во Собранието за предлог-законот за употреба на јазиците, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, обвини дека со овој закон ДУИ го уценува СДСМ пред локалните избори закажани за 15 октомври. – Законот за јазици се носи во пресрет на локалните избори и претставува политичка уцена од ДУИ кон СДСМ, со […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е уценета партија, а цената ќе ја плати Македонија

март 1, 2017

„Прифаќањето на платформата од Тирана е класична уцена. СДСМ е уценета партија, но трагедијата е во тоа што цената на крајот ќе ја платат Република Македонија и македонскиот народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Затоа ВМРО-ДПМНЕ му понуди на СДСМ да ја отфрлат уцената и платформата од Тирана и да се откаже од редефинирање на […]

Државниот обвинител на Албанија го обвини амбасадорот на САД во Тирана за уцена

февруари 2, 2017

Државниот обвинител на Албанија, Адријатик Љаља, го обвини амбасадорот на САД во Тирана, Доналд Лу, за „недипломатски напади и уцени“. Обвинението доаѓа откако Лу го обвини Љаља дека ги опструира реформите во правосудството, што е еден од условите за почеток на преговорите за влез на Албанија во ЕУ. Љаља рече дека Лу „го нападнал на […]

Лица од дневен весник уценувале претставник на ДИК

декември 1, 2016

Претставник на ДИК ноќеска, во 00.45 часот во СВР Битола во пријавил кривично дело уцена. Како што соопшти МВР, претставникот на комисијата вчера во 16.33 часот, додека со уште две лица патувал кон Битола, поради надзор за печатење избирачки материјал, добил телефонски повик на својот службен мобилен телефон. Лицето што му се јавило и му се претставило […]

Страна 1 од 2