Ципрас до Заев: Честитки пријателе, ова е важен чекор кон заедничкиот успех


Атина, 19 октомври, 2018 - 23:40 (META) 

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вечерва на својот „Твитер“ профил му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев, за гласањето со двотретинско мнозинство во Собранието за потреба од уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

„Честитки пријателе Зоран Заев! Вечерашното гласање е важен чекор кон нашиот заднички успех. Важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите граѓани“, напиша Ципрас.

Честитка пристигна и од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Еден глас, еден голем чекор поблиску до заземање на местото кое ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница“, Туск порача на својот профил на Твитер со порака напишана на македонски јазик.


Маричиќ: Владиниот предлог за уставни измени – тест за двотретинско мнозинство


Скопје, 8 октомври, 2018 - 16:46 (META) 

Со предлогот за менување на Уставот за имплементација на Преспанскиот договор, единствена точка на денешната итна седница, Владата ќе проверува дали го има потребното двотретинско мбозинство во Собранието.

Ова денес го загатна специјалниот советник на премиерот, Бојан Маричиќ, на дебатата “Стратешко размислување за проширување” што се одржа во Скопје во рамки на Форумот на граѓанско општество „Скопје 2018“.

– Има владина седница за усвојување на документ со предлог и насоки за изменување на Уставот. Владата ќе го иницира процесот, ќе го доведе Собранието во ситуација да расправа и да одлучува за процесот. Тоа прво гласање ќе биде тест, ако има двотретинско мнозинство ќе одиме на уставни измени, односно на прифаќање на четири амандмани. Ако не може да собереме двотретинско мнозинство на првото гласање, решемието ќе се бара во брзи избори – рече Маричиќ во дискусијата, одговорајќи на прашањето “што по референдумот”.


Референдумот за уставните промени во Турција закажан за 16 април


Анкара, 11 февруари, 2017 - 13:28 (META) 

Референдумот за предложените измени на уставот на Турција ќе се одржи на 16 април, оваа година, соопштил денеска Високиот изборен одбор на земјата, јавуваат светските агенции.

Измените на уставот предвидуваат замена на парламентарниот со извршен претседателски систем, каков што бараше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Со нив претседателот ќе добие речиси неограничени овластувања, односно ќе може да донесува декрети, да прогласува вонредна состојба, да поставува и да менува министри и високи државни функционери и да го распушта парламентот.

Исто така, овие промени ќе му овозможат на Ердоган да остане на власт до 2029 година.

За поддржувачите на Ердоган уставните измени претставуваат гарант за стабилност на земјата, додека неговите противници стравуваат дека ова е почеток на воспоставувањето на авторитарен режим во Турција.


Уставните промени за поголема власт на Ердоган одат во турскиот парламент


Анкара, 23 октомври, 2016 - 17:52 (META) 

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска соопшти дека владејачката Партија на правдата и развојот завршила со работата на уставните предлог-промени со кои во државата треба да биде воведена извршна претседателска власт, јавуваат светските агенции.

Јилдирим во говор на затворањето на дводневната партиска конференција во западната покраина Афјон рекол дека партијата е подготвена предлог-законите да ги поднесе во парламентот.

Според критичарите, со новите уставни промени актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе добие преголема моќ во своите раце.

Турскиот премиер на почетокот на оваа недела соопшти дека неговата влада е за тоа да се одржи рефендум во врска со предложените уставни промени независно од тоа дали тие ќе добијат поддршка од парламентот или не.

За промена на турскиот устав потребни се најмалку 367 пратеници од вкупно 550, колку што брои турскиот парламент.

Владејачката Партија на правото и правдата, чиј основач е Ердоган, а чиј актуелен претседател е премиерот Јилдирим, во моментов во парламентот има 317 пратеници.

За уставната реформа да оди на референдум, потребна е поддршката од 330 пратеници.