Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Јанева го побарала „Маѓар телеком“, Oбвинителство не го дава

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од Основното јавно обвинителство Скопје го побарала предметот за случајот „Маѓар телеком“, како и предметите против Зоран Верушевски за незаконско поседување оружје и против неговиот син, кој се товари за производство и за диструбиција на детска порнографија, соопшти Јавното обвинителство. Од Обвинителството реагираат дека со предметите што ги побарала, Јанева ги пречекорила своите законски овластувања,...

Кривичниот совет најдоцна до утре треба да одлучи по жалбите на Јанева

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, најдоцна до утре попладне треба да донесе одлука по жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судијата на претходна постапка кој ги одби барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Како што потврдуваат од судот за „Мета“, вчера пристигнале и жалбите на одлуките на судијата на...

Спасовски: Без сензационализам во постапките

На Република Македонија и на МВР не им се потребни сензационализми, изјави министерот за внатрешни работи во техничката влада Оливер Спасовски, најавувајќи нова практика во МВР на апсења без камери. - Сензацијата е нешто што прави добар „пи-ар“, но прашање е колку има добар ефект. Најдобро е да имаме правилни и темелни истраги, да ги расчистуваме ситуациите и случаите и...

ЛДП: Специјалниот суд е потреба, а не перцепција

За Либерално-демократската партија, формирање на специјален суд, кој ќе ги процесуира обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство, е потреба, а не перцепција. „Како политичка партија, сметаме дека евентуалните „забрани“ во Уставот, може да се избегнат преку формирање на посебно одделение во Кривичниот суд, кое ќе ја има улогата на специјален суд, со сите гаранции и услови за независно, транспарентно и за...

„Титаник“ заплови во лавиринтот на барања, одлуки, жалби и на решенија

Како што се покажа деновиве, Кривичниот суд Скопје 1 до последен детаљ ќе ја води процедурата и ќе го одолговлекува одлучувањето по жалбите на Специјалното јавно обвинителство на решенијата на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Практично, од петокот, по прес-кнференцијата на СЈО, почнаа да течат рокови кои содржат процедура по следнава...

Нема притвор за Јанкулоска и за Божиновски

Судија на претходна постапка го одбил предлогот на Специјалното јавното обвинителство и не им одредил притвор на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, осомничени во акцијата „Титаник“. Јанкулоска, Божиновски и уште две лица вчера беа на распит пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и за корпуција при...

Љубе Бошкоски пет часа сведочеше во СЈО за „Кампања“

Пет часа траеше распитот во Специјалното јавно обвинителство на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, осуден во случајот „Кампања“. Зградата во која се просториите на СЈО, Бошкоски ја напушти со полициска придружба 15 минути по 18 часот, накратко поздравувајќи се со неколкумина свои симпатизери, кои го чекаа пред зградата. Адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев, во изјава за медиумите потврди дека распитот на...

Љубе Бошкоски на распит кај Катица Јанева

Денеска, околу 13 часот, во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на распит е доведен Љубе Бошкоски, осуден во случајот „Кампања“, за незаконско финансирање на партијата Обединети за Македонија. Во моментов Бошкоски е во просториите на СЈО каде трае распитот. Предметот „Кампања“ е еден од случаите што СЈО ги презеде во своја надлежност. Пред десетина дена во СЈО на распит беше повикан и...

Кривичниот суд попладнево треба да се изјасни по жалбите на Јанева

Советот на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, до крајот на денешниот ден треба да донесе одлука по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судиите на претходна постапка кои ги одбија барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Обвинителите на Јанева уште пред истекот на законскиот рок од 24 часа, во саботата попладне, до...

Николовски: Одоговорност за криминалните политики на Груевски мора да има

Членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, и генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаа средби со лозарите од Кавадарци и од Неготино. Како што соопштуваат од партијата, лозарите се пожалиле дека трошоците им стануваат сè поголеми, откупните цени на грозјето се помали од година во година, а исплатата...

Кундерс: Договорот од Пржино целосно да се спроведе и да се поддржи работата на СЈО

Европа го поддржува Договорот од Пржино и тој мора целосно да се спроведе, изјави денеска во Скопје шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски. - Вие подобро од мене знаете колку е важно да се има фер и кредибилни избори, прoчистен список и еднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и...

СЈО: Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје, истрагата продолжува

Специјалното јавно обвинителство завчера преку својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека поднело жалба на одлуката на судот за неодредување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. „Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје. Истрагата продолжува“, стои во објавата на СЈО на „Фејсбук“. Совет на Основниот суд Скопје 1 составен од тројца судии во рок од...

СДСМ: Груевски да одговори за поднесените кривични пријави против неговите соработници

Опозицискиот СДСМ денеска го повика лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, да одговори за поднесените кривични пријави против неговите соработници. „Никола Груевски втор ден молчи и одбегнува да одговори за поднесените кривични пријави против дел од неговите најблиски соработници од ВМРО-ДПМНЕ. Она што го правеле неговите соработници, Никола Груевски добро го знаел. Затоа, нека не се прави Никола Груевски како...

Трајанов: Специјалното јавно обвинителство да се штити со цврсти докази

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, денеска од трибината во Кочани порача дека Специјалното обвинителство мора да работи професионално и своите одлуки да ги поткрепува со цврсти докази. - Специјалното јавно обвинителство да работи професионално, законито и сите одлуки да бидат поткрепени со цврсти докази, како и транспарентно, како силна брана од обидите за негова блокада и дисквалификација – рече...

Што следува по одбиените барања на Јанева за притвор на осомничените во „Титаник“?

Со неприфаќањето на судот на барањата на Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“, почнуваат да течат реалтивно куси законски рокови (од 24, односно 48 часа) за сите страни - за СЈО, за осомничените и за судот. Јанева има рок од 24 часа од донесувањето на решението на судијата на претходна постапка...

Груевски: Судот да не подлегнува на притисоци

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ги повика судските органи да не подлегнуваат на притисоци и да продолжат да работат во согласност со законите. - ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува правосудните органи да не подлегнуваат на никакви притисоци, да работат исклучиво согласно словото на законот и да не дозволат да бидат вовлечени во политичка кампања – рече Груевски, на промоцијата на проектите...

Едмонд Темелко се врати во Пустец

Едмонд Темелко, актуелниот градоначалник на општина Пустец, единствената на етничките Македонци во Република Албанија, се врати во Пустец. Рано утринава тој беше ослободен по вчерашното приведување од македонската полиција во Ресен, откако Основниот суд Скопје 1 го одби барањето за притвор од Специјалното јавно обвинителство. За градоначалникот Темелко е одредена мерка да се јавува еднаш неделно во судот во Ресен, каде...

Судот потврди дека нема притвор за неколкумина осомничени во „Титаник“

Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. Судот донел одлука со која се одбива барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, со иницијали М.П. и К.М. Како што детално информираа од судот, другите...

Манчевски: Не ја коментираме работата на обвинителството и на судот

СДСМ нема да ја коментира работата на обвинителството и на судството, изјави денеска во Прилеп потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, по информациите дека не е определен притвор за осумтемина осомничени за изборни измами, меѓу кои се и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, и поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски. Манчевски ја повтори нивната поддршка...

ЛДП: Итно формирање на специјален суд за случаите на Специјалнотo јавно обвинителство

Либерално-демократската партија денеска побара итно формирање на специјален суд во Република Македонија, заради процесуирање на обвиненијата на Специјалнотo јавно обвинителство. - Предупредуваме дека „сваровски-судството“ и воопшто системот, кој во сите нивоа на судската власт десет години по своја мерка го градеа Груевски и „фамилијата“, може „низ вода“ да ја пуштат работата и трудот на специјалните обвинители во предметот „Титаник“. Укажуваме на потребата...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...