fbpx

ЛДП: Специјалниот суд е потреба, а не перцепција

-

За Либерално-демократската партија, формирање на специјален суд, кој ќе ги процесуира обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство, е потреба, а не перцепција.

„Како политичка партија, сметаме дека евентуалните „забрани“ во Уставот, може да се избегнат преку формирање на посебно одделение во Кривичниот суд, кое ќе ја има улогата на специјален суд, со сите гаранции и услови за независно, транспарентно и за законито судење. Суд со кредибилни судии, кои ќе се раководат од правото и од правдата. Јавноста не им верува на „сваровски-судиите“ и на нивните соучесници, кои сакаат да го помилуваат политичкиот криминал и да ја девалвираат волјата на народот“, велат од ЛДП.

Од партијата му порачуваат на претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, внимателно да го прочита извештајот на Прибе ако не му е јасно кој врши влијание врз судството.

„Впрочем, и самиот Ушковски е дел од опозициските „бомби“, во кои беше посочено дека е партиски избран без да ги исполнува ниту основните критериуми за функцијата. Оттаму, сметаме дека човек со ваков кредибилитет беспредметно е да зборува за Устав и за законитост, а уште помалку за „презумција на невиност“. Најмалку што можеме да очекуваме од Ушковски, по сето ова, е да си поднесе оставка“, додаваат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...