сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ревитализација | 10 резултати

Владата обезбеди 80 милиони денари за ревитализација на Преспанското Езеро

декември 20, 2020

Владата ја подготви одлуката за определување на финансиски средства за општина Ресен во висина од 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за чистење на површините на Преспанското Езеро каде што водата е повлечена, особено во делот кај некои од плажите, изјави премиерот Зоран Заев, на денешната посета на преспанскиот регион и обиколка околу Преспанското […]

Културно ехо ќе одржи конференција на тема „Студентски град, сега!“

октомври 20, 2020

На 27 октомври со почеток од 18 часот во Домот на културата – Општина Ѓорче Петров ќе се одржи конференција под името „Студентски град, сега!“ организирана од страна на Културно Ехо во соработка со Сити Скоп и Општина Ѓорче Петров. Оваа конференција е дел од проектот на Културно Ехо наречен „Од напуштена фабрика до студентски […]

Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ во културен простор

септември 25, 2020

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното затворање на фестивалот „Синедејс“, што се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар-ГТЦ, го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат покривот на овој култен објект во Скопје. – Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, […]

Ганиу: Калдрмата во скопската чаршија се санира со дозвола од сите надлежни институции (галерија)

април 14, 2020

Бурни реакции на јавноста откако на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат фотографии со градежни активности во Старата скопска чаршија. Граѓаните револтирани и загрижени упатија прашања до надлежните зошто е раскопана чаршијата во време на полициски час. – По не знам кој пат објаснувам дека станува збор за работа во рамки на проектот „Промоција на […]

Сè уште не е распишан тендерот за анализата на Попова Шапка

мај 6, 2019

Веќе речиси пет месеци, сите прашања поврзани со проблемите на Попова Шапка го добиваат истиот одговор: „Се очекува анализата на ЕЛЕМ за Попова Шапка”, но тендерот за неа сè уште не е распишан. Од друга страна, ЕЛЕМ Турс вели дека постапката за распишување на тендерот е пред крајот, пишува „Порталб“. „Постапката за очекуваниот оглас за […]

МЕПСО ќе ги подобрува своите капацитети со околу 50 милиони евра

септември 29, 2017

Договор вреден 4,6 милиони евра меѓу МЕПСО и конзорциумот „Сименс и Сискон“, за ревитализација на трансформаторската станица „Дуброво“, беше потпишан денеска во Владата на Република Македонија, соопшти владината служба за информирање. Со тоа, се нагласува во соопштението, почнува среднорочен инвестициски циклус на МЕПСО во своите капацитети. Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, истакна дека почнува […]

Страна 1 од 1