fbpx

Порталб: Општина Сарај не дава детали за ревитализацијата на Езеро Треска, ги селектира медиумите

-

Општина Сарај од Владата побарала комплексот на Езерото Треска да го прогласи за слободна туристичка зона и да се отстранат поставените кампови со приколки околу езерото. Општината писмено ги известила сопствениците на приколките дека треба да ги отстранат бидејќи нема услови за приколките да бидат таму и имаат рок од 60 дена да го направат тоа. Исто така, општината бара да се отстранат камповите со цел да се реализира новиот урбанистички план, пишува „Порталб.мк“.

„Порталб.мк“ за ова побара подетални информации од општина Сарај, но оттаму се покажаа резервирани што се однесува до споделувањето информации во врска со овој проект.

Најпрво, портпаролката на општината, Миранда Рамети за „Порталб.мк“ рече дека за информации во врска со ова, треба да се обратиме кај директорот на ЈКП Сарај, Сабахудин Рустеми.

Рустеми за „Порталб.мк“ изјави дека моментално нема услови камповите со приколки да бидат таму и поради тоа треба да се отстранат.

„Се разбира дека ова е проект на општината, дамнешен, и сега очекуваме реализација на истиот. Заради тоа камповите со приколки ќе бидат отстранети. Тие биле под закуп, и плаќањето не било редовно, освен тоа моментално нема услови за нивно поставување, ова го заклучил и општинскиот инспекторат дека околината не е соодветна, дека може да добиеме уште некоја епидемија и поради тоа мора да бидат отстранети. Подетално за проектот ќе бидете информирани од страна на општината“, изјави Рустеми.

Тој додаде дека ова е проект на општината и за повеќе информации треба да се обратиме кај градоначалникот или шефот на кабинетот.

„Порталб.мк“ се обиде повторно да контактира со портпаролката Рамети, но таа ги игнорираше повиците на новинарот. Подоцна, откако истата беше контактирана од друг број, се оправдуваше дека не е секретарка да се јавува на секој телефонски повик. Иако таа рече дека ќе одговори на сите доставени прашања на два службени мејлови, не го направи тоа и продолжи да биде недостапна за „Порталб.мк“.

И градоначалникот, не е достапен за нашата редакција.

Меѓутоа, општина Сарај не штедеше информации во врска со ова прашање за една медиумска куќа на македонски јазик.

На 28 декември, градоначалникот, Блерим Беџети даде изјава за СДК, при што рече дека општината започнала два паралелни процеси за Езерото Треска, и тоа за дислоцирање на приколките, како и за прогласување на Треска за слободна туристичка зона.

„Нашиот инспектор за животна средина, на местото каде се поставени приколките утврдил дека нема соодветни услови. Не се почитуваат прописите. Не може тие што се закупци да бидат пречка за реализација на планот за повторно ревитализирање на овој симбол на Скопје. Едновремено, откако го усвоивме новиот детален план во петок, до Владата доставивме писмено барање за прогласување на локацијата на Езерото Треска за слободна туристичка зона, со што ќе можеме да бараме инвеститори коишто ќе го ревитализираат и ќе го уредат просторот“, рече Беџети за СДК.

Ревитализацијата на Езерото Треска, е проект ветен многу години од страна на градоначалниците на оваа општина. Ова вештачко езеро се наоѓа во општина Сарај, има површина од 136.000 метри квадратни, а длабочината е од 1,6 до 3 метри. Овој рекреативен центар бил изграден во 1978 година. На свеченото отворање на ова туристичко место присуствувал и претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...