Фатмир Бесими-фото Министерство за финансии
Фатмир Бесими-фото: Министерство за финансии

Економските мерки на Владата од петтиот сет предвидуваат грантови за остварени позитивни економски резултати, финансиска поддршка на извозот, значително зголемен пристап до кредити и ликвидни средства преку фондови и низа мерки кои ќе ја поддржат развојната компонента и ќе генерираат раст, соопшти Министерството на финансии, пренесувајќи дел од колумната на министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими во неа посочува дека новиот сет на мерки, кој наскоро треба да се донесе, е насочен кон ревитализација и развој.

Тој посочи дека фокусот ќе биде на три главни цели: задржување на здравјето на граѓаните, социјална сигурност и поддршка на економијата и стопанството, на што е насочена и фискалната политика.

Па, така во буџетот за 2021 година се издвоени над 640 милиони евра за здравство, околу 1,5 милијарди евра за социјална поддршка и над 1,4 милијарди евра за поддршка на економскиот развој. Бесими наведува и дека СМАРТ финансиите се концепт што ќе даде резултати во ревитализацијата на економијата, преку сеопфатна стратегија и план за реализација, будно следење на резултатите и мерење на нивниот импакт.