понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: регулатива | 23 резултати

Охриѓани сѐ уште немаат мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот што го дишат

октомври 19, 2020

Во Охрид сѐ уште нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички. Овој град остана без мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот, со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање. Иако во декември минатата година беа поставени 11 […]

Македонија со МЕМО е на чекор поблиску до паневропскиот пазар на електрична енергија

септември 10, 2020

Се отвора ново поглавје на пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија, кое ќе биде од интерес за сите учесници на енергетскиот пазар. Тоа се овозможи преку номинирањето на МЕМО ДООЕЛ-Скопје за национален оператор на организираниот пазар на електрична енергија, од страна на владините министри на вчерашната седница, а на предлог на РКЕ. Според […]

Блокирани сметките на 103.934 граѓани и фирми во првата половина од 2020 година

септември 6, 2020

Вкупно 224.496 трансакциски сметки на 103.934 депоненти биле блокирани заклучно со јуни годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Од вкупниот број блокирани депоненти, 78.331 се граѓани, а 25.603 се правни лица. Статистиката на Народната банка покажува дека со мали варијации бројот на блокирани граѓани и фирми лани и во првото полугодие од годинава постојано е […]

Со нова регулатива Владата сака да го намали застојот во судовите

јануари 31, 2020

Владата го достави до Собранието предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите со барање тој да биде усвоен во скратена постапка. Со предлог-законот, кој содржи 18 члена се предвидува обезбедување на правото на „природен“ судија при распределба на предметите во судовите, управување со движењето на предметите во судовите преку користење на автоматизиран компјутерски […]

Хелсиншки: Да се отстранат недостатоците за вклучување на децата со попреченост во редовното образование

декември 3, 2019

По повод одбележувањето на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска упати апел да се отстранат недостатоците од досегашната имплементација на новиот Закон за основното образование, со кој децата со попреченост можат да се вклучат во редовното образование. Од Хелсиншкиот комитет го поздравуваат годинешното донесување на законот, укажувајќи […]

Тасева: Регулативата за вработување во јавниот сектор се крои по мерка

октомври 24, 2019

„Правилниците се прават по потреба. Ако тој што треба да го вработат е стоматолог, ќе го сменат правилникот за да го вработат“, вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел – Македонија“, која денеска ги објави резултатите на прелиминарната анализа на легислативата за вработување во јавниот сектор. Во 19 анализирани закони и два подзаконски акта, „Транспаренси“ […]

Промената на локомотиви на граница го успорува превозот на патници и стоки

август 10, 2019

За разлика од земјите – членки на ЕУ, на граничните премини во земјава и денес се врши промена на локомотива при превозот на патници и стоки во железничкиот сообраќај. Особено кај патничките возови, менувањето на локомотивата изискува ангажирање на влечен парк од две железнички претпријатија, додека патниците чекаат дополнителни десетици минути и пристигнуваат подоцна до […]

ЕБОР, ЕИБ и ГСБ со ново истражување на компаниите во 40 земји, меѓу кои и ние

ноември 26, 2018

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Групацијата Светска банка (ГСБ) воведуваат нова рунда на истражувања на претпријатијата во повеќе од 40 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Целта на истражувањето е да се добијат повратни информации од претпријатијата од приватниот сектор за состојбата на бизнис опкружувањето во секоја земја учесничка […]

Трпевски: Постои опасност да влеземе во магичен круг од лоши закони

ноември 13, 2018

Во Македонија законите многу често се носат без соодветна подготовка на трошоците што ќе ги предизвикаат за граѓаните и компаниите, но и за администрацијата и воопшто без проценка на влијанието на новата регулатива врз секојдневниот живот. Ваквата состојба трае со години, а ништо не е поразлична и минатата година, период во кој Македонското здружение на […]

Администрацијата за десет години не научи како се подготвуваат закони

октомври 31, 2018

Македонската администрација за цела деценија не научи соодветно да ги подготвува новите закони со што граѓаните би имале увид во тоа, какво влијание би имала новата регулатива врз секојдневието, односно какви ќе бидат трошоците од спроведувањето на новите законски одредби. Речиси десет години по воведување на алатката „Проценка на влијанието на регулативата“ (ПВР), земјава не […]

Османи: Државата ќе обезбеди поддршка на бизнисот за усогласување со ЕУ-стандардите

септември 26, 2018

Отворањето на границите на европскиот пазар за производите и услугите од Македонија, претставува и бизнис можност, но и дополнителен предизвик за адаптација на производството, на квалитетот, стандардизацијата согласно европските правила и стандарди. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на средба со стопанственици од Стопанската комора на Северозападна Македонија. – Дополнително, пазарите се […]

Дигиталното плаќање ги намалува трошоците, а ја зголемува ефикасноста на услугите

јуни 6, 2018

Денеска во Охрид започна 11. конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“ во организација на Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија. „Пробивот на дигиталните плаќања се врзува со многуте можности што тие ги нудат. Прифаќањето на дигитализацијата на плаќањата има потенцијал за значително намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста […]

Никој не ги консултира ИКТ-компаниите кога се носат закони од оваа област

септември 26, 2017

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“ организираше форум, на кој тема беше регулативата на работни односи во ИКТ-секторот. Шефот на проектот, Љубомир Димовски, изјави дека анкетата што била спроведена во рамките на проектот, покажала дека 76 проценти од анкетираните фирми сметаат дека не биле консултирани во процесот на носење на законската регулатива. – Ова несомнено укажува на […]

Македонците пушат по 18-19 цигари дневно, четврти сме во светот

април 19, 2017

Македонија е при врвот на листата од 184 земји според потрошувачката на цигари и се наоѓа на високото четврто место. Според табелата на „Википедија“, пред нас се само Црна Гора, Белорусија и Либан. Според слободна проценка на директорот на пазар за Македонија, Косово и за Албанија на „Империал тобако“, Кирил Величковски, пак, Македонците пушат по 18-19 […]

Коморите се здружуваат за да се донесат подобри закони за компаниите

декември 19, 2016

Повеќе стопански комори ќе соработуваат следните четири години за да се донесе подобра бизнис-регулатива, бидејќи законите последниве години наместо да ја олеснат и да ја поедностават работата на компаниите, дополнително ја комплицираат. Тие често се менуваат, не се разбирливи и поради тоа, тешко може да се следат. Ова денеска беше кажано на прес-конференцијата во Стопанска комора […]

Kвалитетната градба e услов за стабилни објекти при силен земјотрес

ноември 16, 2016

Во Македонија постои традиција и техничка регулатива за проектирање, изведба и за контрола на градби отпорни на силни земјотреси. Но, регулативата треба да се почитува во целост за да може објектите што се проектираат и се градат да се сметаат за сеизмички отпорни. Ова е еден од заклучоците на домашните експерти кои учествуваа во дискусијата на […]

Царината почна со делење брошури за патниците

јули 11, 2016

Во пресрет на летните одмори и на зголемената фрекфенција на патници на граничните премини, Царинската управа деновиве почна со делење брошури за информирање на патниците што влегуваат, излегуваат или транзитираат низ земјава, за нивните права и обврски, а за да се овозможи брза, безбедна и лесна царинска контрола, соопштуваат од Царината. Како што информираат оттаму, информативните […]

Николети: Време е за измена на Даблинската регулатива

септември 30, 2015

Претседателот на италијанската парламентарна делегација во Советот на Европа, Микеле Николети, изјави дека европските влади признаваат дека регулативата од Даблин е „целосно нефункционална“ и оти дошло време за ревизија. Николети истакнал дека резолуцијата на парламентарното собрание на Советот на Европа за ревизија на Даблинската регулатива е еден од најпрогресивните документи што неодамна се усвоени во европските […]

Незири: Новиот закон за градежни производи ќе придонесе за развој на градежната индустрија

септември 29, 2015

Ефикасен и силен механизам за контрола на квалитетот на градежните материјали кои се нудат на пазарот е еден од најзначајните услови што треба да обезбедат дополнителни гаранции за сигурноста на градбите и одржлив пораст на домашната градежна индустрија. Ова е една од клучните заложби на учесниците на конференцијата „Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на […]

Страна 1 од 1