fbpx

Охриѓани сѐ уште немаат мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот што го дишат

-

Во Охрид сѐ уште нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички. Овој град остана без мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот, со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање. Иако во декември минатата година беа поставени 11 мерни сензори за квалитет на воздух на неколку локации во Охрид, во рамки на проектот Interreg Airthings финансиран од Европскиот фонд за регионален развој, тој веќе заврши, а резултатите и анализите сè уште не се јавно достапни.

Од Државниот инспекторат за животна средина објаснуват дека сега следуваат 6 месеци административни активности. Тоа значи дека целата мрежа од сензори ќе ѝ
биде предадена на управување на Општината Охрид дури кон средината на април идната година (14.04.2021 год) од страна на Секретаријатот на програмата Солун/Атина.

Врз основа на таа анализа ќе се оценува потребата од мерна станица за квалитетот на воздухот, со која управува Министерството за животна средина.

„Анализите се готови и откако ќе поминат верификација сите извештаи од Секретаријатот на програмата Солун/Атина, истите ќе бидат јавно достапни за јавноста и секако предадени на Општина Охрид“, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Од прибраните податоци од мерните станици во пилот периодот требаше да произлезе анализа на квалитетот на воздухот во Општина Охрид. Во меѓувреме, податоците од мерните станици граѓаните можеа да ги побараат во реално време на веб-страната на Општината, но не секогаш, и не за сите параметри беа достапни податоци изминатиов период.

„Во моментов дел од сензорите се калибрираат и не се видливи податоците. По нивната калибрација и одобрување на сите извештаи наскоро Државниот Инспекторат за животна средина, во соработка со Општина Охрид, ќе одржат тематски настан за медиумите за информирање на засегната јавност“, посочуваат од овој Инспекторат.

Неопходни се податоците за квалитетот на амбиенталниот воздух за тоа колкави се просечните, но и најголемите концентрации на ПМ честички. Министерот за здравство Венко Филипче на почетокот на месецов изјави дека загадениот воздух, односно ПМ-честичките, побрзо и подалеку го шират вирусот ковид19.

Зголемувањето од само 1 μg/m3 PM2,5 (1 мигрограм на кубен метар воздух), во однос на просекот, резултира со 8 отсто зголемување на стапката на смртност од ковид-19, алармира еколошка студија на Харвард.

Спроведување на регулативи за намалување на загадувањето на воздухот за да се заштити здравјето на луѓето никогаш не било од поголема важност отколку во моментов, за време на корона кризата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...