fbpx
Таг: протест

таг: протест

Денеска напладне протест против воведување давачки за хонорарците

Денеска напладне ќе се одржи протест против законските измени со кои за сите хонори ќе се плаќаат придонеси од 35 отсто. На протестот, како што беше соопштено, ќе се приклучи и „Студентски пленум“. Поддршка за протестот против законското решение со кое се воведуваат давачки за придонеси за хонорарите, авторските договори и за договори на дело, дадоа и девет гранкови синдикати од конфедерацијата...

Либералната партија со поддршка на протестот на хонорарците

Либералната партија го поддржува утрешниот протест против измените на законските одредби за хонорарното работење и ја повикува Владата да го повлече спорното решение. „Новото решение ги нарушува воспоставените односи меѓу работодавците и работниците ангажирани врз основа на хонорарна работа, нивното функционирање на пазарот и перформансите на фирмите. Особено истакнуваме дека хонорарната работа во основа е извор на дополнителен приход и законските измени ќе...

Земјоделци го блокираа Брисел

Белгиските фармери изутринава, со тешка земјоделска машинерија, го блокирааат плоштадот Шуман во Брисел, каде се наоѓа седиштето на повеќето европски институции. Кон протестот против мерките за штедење на земјоделците, кој беше планиран за вториот ден од самитот на лидерите од земјите-членки на ЕУ, се приклучија и антиглобалистите, кои се противат на склучување трансатлантски трговски договор меѓу ЕУ и САД. Самитот неочекувано...

Кучето Борко е скопскиот Луканико

И Скопје има куче демонстрант како атинскиот Луканико кој ги поддржуваше протестаните во Атина. Според фотографиите што граѓаните ги споделија на социјалната мрежа „Фејсбук“, Борко се појаувавал на неколку протести, маршови и на настаните за промовирање на велосипедизмот. Како што пишува на „Фејсбук“, Борко го добил своето име поради присуството на протести, посветеноста на групата со која се движи и беспоштедната борба...

Протест на вработените од „Еурокомпозит“

Пред зградата на Општина Прилеп, денеска протестираа вработените во прилепскиот загубар „11.Октомври-Еурокомпозит“, барајќи ги своите плати и придонеси. Најголемиот дел од вработените имаат повеќе од 30 години работен стаж и тврдат дека решението на проблемот лежи кај Владата. Вработените велат дека утрово не им било дозволено да влезат во фабриката.

Битолски екологисти: Градоначалникот Талески да прави разлика помеѓу политика и партија

Градоначалникот Талески мора да прави дистинкција помеѓу партиско и политичко дејствување, го посоветуваа членовите на здружението „За нас се работи“ откако тој вчера обвини дека нивните активности имаа„политички намери“. Два дена пред најавениот втор протестен марш на здружението, кое бара почист воздух во Битола, активистите испратија порака до градоначалникот: „Не сакаме да омаловажуваме ниту, пак, сметаме дека тоа е начин...

Студентите од Битола со порака до Владата: Не сме експериментални глувци

„Сега ќе нè слушнете“, „Лесно ви е вам, никогаш не сте студирале“, „Индексот е книшката“, „Екстерно за Владата“ и „Стоп за лошите реформи во образованието“, беа само дел од паролите што ги скандираа студентите и средношколците од Битола на денешниот протест на кој масовно маршираа низ градот. Преку илјада млади, но и возрасни битолчани, почнувајќи пред Техничкиот факултет во Битола, повеќе...

Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

Вториот студентски марш почнува денеска, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ќе продолжи кон Собранието и кон Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ објавија „Упатство за учество на марш“, во кое се вели дека доколку некој забележи говор на омраза, истакнување симболи или поттикнување насилство, да му се даде групен аплауз,...

Битолчани в сабота на нов протестен марш за чист воздух

Битолчани од здружението „За нас се работи“, в сабота организираат нов протестен марш пред седиштето на Општина Битола. Членовите на здружението најавија дека бидејќи сабота ќе биде работен ден, во 11.30 часот ќе се соберат пред Офицерскиот дом, па преку Широк сокак, пред судовите, ќе се упатат до зградата на Општината. Се надеваат дека градоначалникот Владимир Талески и целата администрација...

Протести против ректорот во Приштина, тројца повредени

Во судир на приврзаници на Здружението на воени ветерани и инвалиди на ОВК со полицијата, пред зградата на Ректоратот во Приштина, двајца демонстранти и еден полицаец се повредени. Демонстрантите бараат смена на ректорот Рамадан Зејнулаху. Демонстрантите, според косовскигте медиуми, се обидуваат насилно да влезат во зградата на Ректоратот, а на полицијата ѝ се придружија и припадници на специјалната единица на полицијата на...

На 28 декември, протестна забава за спас на ГТЦ

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) на 28 декември ќе организира голем протестен настан со мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“. Претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, вели дека секогаш ќе стојат во одбрана на автентичноста на ГТЦ. - Тој остана симбол на борбата против сè она што му се случува...

Нов студентски марш следната недела

Следната недела ќе се одржи втор протестен марш против воедувањето државен испит на факултетите, информираат од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. „Драги пленумци, денеска беше одржан петтиот студентски пленум, на кој беше изгласано следната недела да се одржи втор студентски марш. Зошто марш? Затоа што институциите остануваат глуви освен кога сме на улица, заради потребата од навремена реакција за новите реформи...

Средношколците од тетовската гимназија на протест

Средношколците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“,  утрово излегоа на протест во дворот на училиштето каде што се следи настава на македонски, револтирани од инцидентот кој се случи на 28 ноември, кога со нож беше избоден средношколец. Тие побараа подобри услови и безбедност. Директорот на гимназијата, Намикќемал Мустафа, ги сослуша родителите и им вети дека барањата ќе ги пренесе до надлежните. Во петокот беа...

(ВИДЕО) Хонгконг: Уапсени 40 демонстранти

Најмалку 40 лица се уапсени за време на протестите во Хонгконг, кои ескалираа откако демонстрантите се судрија со полицијата. Како што јавуваат кинеските медиуми, неколку стотици демонстранти вчеравечер се обидоа да ја опколат зградата на Владата. Припадниците на безбедносните сили, со солзавец и со палки, се обидоа да ги растераат демонстрантите. За време на судирите, повредени се најмалку тројца полицајци. Нема информации...

Две лица загинаа во протестите во Каиро

За да растера повеќе од 1.000 демонстанти во центарот на Каиро, кои вчера се собраа за да го изразат своето незадоволство поради одлуката на судот да ги отфрли обвиненијата против соборениот претседател Хосни Мубарак, египетската полиција употреби водени топови и солзавец . Демонстрантите кои се собраа во близина на плоштадот Тахрир во вечерните часови, почнале да фрлаат со камења...

ЛГБТ-заедницата повторно протестираше пред Јавното обвинителство

„Истрагата е во тек - до кога“ и ужасни звуци од кршење стакло можеа да се слушнат денеска пред објектот на Основно јавно обвинителство. Со ова, активистите за човекови права сакаа да ја доловат атмосферата што се случи пред неколку недели во кафулето „Дамар“, кога дваесетина хулигани го демолираа кафулето за време на роденденската прослава на ЛГБТ-заедницата. Ова е четврти...

Протест на НМХТ пред Јавното обвинителство

Денеска, со почеток од 12. часот, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), ќе организира протест пред просториите на Јавно обвинителство во Скопје, на кејот Димитар Влахов. Целта на протестот е истакнување на потребата за ефикасен пристап до правда за сите граѓани на Република Македонија, без оглед на нивните различности. Протестот ќе биде перформативен, со траење од 15 минути. „Бараме јавна осуда од премиерот...

Протест пред Министерството за труд и социјална политика

Денеска, членови на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство, пред Министерството за труд и социјална политика, одржаа протест по повод 25 ноември - Mеѓународниот ден против насилство врз жените, почнувајќи ја кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“. Оваа година, темата на кампањата е „16 дена активизам за 16 убиени жени за 6 години!“ „Сите овие убиства се извршени...

Штипските студенти маршираат против екстерното

Со извиците „Не за екстерното“, засилени со свирчиња, маршираа студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Повеќе од стотина студенти тргнаа од плоштадот Слобода и наместо најавената маршрута кон Ректоратот во Ново Село, се упатија во спротивен правец, кон Економски факултет. Кога стигнаа таму, студентите извикуваа „Излези УГД!“, со повик кон колегите да им се придружат. Потоа, следени од неколку...

Суд во Шведска ослободи Македонец, камионџиите на протест

Незадоволни од ослободителна пресуда за Македонец кој бил фатен додека возел со фалсификувани бугарски документи во Шведска, денеска повеќе шведски камионџии почнаа протест. Според најавите, камионџиите ќе ги паркираат своите тешки товарни возила на страничната лента од автопатите секој ден по 15 минути. Од здруженија на камионџиите тврдат дека протестот ќе трае до Божик. 44-годишниот Македонец беше ослободен од судот во Сундсвал,...

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Граната за која се претпоставува дека е од Првата светска војна вчера била однесена во полициската станица во Берово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), предупредувајќи дека ваквата...