fbpx

Протести против ректорот во Приштина, тројца повредени

-

Во судир на приврзаници на Здружението на воени ветерани и инвалиди на ОВК со полицијата, пред зградата на Ректоратот во Приштина, двајца демонстранти и еден полицаец се повредени. Демонстрантите бараат смена на ректорот Рамадан Зејнулаху.

Демонстрантите, според косовскигте медиуми, се обидуваат насилно да влезат во зградата на Ректоратот, а на полицијата ѝ се придружија и припадници на специјалната единица на полицијата на Косово.

Здружението на воени ветерани и инвалиди од ОВК протестира поради тоа што има повеќе од 1.000 незапишани студенти на семејствата на загинати припадници на ОВК.

Демонстрантите бараат оставка на ректорот на Универзитетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...