fbpx
Таг: протест

таг: протест

Здружението на судии ги осуди протестите

Во денешното соопштение, Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки и апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите. „Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки, без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска...

Новинари и граѓани за Кежаровски протестираа и пред Владата

Неколку стотини новинари и граѓани прво се собраа пред Апелацискиот суд во Скопје, протестирајќи против одлуката новинарот Томислав Кежаровски да биде осуден на две години затвор за дело што не го сторил. Пред судот има голем број транспаренти, а новинарите носат маски со ликот на Кежаровски. На протестот се појави и новинарот Кежаровски, кој беше дочекан со овации. Протестот продолжи и пред Владата на...

Муслимани протестираат поради објавување карикатури на пророкот Мухамед

Повеќе од 800.000 луѓе присуствувале на протестот во центарот на Грозни за одбрана на муслиманските вредности, на кој присуствуваше и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти денеска руското министерсво за внатрешни работи. На протестот „Љубов спрема пророкот Мухамед“ се очекувало да се соберат околу еден милион луѓе откако на социјалните мрежи чеченскиот лидер упати повик за масовност. Присутните носеле плакати на кои...

Протест на роднините на осудените во „Детонатор“

Роднините на осудените во случајот „Детонатор“ денеска излегоа на протест и два часа го блокираа патниот правец Кочани - Виница, јави дописникот на „Мета“ од Штип. Тие изјавија дека во случајот се осудени невини луѓе и обвинија дека „судските одлуки биле донесени од страв или под притисок“. - Нашите најмили се жртви на еден криминалец и нема да се откажеме од...

Сточарите од Делчевско на протест

Револт од ниската откупна цена на млекото искажаа сточарите од делчевскиот крај, кои на протест дадоа рок од три дена за откупувачите да ја определат цената на 21 денар за еден литар. Трите откупни компании сега го откупуваат млекото за 16 и за 17 денари, што за сточарите е цена со која не можат да си ги покријат трошоците. Откупните компании...

„Јас сум Кежаровски“: Новинарите се солидаризираа со својот колега

Со транспаренти „Јас сум Кежаровски“, напишани на француски, како аналогија на манифестирањето солидарност по масакрот во „Шарли ебдо“, македонските новинари и новинарски задруженија денеска пред Апелацискиот суд го искажаа својот револт од пресудата на судот со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор во случајот „Ликвидација“. Новинарите се солидаризираа со својот колега и најавија понатамошни чекори за...

„Студентски пленум“: Ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме

Сите наши писма до институциите беа отфрлени, освен тоа кај претседателот, кој ни рече дека ќе одлучи државнички. Знае ли тој како еден државник треба да го почитува Уставот, праша Ана Нешовска од „Студентски пленум“ денеска пред Собранието на Македонија. - Со овој закон се крши автономијата на Универзитетот. Ако тој се донесе, од утре ќе можеме да ги распуштиме факултетите....

Протестите пред Собрание почнаа, полицијата ги забарикадира приодите

Повеќе од 100 граѓани се собраа да протестираат против измените на законите за образование, кои денеска се на дневен ред на собраниска седница. Има зголемено полициско обезбедување, а полицајците ги забарикадира приодите кон Собрание. Досега во Собранието можеше да се види само влегувањето на Амди Бајрам и на Роза Тоупзовска-Каревска.

Протест пред наплатниот центар на ЕВН во Охрид

Неколку стотини жители од селата Ливоишта, Сирула, Вапила, Куратица, Расино, населени места во Охридско, кои веќе шести ден живеат без струја и без вода, денеска излегоа на протест пред наплатниот центар на ЕВН во Охрид. Од надлежните побараа проблемот што поскоро да се реши. Од „ЕВН Македонија“ информираат дека нивните екипи интензивно работаат на терен за да се создадат услови за...

Скопјани се собраа да кажат „не“ за барок на ГТЦ

На плоштадот во Скопје вечерва се собраа граѓани во одбрана на Градскиот трговски центар. Тие испратија порака до Владата да се повлече од намерата да го претвори во барок. Меѓу насобраните скопјани имаше и многу јавни личности, а во одбрана на ликот на ГТЦ со песна застана и пејачката Ана Костовска. Протестот под мотото „Во Новата година со стариот ГТЦ“, почна...

Тутунарите незадоволството од продажбата на тутунот ќе го изразат со протест

Сојузот на синдикати на земјоделски производители најави дека денеска ќе одржи мирен протест на тутунарите од струмичко-радовишкиот регион, кои се незадоволни од откупот на тутунот. Протестот, односно блокадата, ќе се орджи  на магистралниот  пат Струмица - Радовиш, кај „Слобода“, и  на магистралниот пат Радовиш - Штип, кај клучката кон селото Ињево. Блокадата би требало да трае до 13 часот. Протестот на...

Утре тутунарите ќе го блокираат патот Струмица – Штип

Незадоволните тутунопроизводители од Радовиш и од Струмица, утре од 12 до 13 часот ќе го блокираат магистралниот пат Струмица – Штип. Самостојниот синдикат на земјоделците блокадата ја организира поради ниската откупна цена и процентуално високите одбитоци за влага и за песок. Магистралниот пат ќе биде блокиран на две места: на патот Струмица – Радовиш кај „Слобода“ и Радовиш – Штип на клучката кај...

Почна протестот на студентите пред Владата

Пред Владата на Македонија почна протестот организиран од „Студентски пленум“, против полагањето државен испит и реформите во образованието. Според најавите од студентите ќе се одржи перформанс. Луѓе масовно сè уште се приклучуваат на протестот.

Вработените од ЕМО и од „Еурокомпозит“ протестираа пред Владата и пред Собранието

Со транспаренти во рацете „Грујо нахрани го својот народ“, „Борба за здравје и достоинство“, „Ние сме гладни“, вработените во ЕМО денеска излегоа да протестираат пред Владата на Република Македонија и пред Собранието. Своето незадоволство го искажаа околу 200 вработени од некогашниот охридски гигант ЕМО и во капитално поврзаните друштва, кои, по протестите во Охрид, и во Скопје ги бараат...

Хонгконг: Десет лица уапсени при судири на протестите

Најмалку 10 лица се уапсени по судирите со безбедносните служби за време на продемократските протести во Хонгконг. Полицијата, која со солзавец и со палки се обиде да ја растури насобраната толпа, ги обвини демонстрантите за предизвикување хаос.

Протест пред Собранието, со мото „Политиката кај граѓаните. Ден порано, пред да биде предоцна“

Денеска, во 11:59 часот, Граѓанска иницијатива „Ајде“ ги повика граѓаните на протест пред Собранието. Мотото на протестот е „Политиката кај граѓаните. Ден порано, пред да биде предоцна“.

Нов протест на студентите в петок

„Изгледа дека она што Владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и на премиерот пред камери. Покрај сите „јавни дебати“, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на „Студентски пленум“, како и на самите универзитети, ние не се откажуваме! Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери, да не дозволиме овој монолог на Владата...

Во Охрид протестираа вработени од ЕМО, в четврток ќе дојдат во Скопје

Околу 200 вработени од АД ЕМО од Охрид и капитално поврзаните друштва, кои бараат да им се исплатат заостанатите триесетина плати, придонеси и да се регулира нивниот статус на вработени, денеска излегоа на протест. Тргнаа од Основниот суд, а потоа продолжија пред подрачните единици на фондовите за здравство и за пензиско осигурување, зградата на Општина Охрид, како и пред новите...

Ќе страдаат најзагрозените: Протест против законот за хонорари

„Нема да ви плаќаме“, „Не за дражавен рекет“,  „Социјална правда“, „Нема да ви помине“, „Заедно сме посилни“, „Ќе победиме“ со  овие извици, протестантите денеска ѝ порачаа на Владата дека не се согласуваат со донесувањето на новиот закон за задолжително социјално осигурување. Протестантите се собраа во паркот Жена-борец точно напладне, а оттука се упатија кон Министерството за труд и социјална...

Протест против законот за хонорарци

Околу 3.000 граѓани, со транспаренти „Не сум економско робје“ и „Твојот данок, нивна иднина“, денеска излегоа на улица да го изразат незадоволството од законските измени во согласност со кои 35 отсто од хонорарите ќе се одвојуваат за плаќање здравствено, пензиско осигурување и данок за добивка. Протестот почна со собирање пред споменикот „Прометеј“ во паркот Жена-борец, а потоа, минувајќи покрај Собранието, демонстрантите...

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...