fbpx
Таг: продавница

таг: продавница

Запалени продавница и автомобил во селото Ореше

Синоќа околу полноќ, Ѓ.Ѓ. (51) од селото Ореше пријавил дека му биле запалени продавницата и автомобилот, марка „мерцедес“, информираат од полицијата. Полициски екипи извршиле увид на местото и привеле две лица за кои постојат сомневања дека ги запалиле продавницата и автомобилот, односно дека предизвикале општа опасност. Како што јавува телевизијата „Телма“, повикувајќи се на свои извори, сопственикот на продавницата и на...

Скопјанец избркал вооружен разбојник од продавница во Автокоманда

Педесет и двегодишен скопјанец вчера бил приведен под сомнеж дека истиот ден, заканувајќи се со пиштол, извршил разбојништво во продавница во населбата Автокоманда, информираат од полицијата. Според полицијата, разбојништвото се случило околу 17.30 часот, во продавницата „Ники-нада“ на улицата Трифун Хаџијанев. Разбојникот со пиштол му се заканил на Д.С. (56) од Скопје, кој, пак, се спротиставил и го удрил напаѓачот...

Маскиран и вооружен разбојник ограбил продавница во Бутел

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчеравечер ограбил продавница во населбата Бутел, соопшти МВР. Според полициските информации, разбојништвото се случило околу 22.20 часот, во продавницата „Вива фреш“ на улицата Александар Бујнов, во Бутел. Маскираниот разбојник со пиштол им се заканил на вработените, а потоа од касата зел 15.000 денари.

Подарок од „Самсунг“ – отказ за Божик

Јужнокорејската компанија „Самсунг“, без претходна најава, одлучи да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, „Експиријенс стор“ во Лондон. Крајот на годинава несомнено е особено тежок за јужнокорејскиот гигант. Демонтирањето на продавницата почна ноќта меѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени, во пресрет на Божик, добиле известување за отказ. „Самсунг“ прецизираше дека и понатаму сака да ги задржи другите...

Ја ограбил со пластичен пиштол

Вчера, околу 20.45 часот, во Велес ,на улицата Тодор Јанев, во колонијалната продавница „Афродита“, сопственост на Г.Б.(51), непознат сторител со закана со пластичен пиштол и со употреба на физичка сила извршил разбојништво над вработената, при што од касата одзел 2.500 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Кривична за светиниколец кој фалсификувал пари

Четириесет и шестгодишен жител на Свети Николе е осомничен дека минатиот месец на вработена во продавница ù подметнал фалсификувана банкнота од 200 евра. Како што информираат од полицијата, осомничениот С.В. кон средината на септември, отишол во продавница во селото Пеширово и побарал од вработената да му замени 200 евра во денари. Таа отпрвин не забележала дека станува збор за фалсификат и...