fbpx
Таг: приоритети

таг: приоритети

Евроамбасадорот Жбогар ги посети бегалците во кампот кај Гевгелија

Амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Самуел Жбогар денеска ги посети бегалците кои се сместени во транзитниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија. Тој изрази задоволство што ЕУ соработува со владата, институциите и со Општина Гевгелија за справување со мигрантската криза. „Како што веќе ви е познато, пред два дена претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер рече дека во следните 12 месеци Европската комисија ќе...

Могерини: На светот му е потребна силна Европа

Целисходноста, па дури и опстанокот на Европска Унија е под знак прашање како никогаш досега, а на европските граѓани и на светот им е потребна силна ЕУ, пишува високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, во авторски текст што го пренесува „Данас“. Таа додава дека изминатите неколку години Европа станала нестабилна и помалку безбедна, а кризите во рамките...

Груевски до Нуланд: Опозицијата да се обврзе дека ќе учествува на изборите

Изборите се единствен излез од наметната политичка криза и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нив, но, за тие да се случат, потребно е опозицијата да се обврзе дека сите услови за нивно одржување се исполнети и дека ќе учествува на нив. Ова го истакнал лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, на денешната средба со помошникот државен секретар на САД за...

Новинарите до Иванов: Без реформи во медиумите, нема услови за слободни избори

Претставници на пет новинарски и медиумски организации денеска имале средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на која било разговарано за можноста за продолжување на разговорите за медиумските реформи пред изборите. Тие, како што е наведено во соопштението, на Иванов му го пренеле ставот дека сè додека не бидат спроведени медиумските реформи, во Македонија нема да има услови за слободни...

Луксембург го презема претседавањето со ЕУ

Од утре Луксембург го презема шестмесечното претседавање со ЕУ.  Како што е најавено, претседавањето ќе се заснова врз седум столбови. Поттикнување на порастот; Инвестиции и вработување; Продлабочување на социјалните димензии на ЕУ; Управување со миграциите; Фокус врз дигитализација на единствениот пазар; Промоција на конкурентноста и на одржливиот развој; Зајакнување на улогата на Унијата на глобална сцена. Меѓу приоритетите за наредните шест месеци, Луксембург го нема ставено проширувањето на ЕУ, веројатно,...

Груевски и Попоски се сретнаа со Дачиќ

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој е во посета на Македонија како претседавач на ОБСЕ. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, a се разговарало за главните приоритети на ОБСЕ за време на српското претседателство. - ОБСЕ е организација која се занимава со три...

Летонија од денеска на чело на ЕУ

Летонија од денеска го презема шестмесечното претседателство со Европска Унија и нејзини приоритети, како што најави, ќе бидат конкуретноста и економскиот пораст, користењето на европскиот дигитален потелнцијал за развој на Унијата и зајакнување на улогата на ЕУ во светски рамки. „Во првата половина на 2015 година, Летонија станува земја-претседавач на ЕУ, првпат во својата историја. Тоа е голема чест, која...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...