fbpx
Таг: прекин

таг: прекин

Двочасовен прекин на судењата поради штрајк на судската администрација

Судовите денеска имаа двочасовен прекин во работата поради протест на дел од судската администрација. Судските службеници во 10.30 часот ги напуштија судниците и два часа стоеjа пред судовите во знак на протест поради Законот за судска служба, за кој велат дека е полн со нејаснотии. Синдикатот смета дека законот кој е на сила е недоречен, набрзина донесен и неприменлив во практика. Бараат...

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладнево во прекин поради минирање

Сообраќајот на патото А2, на релација Кичево - Охрид, денеска ќе биде во прекин 15 до 20 минути во периодот меѓу 13 и 15 часот, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). „Денеска, 17 ноември, поради изведување на работи на пат (минирање), на патот А2, Кичево - Охрид, на делот помеѓу Пресека и село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу...

И „Емирејтс“ прекинува со летови над Синајскиот Полуостров

По одлуката на авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“, и светската авиокомпанија „Емирејтс“ од Дубаи одлучи да ги прекине летовите над Синајскиот Полуостров поради несреќата на рускиот авион во која загинаа 224 лица. – „Емирејтс“ ќе избегнува летови над Синајскиот Полуостров сè додека не добие дополнителни информации. Го следиме развојот на состојбата - изјави претставник на компанијата.  

Железничкиот сообраќај Велес – Битола е во прекин поради одрон на пругата

Железничкиот сообраќај на пругата Велес - Битола - Велес е во прекин поради одрон на патот. Одронот се наоѓа меѓу Мартолци и Стари Град. Како што соопштуваат од МЖ „Транспорт“ АД – Скопје, прекинот ќе трае сè додека не се расчисти одронот.

Прекинат меѓународниот железнички сообраќај во Словенија и во Хрватска

„Словенечки железници“ целосно го сопреа меѓународниот сообраќај на граничните премини со Хрватска. Железничкиот сообраќај е во прекин и на граничните премини со Србија и со Унгарија, објавија денеска „Хрватски железници“. По одлуката која е донесена поради вонредната ситуација со мигрантите, „Словенечки железници“ воведоа дополнителен превоз со автобуси, на релација со одредени дестинации од Хрватска.

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид ќе биде во прекин в понеделник

Од АМСМ соопштуваат дека в понеделник, сообраќајот на патот Кичево - Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, во одредени периоди од денот ќе биде во прекин. Прекинот ќе биде во периодот меѓу 12 и 14 часот и меѓу 15 и 17 часот во траење од 15 до 20 минути заради минирање на патот.

Сообраќајот Кичево – Охрид ќе биде во прекин еден час

Од АМСМ информираат дека на патниот правец Кичево - Охрид, кај месноста Пресека - Врбјане, денеска од 15 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин. Прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи –минирање, бидејќи е во тек изградбата на автопатот до Охрид.

Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање. - Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс на средното образование и дозвили шест недели училишните клупи да бидат празни. Тие, како луѓе...

Половина Скопје без струја поради дефект на трафостаница во Козле

Поради дефект на трафостаницата Козле-Водно, речиси еден час половина Скопје остана без електрична енергија. Од ЕВН велат дека нивна екипа е на терен и работи на санирање на дефектот. Оттаму додаваат дека населбите една по една ќе почнат да се приклучуваат на електрично напојување од други трафостаници. Струја нема во населбите Водно, Козле, Капиштец, Тафталиџе, Карпош 1 и 2 и Црниче.

Од 16 до 17 часот, прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Денеска од 16 до 17 часот, најавен е прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид кај месноста Лавчанско речиште, каде во тој период ќе се изведуваат градежни работи (минирање), информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот сè уште е во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола. Сè...

Машиновозачите го прекинаа бојкотот

Членовите на Независниот синдикат на машинскиот персонал утринава одлучија да го прекинат еднонеделниот бојкот, иако раковдоството на „Македонски железници - Транспорт“ не ги исполни барањата на машиновозачите, пренесува телевизија „Телма“. Дел од машиновозачите биле против прекин на бојкотот, но мнозинството гласало за спротивното. Главна причина за ваквиот епилог се решенијата за суспензија и за намалување на платата за 50 отсто, кои...

Прекин на дербито меѓу Работнички и МЗТ

Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје е во прекин на 3:06 минути до крајот на третата четвртина, откако судиската тројка по третата опомена побара да се испразнат дел од трибините во салата „Градски парк“. И покрај претходните предупредувања (ги имаше по две и за двете навивачки групи), клупските обожаватели продолжија со фрлањето тврди предмети. Трпението на судиската тројка конечно заврши, не помогнаа...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...