Таг: прекин
таг: прекин
Повторно стопирани градежните работи на новата Клиничка болница во Штип
Веќе неколку недели не се работи на зградата на новата Клиничка болница во Штип. Ова е четврти целосен прекин на работите за изградба на здравствениот комплекс. По пропаѓањето на „Бетон“- Штип, градежните активности како изведувач ги презеде грчката компанија „Интеркат“. Овој пат, како што објаснува државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, причина е барањето на изведувачот за...
Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево
Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево во близина на село Истибања, кај местото „Саваро“ со што целосно е прекинат сообраќајот на тој патен правец.
Според информациите од вработени во „Македонија пат“ теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои пет минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници.
-Свлечиштето започнало да се руши околу 11...
ССК бара да не се укинуваат веќе донесените ДУП-ови, бидејќи компаниите трпат штети
Да не се укинуваат веќе донесените детални урбанистички планови (ДУП), бидејќи на тој начин се доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите во градежниот сектор кои трпат големи финансиски штети.
Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори (ССК), Ивица Јаќимовски.
Тој додаде дека „самиот процес на прекин на градба значи финански...
Сообраќајот на патот Крупиште – Пробиштип е во прекин поради превртен камион
Сообраќајот на магистралниот пат село Крупиште - Пробиштип е во прекин, поради превртен камион и во тек е негово извлекување, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
На регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во близина на село Трница поради одрон на земја, сообраќајот се одвива по една коловозна лента и само за патнички моторни возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива...
Сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица во прекин поради одрони
Поради отстранување одрони во близина на село Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица е во прекин во двата правци. Се користи алтернативен пат Кочани- Виница- Драгобрашта- Бигла- Македонска Каменица.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинскиот превој Пресека.
АМСМ препорачува внимателно...
Сообраќајот прекинат на два патни правци, поради излевање на реките
Водата од реката Поника се излеала на главниот пат Тетово - Јажинце, при што сообраќајот се одвива по едната коловозна лента, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.
На влезот за село Долно Орашје, тетовско на патниот правец кој води од село Јегуновце кон село Радуша се излеала водата од Голема река, поради што патниот правец е во целосен прекин.
Сообраќајот на државните...
„Оне-Вип“: Има проблеми поради прекин на главните оптички врски
Корисниците на телекомуникацискиот оператор „Оне-Вип“ претпладнево се жалат на прекин на мрежата и невозможност за остварување телефонски повици како и употреба на интернет.
Од „Оне-Вип“ велат дека се соочуваат со проблем поради прекин на главните оптички врски.
„Поради прекин на главни оптички врски во моментов се соочуваме со глобален проблем кој се манифестира со остварување на повици кон мрежата на 'Оне-Вип'...
Железничкиот товарен сообраќај е во прекин, патничкиот ќе се одвива до полноќ
Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од 07.30 часот утрово, а железничкиот патнички сообраќај ќе се одвива само до полноќ, соопшти попладнево „МЖ-Транспорт“.
Како што информираат од компанијата, група вработени од машинскиот и извршен персонал во „МЖ-Транспорт“, еднострано и ненајавено, решиле да прекинат со извршување на своите работни обврски, поради неисплатен втор дел од платата за октомври.
„Железничкиот патнички...
Решението за Сирија ќе бара отстапки од сите страни, изјави Путин
Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека постои вистинска шанса за ставање крај на судирите во Сирија, додавајќи дека решението ќе бара отстапки од сите учесници во судирите, вклучително и од сириските власти на претседателот Башар ал Асад, јавуваат светските агенции.
Путин ова го истакна во своето обраќање во Сочи, на отворањето на мини-самитот посветен на Сирија, на кој учествуваа...
Високите катови во Аеродром и во Ново Лисиче без вода в недела
Почнувајќи од првите минути по полноќ, в недела ќе биде во прекин дотекот на вода за високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, извести Град Скопје.
Прекинот е поради зафат на водоводните цевки кај кружниот тек на булеварот Србија и на улицата Христо Татарчев.
Водоснабдувањето ќе се нормализира дури по завршување на зафатот, а информации може да се побараат од...
Голема сончева бура може да ја погоди Земјата утре и задутре
Од утре попладне до сабота околу пладне, голем дел од светот би можел да ги почувствува последици од големата соларна ерупција што се случила вчера, алармираше Центарот за вселенска метеоролошка прогноза при американската Национална администрација за океаните и атмосферата.
Русија, балтичките републики, Јужна Шведска, Данска, Обединотото Кралство и голем дел од северните држави на САД ќе бидат земјите кои веројатно...
Димовски побара седницата за Зврлевски да продолжи во октомври, Џафери не гледа зошто
На шестата пленарна седница, на која почна расправата за владиниот предлог за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, веднаш побара седницата да биде прекината и да продолжи по одржувањето на локалните избори, на 15 октомври.
- Во согласност со членот 8а од Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршување на...
Димовски побара еден час пауза на почетокот на продолжението на петтата седница
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа еден час пауза на почетокот на продолжението на петтата седница во Собранието.
Тие побараа информација од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ги извести за тоа кој синоќа го потпишал извештајот од амандманската расправа за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет бидејќи тоа не го сторила претседателката Лилјана Кузмановска, како што е пропишано...
Шест држави ги прекинаа транспортните врски со Катар
Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Јемен и Либија ги прекинаа транспортните врски со Катар, обвинувувајќи ја земјата дека го поддржува тероризмот. Овие држави го обвинуваат Катар дека ги поддржува екстремистичките групи и ја шири нивната насилничка идеологија.
Катар, исто така, е исклучен од коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори во Јемен. Овие мерки се посериозни од...
Продолжува штрајкот на вработените во МЖ, железничкиот сообраќај петти ден во прекин
Поради штрајкот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат целосна исплата на платата за јануари, железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин.
Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат, а според организаторите на протестот, блокадата на железничкиот сообраќај ќе продолжи сè додека не се исполнат барањата на вработените во МЖ.
Од „Македонски железници - Транспорт“ вчера информираа...
Железничкиот сообраќај во прекин, вработените ја бараат јануарската плата
Железничкиот сообраќај во Македонија од вчера е во прекин затоа што вработените во „Македонски железници – Транспорт“ бараат исплата на платата за јануари 2017 година.
Претседателот на Независниот синдикат на машиновозачи и железничари Латко Јовановски изјави дека целосно е во прекин движењето на патничките и на товарните возови на македонските пруги.
„Македонски Железници – Транспорт“ вчера информираше дека на вработените ќе...
Сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен и понатаму во прекин поради свлечиште
Сообраќајот на патниот правец А3, односно Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница кај Битола, и понатаму е во прекин поради свлечиште. Сообраќајот се пренасочува преку градот Битола, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по на места влажни коловози, а снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските...
Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка
Вчера околу 21.50 часот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, кај местото Грамаѓе, И.Н. (36) од Крива Паланка, управувајќи автомобил „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, излетал од патот и починал.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на полициска станица Крива Паланка.
Од 22.50 до 00.45 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци.
Државните службеници во подрачните одделенија во Тетово два дена се без греење
Државните институции сместени во зградата на Општина Тетово, од вчера се без греење. Работи само една фаза од електричната мрежа, на која не можат да се приклучат грејни тела. Административците од подрачните одделенија во Тетово, на министерствата за правда, земјоделство, финансии, работат со јакни, капи, шалови.
- Па, нема никакакви услови, многу е студено, работиме на температура под нулата, а не...
Поради снегот, сообраќајот на неколку патни правци и понатаму во прекин
Сообраќајот на дел од патните правиц во земјава и понатаму е во прекин поради заглавени возила и чистење на снежните наноси. Како што информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), магистралниот пат А3, Штип - Кочани, од селото Крупиште до бензиската пумпа „Ваго“ од 6 часот утрово е во прекин, поради чистење на снежни наноси, а на автопатот Велес -...