fbpx

Од 16 до 17 часот, прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

-

Денеска од 16 до 17 часот, најавен е прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид кај месноста Лавчанско речиште, каде во тој период ќе се изведуваат градежни работи (минирање), информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот сè уште е во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола.

Сè уште е отежнат сообраќајот на патиштата Прилеп – Витолиште и Прилеп – Македонски Брод, поради свлечиште, односно слегнување на асфалтот на патот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...