fbpx
Таг: политичка криза

таг: политичка криза

Заев утре на вечера со Могерини и со премиерите од Западен Балкан

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре во Брисел ќе присуствува неформалната вечера на премиерите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврдија од СДСМ. Како што соопшти портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов Заев пред неформалната вечера ќе има и билатерална средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Могерини...

Беса: Ќе бидеме дел од разговорите за нова влада

Движењето Беса останува посветено во процесот на решавање на кризата и ќе биде дел од разговорите за формирање на новата влада, велат од партијата по повод доделувањето на мандатот за составување нова влада. „Денеска, кога господинот Иванов го даде мандатот за да почнат разговорите за формирање на новата влада, Движењето Беса констатира дека благодарение и на нејзината посветеност, конечно се...

ВМРО-ДПМНЕ: Преседанот со изборот на Џафери води кон уште поголема нестабилност

Преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, надвор од сите пропишани процедури, води кои други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Ова денеска го истакнала делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата, Никола Груевски, на средбата со високите претставници на Делегацијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата, како што соопштија од...

Рама: Не сме во криза како некои соседни земји, па да се бара техничка влада

Откако тричасовните преговори меѓу него и претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, вчеравечер завршија неуспешно, денеска премиерот на Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, на прес-конференција кажа дека опозицијата не може да бара техничка влада, бидејќи ситуацијата не е „како во некои соседни земји“. - На Демократската партија ѝ дадовме систем за да ги контролира сите државни структури...

Алтхаузер: Кризата трае долго и е длабока, очекуваме формирање функционална влада

Меѓународната заедница очекува формирање функционална влада која ќе се посвети на спроведување на итните реформи за евроинтеграциите, истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на Меѓународната конференција „Добри практики за обука во земјите членки на ЕУ“, која се одржа во Секретаријатот за европски прашања. - Кризата во Македонија трае долго и е длабока. Поминаа четири месеци од изборите, па сите, и меѓународната заедница...

СДСМ: Груевски мора да престане да им се одмаздува на граѓаните

Демократските процеси мора да продолжат така како што е предвидено во Уставот, деловникот на Собранието и со законите, се вели во редовното утринско соопштение од СДСМ. „Затоа Никола Груевски мора да престане да им се одмаздува на граѓаните и да ги вознемирува со непостоечки теми само затоа тоа што тие избраа нова власт во Македонија, а тој да замине во...

Жбогар: Најдобро е дијалогот на лидерите да биде во Собранието

Не е задача на дипломатите да кажат кои се излезите од сегашната ситуација во Македонија, тоа е задача за домашните политичари, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар за време на посетата на Штип. На прашање како ги коментира повиците за одржување лидерска средба, евроамбасадорот порача дека дијалогот меѓу партиите треба да се одвива во институциите. - Сметам дека секогаш е добро лидерите да...

Хојт Ји барал средба со Иванов, но претседателот е презафатен

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, в понеделник нема да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, потврдија за „Мета“ од кабинетот на претседателот. „До кабинетот на Претседателот на Република Македонија беше упатено барање за средба со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, но со...

СДСМ: Неразумната блокада на Собранието ѝ нанесува штета на целата држава

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дури и од опозиција имаат одговорност да не им штетат на државните и на граѓанските интереси, вели СДСМ во денешното утринско соопштение. „Граѓански интерес е земјоделците да си ги добијат заостанатите субвенции што им ги попречи досегашната власт во заминување. Да добијат обесштетување за штетите од временските непогоди. Вработените во општините, училиштата, градинките, културните установи, другите...

Хојт Ји на 1 мај доаѓа во Скопје на средба со политичките лидери

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји, в понеделник ќе допатува во Македонија во обид да помогне во надминувањето на политичката криза. Ји, како што соопштија од Амбасадата на САД во Скопје, за време на посетата ќе разговара со политичките лидери за статусот на формирање нова влада, за билатералните односи, како и...

Груевски на амбасадорите им рекол дека изборите се најбрз начин за излез од кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стафансон и Ваутер Пломп, разговарал за актуелната политичка состојба, за позициите и за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на нејзино надминување. На средбата, на која присуствувале и членовите на извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, Никола Тодоров и Владимир...

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека со молчењето ги крши демократските принципи

И денешното осумнаесетто продолжение на конститутивната седница на Собранието не успеа да се помести од мртва точка. Наместо да се дебатира за избор на членови на Комисијата за избори и за именувања, се разговараше за таканаречената „тиранска платформа“, за која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа одговори од СДСМ. Пратеникот Илија Димовски од говорницата порача дека дебатата е еден од двата клучни...

Наместо нови избори – нова влада, порачаа Пломп, Стефансон и Јазбец

Амбасадорите на Шведска, на Холандија и на Словенија, Матс Стефансон, Ваутер Пломп и Милан Јазбец, денеска порачаа дека Брисел не гледа потреба за одржување на нови предвремени парламентарни избори, особено зашто последните биле оценети како фер и слободни, а новите избори би значеле само продлабочување на политичката криза во Македонија. - Изборите што се одржаа во декември беа слободни и...

СДСМ: Нема да има нови парламентарни избори

Ќе биде избран нов претседател на Собранието, кој ќе отвори пат за избор на новата реформска влада, реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека брзи парламентарни и локални избори се решение на кризата. Од партијата наведуваат дека нови парламентарни избори нема да има и дека Груевски не е фактор, туку граѓаните. „И не е точно дека неколкуте...

Груевски: Нови избори се решение – ако СДСМ победи, нека направи влада

Најдобар излез од оваа ситуација е да се оди веднаш на брзи предвремени избори, заедно со редовните планирани локални избори, кои, патем, заради чекорите на СДСМ се одложија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општината Ѓорче Петров. Тој го повика СДСМ да прифати нови избори и, како што рече,...

Кнут Флекенштајн и Дејвид Мекалистер слетаа во Тирана на нова посредничка мисија

Европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн, кој е специјален известувач на Европскиот парламент за Албанија, денеска слетаа во Тирана за нови средби со власта и со опозицијата, во обид да посредуваат во пронаоѓање излез од политичката криза. Според планот, првин се предвидени средби со претставниците на власта, а потоа со претставници на опозицијата. Лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша, рече дека...

Арифи: Ќе го чекаме Уставниот суд да „пресече“ за локалните избори

Потпретседателката на ДУИ, градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи, изјави дека за разврска на политичката криза најважно е да се избере претседател на Собрание. Таа не ја исклучува можноста за лидерска средба, нагласувајќи дека „ДУИ никогаш не бегала од средби, било да се лидерски или на други нивоа“. - Најважно е да се избере претседател на Собрание. ДУИ никогаш не...

НСДП: Идеите за лидерска средба се неприфатливи и непотребни

Пласирање на идеите за одржување лидерска средба, како начин за деблокада на институциите на системот и за излез од политичката криза, е неприфатливо и непотребно затоа што седнувањето на маса со криминалци ќе значи враќање на состојбите во државата од пред две години, дури и пoлошо од тоа, велат од НСДП. Од партијата посочуваат дека смислата и целта на политичките...

„Шпигл“: ЕУ планира санкции за Македонија и блокирање сметки на политичари

Европската Унија размислува за воведување забрана за патување, замрзнување сметки за одредени македонски политичари, но и за кратење на претпристапната помош, јавува „Дојче веле“, повикувајќи се на германскиот неделник „Шпигл“. „Земјите членки на ЕУ почнаа со конкретни дискусии околу санкции против Македонија“, објавува „Шпигл“. Германскиот неделник наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел на конгресот на ЕПП на Малта го предупредила лидерот...

Димитриев го искара Рама на „Фејсбук“

Додека мојот колега од Албанија „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и на Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа што Рама бара домашни предизборни поени преку брутално мешање во македонските процеси било од „пријателска природа“, вели техничкиот премиер Емил Димитриев на својот...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...