недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: песна | 36 резултати

Бендот Вселенаутика дебитираше со првиот сингл „Ива“

февруари 10, 2022

Домашната музичка сцена се збогати со уште еден бенд. Со песната „Ива“ вчера дебитираше бендот Вселенаутика. Нивните нови обожаватели велат дека песната е уникатен спој од повеќе стилови како носталгичноста на Џони Кеш, ги буди мемориите од готик-рок звуците на Кјур, а не исостанува ниту вештото експериментирање со рок-металот, всушност, претставува поетски надреализам што вознесува, […]

„Hearts so Cold“ нов сингл на Борис Цветановски

ноември 27, 2021

„Hearts so Cold“ е новиот сингл на македонскиот музичар Борис Цветановски, со сценско име Ris Flower. Песната од 22 ноември е достапна за преглед на видео платформата YouTube. Цветановски е автор на музиката и текстот, на кои соработуваше со Павле Василјевиќ. „Hearts so Cold“ е снимена во „Studio Ari“ во Истанбул. Аранжманот и продукцијата за […]

„Пустелија“ – соработка на Љубојна и Дулелуд (Dulelud)

ноември 20, 2021

Македонскиот етно состав Љубојна и продуцентот Дулелуд (Dulelud) го претставија својот прв заеднички проект, песната „Пустелија“. Песната е микс на електронска музика и препознатливиот етно и светски музички стил кој Љубојна го практикува од своите почетоци. Промоцијата на видеото се одржа на 16 ноември 2021 година. Вокалот во „Пустелија“ е на Вера Милошевска, а музиката […]

„Јавачи“ е новиот сингл на младата скопска пејачка Андреа

ноември 16, 2021

Љубителите на музиката на Андреа (Andrea) по подолго време повторно може да преслушаат песна на која Андреа пее на македонски јазик. Новата песна „Јавачи“ жанровски малку се разликува од она што сме навикнале да го слушаме од Андреа и има доза на ведрина. Звукот е спој на трап и RnB и ќе биде ново искуство […]

Претставена насловната песна за македонската серија BlackOps – „Can’t Kill a Dead Man Twice“ од David Mukka

ноември 9, 2021

Љубителите на рок музиката овој викенд имаа можност да ја преслужаат „Can’t Kill a Dead Man Twice“. Промоцијата на видеото на песната беше на 7 ноември на YouTube. Песната е во изведба на Давид Димовски (Mukka). Воедно, тој е и авторот на музиката и текстот. Аудио продукцијата, аранжманот и аудиомиксот се на Иван Петровски, кој […]

„Крв да ни се стори“ е нова песна на Каролина, Пијан Славеј и Дуке Бојаџиев

ноември 5, 2021

Каролина Гочева, Бранислав Николов и Дуке Бојаџиев ја претставија својата нова песна „Крв да ни се стори“. Песната е објавена и достапна за преслушување на YouTube. Музиката и текстот се на Бранислав Николов, аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев. Песната е снимена во Студио Скопје на Дуке Бојаџиев и во студиото Алшар на Ивица […]

„Nightscape“ – амбиентално џез патешествие на Глигор Кондовски и Владан Дробицки

октомври 29, 2021

Тетовскиот уметник Глигор Кондовски и џез инструменталистот и музичкиот продуцент Владан Дробицки го претставија својот нов албум „Nightscape“. Албумот е издаден на 24 октомври, а како издавач се јавува PMG JAZZ. „Nightscape“ е составен од пет инструментални композиции што може да се вбројат во амбиентална џез музика. Имињата на композициите се: „A First moment“, „Attain“, […]

Нов спот за песната „The Arsonist (Single Remix)“ од Blackstate

октомври 26, 2021

На 22 октомври Blackstate ја претстави новата верзија на песната „The Arsonist“. Станува збор за едно суптилно адаптирање на оригиналот за потребите на објава на песната како сингл со видео илустрација (видео спот). Ремиксот се вика „The Arsonist (Single Remix)“. Оригиналната песна „The Arsonist“ е нумера која е дел од изданието (ЕР) кое излезе на […]

Прв сингл на битолскиот состав Код 369 (Code 369)

октомври 22, 2021

Битолската музичка група Код 369 (Code 369) на 20 октомври 2021 година ја претстави својата нова песна „Остани до крај“. Песната е интересен спој на повеќе жанрови, лесен за слушање, па затоа го сместуваме и во групата на популарната музика за поширокиот слушачки аудиториум. Музичкиот стил на Код 369 е специфичен и не е едноставно […]

„Wild Eyes“ инструментален метал сингл од Зоран Стефаноски

октомври 19, 2021

Мулти-талентираниот инструменталист Зоран Стефаноски го претстави својот нов сингл „Wild Eyes“. Онлајн промоцијата на песната беше на 10 октомври на платформата за споделување на видео YouTube. Песната е со карактеристичниот звук на Стефаноски и без сомневање ќе им се допадне на сите љубители на инструментална хард-рок и метал музика. https://www.youtube.com/watch?v=zLMNJIOAWWg Ова е шестиот самостоен сингл […]

Агни Авшар го претстави својот прв сингл „Сознавам“

октомври 15, 2021

Mладата македонска пејачка Агни Авшар преку социјалните мрежи го претстави својот дебитантски сингл. „Сознавам“ е одлична песна, а вокалот на Агни Авшар ќе им се допадне и на најпребирливите критичари.  Покрај вокалните способности, Автор на музиката и аранжманот е Николче Мицевски, тој заедно со Дејан Момироски е задолжен и за аудио продукцијата на изданието. Автори на текстот се Бети Јанковиќ и Рената Кралевска. Сепак, и […]

„Намера“ e деби сингл на скопскиот бенд „Манас“ кој вреди да се преслуша

октомври 12, 2021

Скопскиот рок состав Манас (Manas) го претстави својот прв сингл „Намера“. Промоцијата беше на 10 октомври 2021 г., и како и кај повеќето помлади бендови, промоцијата се одвиваше онлајн. Овој сингл може да го преслушате на сите популарни платформи вклучително и Deezer, Spotify, Apple Music и се разбира YouTube. „Намера“ е деби сингл на Михајло […]

„Сега или никогаш“ е новиот сингл на скопскиот поп-рок бенд Fiction

октомври 8, 2021

Скопскиот поп-рок бенд Fiction го претстави својот нов сингл „Сега или никогаш“. Песната имаше концертна промоција на 2 октомври 2021, во склоп на фестивалот Андерфест 3 (Underfest 3) во просторот „Јавна соба“. Покрај ова, еден ден подоцна, на 3 октомври песната доби и супер интересен видео запис. FICTION – Sega ili Nikogash  „Сега или никогаш“ […]

„Проблем“ е називот на новиот сингл на пејачот Пајак

октомври 5, 2021

На 3-ти октомври младиот пејач со сценско име Пајак го претстави својот нов сингл. Насловот на песната е „Проблем“, а стилски е најблиску до поп-балада. Синглот „Проблем“ го издаде издавачката куќа Urban Records со која Христијан Настески соработува повеќе од една година. Промоцијата на помладите автори обично се случува на платформите за преслушување и преземање […]

ДНК носталгични со новиот сингл „Сите патишта“

октомври 1, 2021

Новиот сингл на скопското дуо ДНК „Сите патишта“ е носталгично патување во минатото, кон локалните заедници, односно градските маала. Песната е објавена на 27 септември, а промоцијата помина на социјалните мрежи. „Сите патишта“ е лесно певлива песна, по кои ДНК се препознатливи од своите почетоци. Песните на ДНК се авторски, а тоа е случај и […]

Yon Idy си ја отвори душaта со My Fire (видео)

септември 24, 2021

По кратка пауза во 2021, Yon Idy се враќа со најновиот сингл My Fire кој го истражува сомнежот што секој од нас го носи во себе додека ги следиме сопствените страсти. Дел од песната вели: Here’s a song I’ll write for my own One that cries out but keeps me warm and keeps my Fires […]

Александар Тодороски – победник на Макфест 36

септември 21, 2021

Александар Тодороски е победник на 36-тото издание на фестивалот за забавна музика Макфест. „Под исто небо“ ја отпеа Александар Тодороски, кој во финалната вечер влезе како еден од петтемина победници на дебитанската вечер. Фестивалот се одржа на 17-ти и 18-ти септември, а песната имаше своевидно претставување на првата вечер на фестивалот. Музиката и текстот на […]

Кумановскиот рок состав „Red-Tailed Healer“ ја претстави новата песна „True Seed“

септември 17, 2021

„True Seed“ e нова песна на кумановскиот рок-состав Red-Tailed Healer. Официјално промоцијата се одржа на 16 септември. За разлика од претходните две песни „The Noria“ и „Resilience“ звукот на ова издание е значително „потврд“. Автор на музиката, аранжманот, инструментите и програмирањето е Дамјан Милановски – Данска. Милановски е автор и на текстот, а вокалите се […]

Македонскиот „усташ“, Игор Југ и сопругата бараат поддршка од Хрватите

март 5, 2019

Хрватскиот портал „7Дневно“ објави денеска статија за Игор Југ, објавувајќи и негова песна на хрватски јазик во која тој порачува дека е пред сè македонски а потоа и хрватски патриот и ја бранел Македонија. Како свои херои, во песната тој ги посочува Владо Черноземски, атентаторот на српскиот крал Александар Први Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција, во […]

Португалија победи на натпреварот за песна на „Евровизија 2017“

мај 14, 2017

Португалија е победник на годинашниот избор на песна на „Евровизија“, европската мрежа на национални радиодифузери, кој се одржа во Киев, Украина. Со 758 поени, 27-годишниот Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ ги освои симпатиите на Европа и на својата земја ѝ ја донесе првата евровизиска победа. Португалија е земја со најдолг стаж како натпреварувач, […]

Страна 1 од 2