„Бегаме“ – нова песна на Дани Димитровска и Пијан Славеј

Фото: Принскрин од спотот на песната Бегаме

„Бегаме“ е новата песна на Дани Димитровска во соработка со Бранислав Николов од групата Фолтин, или познат како Пијан Славеј. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а потписник на аранжманот е Јордан Манов кој е продуцент на ова дело.

„Бегаме е одраз на човековата површност во модерниов колектив; отуѓеност, раздвоеност во суперлатив… страв од одговорност и посветеност како начин на функционирање…“, вели Дани.

Интересен податок за спотот е тоа што главните протагонисти во ова видео се вистински љубовен пар.

„Лазар и неговата девојка Сара се препознаа во „Бегаме” и со задоволство прифатија да ја „одиграат” својата врска пред камера. Видео записот за „Бегаме“ го изработи 2by4 Digital, кои се нови во областа на видео продукција, но добро познати во дистрибуција на музика и поддршка на македонски артисти на сите дигитални платформи“, изјави Дани.