„Јавачи“ е новиот сингл на младата скопска пејачка Андреа

Извор на фотографија: ПР тимот на Андреа

Љубителите на музиката на Андреа (Andrea) по подолго време повторно може да преслушаат песна на која Андреа пее на македонски јазик. Новата песна „Јавачи“ жанровски малку се разликува од она што сме навикнале да го слушаме од Андреа и има доза на ведрина. Звукот е спој на трап и RnB и ќе биде ново искуство за нејзините фанови.

Песната е веќе достапна и може да се преслуша на официјалниот YouTube канал на Андреа.

Тимот зад песната е веќе стандарден, вокалот на Андреа, а музиката, текстот и аудиопродукцијата се на Александар Масевски.

По неколку песни на англиски јазик I Know, I Don’t Know Your Name, Betting on You, Heartbreak и Choose My Way, новиот сингл „Јавачи“ е прва песна на која Андреа пее на македонски јазик.

За новата песна Андреа вели дека веќе подолго од една година постојано се труди професионално да ја развие својата кариера како поп пејачка, што значи да издава нови песни во континуитет кои ќе бидат застапени на сите музички платформи, а ќе имаат и свои музички спотови.

„И јас, како професионален музичар, ги надградувам своите вештини, го развивам мојот талент и интензивно работам на квалитетот на гласот и перформансот. Мојата амбиција да успеам во музичкиот бизнис во светски рамки бара многу откажувања, труд и истрајност. Добивам голема поддршка од најблиските, од друштвото, но и од тимот кој стои зад мене. Македонија е мал пазар, но за мене најважен. Овде е мојата отскочна даска, во срцето. Затоа на македонската публика и подарувам песна на македонски јазик. И нема да биде последна, се разбира“, вели Андреа.

Андреа заедно со својот тим повеќе од една година работи на својата глобална пејачка кариера. Фокусот и натаму се песните на англиски со кои ја освојува светската публика, но ветува дека во иднина ќе има уште песни на македонски јазик.