fbpx
Таг: отпад

таг: отпад

Галијата кај МЕПСО со насип се штити да не заплови по Вардар во пластични шишиња

Дождовите што изминативе два дена го зафатија Скопје и зголемениот водостој на реката Вардар ги загрижија надлежените кои денеска почнаа со активности за заштита на галијата кај МЕПСО од евентуална поплава. Галијата денеска беше опколена од пластични шишиња, кои надојдените води на Вардар ги носат од сите страни и ги „складираат“ кај една од градбите од проектот „Скопје 2014“. Попладнево на местото...

Протестни концерти во Албанија целосно цензурирани од медиумите

Протестни концерти на албански пејачи и на артисти, кои се противат на изградба на електрани и на увоз на отпад, се одржаа во Националниот парк Валбона и во Тирана, но тие беа целосно игнорирани од главните албански медиуми. На протестот кој се одржа во Тирана минатата недела присуствуваа неколку илјади граѓани. Артистите извикуваа „Не допирајте ја Валбона“ и „Да не се увезува...

Амбасадорот Пломп учествуваше во еко–акција за собирање отпад на кејот на Вардар

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп и вработените и раководството на „Пивара Скопје“ и на компанијата „Пакомак“, исчистија повеќе од три километри од кејот на реката Вардар во Скопје. - Како вљубеник во природата и планинар, забележувам дека загадувањето е голем проблем кој ги загрозува овие природни убавини. Единствен начин да се реши овој проблем е заеднички пристап на државните институции, бизнис-секторот и на граѓаните, а тоа...

Илјадници граѓани на протест во Тирана поради законот за отпад

Илјадници граѓани активисти на еколошки движења вчера одржаа протест пред седиштето на владата во Тирана, од каде го изразија своето незадоволство од законот со кој се доволува увоз, складирање и рециклирање на отпад од странство во Албанија. Учесниците на протестот извикуваа пароли против складирањето отпад од странство во земјата и изразија стравување дека Алабнија би можеле да се претвори во депонија за странски смет. Протестот е...

Документи покажуваат дека Албанија увезувала отпад и кога имало забрана

Документи што протекоа во јавноста покажуваат дека Албанија дозволила увоз на отпад во 2014 година и покрај фактот што таков увоз беше забранет од владата на социјалистите, кои беа на власт во 2013 година. Според албанскиот портал „Лапси“, официјални документи од албанската царина покажуваат дека 333.553 тони различен вид отпад биле увезени во Албанија. Видот на отпадниот материјал варирал од пластика...

Патот кон депонијата Русино повторно е блокиран

Повторно е воведена блокадата кон Русино за камионите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово. Жителите од гостиварсктие села не дозволуваат да се носи тетовскиот смет до Русино, поради како што велат, непочитувањето на точките од договорот кој е склучен меѓу нив и ЈКП Тетово. - Се договоривме да се носи сметот во 1 часот по полноќ, но оваа точка од...

Тетовскиот смет од утре ќе се транспортира во Русино

Блокадата кон регионалната депонија Русино, која изминативе четири месеци важеше за камионите од комуналните претпријатија од полошкиот регион е остранета. На вчерашната средба одржана во Гостивар, Центарот за полошки плански регион ги прифати барањата на жителите од гостиварските села, кои не дозволуваа да се носи сметот до Русино. - Ги прифативме барањата на жителите од гостиварските села и тие се...

Претоварната станица во Тетово претворена во планина од отпад

Поради блокадата кон Русино која важи за камионите на јавните комунални претпријатија од полошко, но и отежнатото носење на тетовскиот отпад до депонијата „Дрисла“, на претоварната станица за смет во Тетово, секојдневно се трупаат стотици тони отпад. Граѓаните кои живеат во близина на станицата стравуваат од појава на заразни болести. - Па има многу ѓубре на депонијата, многу смрдеа доаѓа оттаму,...

Гостиварци го блокираа транспортот на тетовскиот смет до депонијата Русино

Втор ден камионите на тетовското комунално претпријатие се блокирани на влезот од Гостивар. Жители од неколку гостиварски села на чело со гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, не им дозволуваат на камионите да го продолжат патот до депонијата Русино, каде тетовските комуналци вчера тргнаа да го депонираат отпадот. Од Јавното комунално претпријатие Тетово, изјавија дека сметот редовно се носи во...

Чести пожари на тетовската дива депонија

Територијалната противпожарна единица Тетово деновиве постојано интервенира во гасење пожари, кои често се појавуваат на дивата депонија што се наоѓа на влезот од градот. Пред два дена интервенирале пет пати во гасење пожар кај депонијата. - Наша работа е да интервенираме во гасењето на пожарот, но има некој несовесен кој ја пали депонијата. Не можам да сфатам каква корист има од тоа...

Илјадници тони отпад наталожени во тетовската претоварна станица за смет

На претоварната станица за комунален смет на Јавното комунално претпријатие Тетово, деновиве се наталожени илјадници тони отпад. Здравствените експерти предупредуваат дека ваквата состојба е загрижувачка, со оглед дека отпадот се депонира на локација која се наоѓа на влезот од градот, загадувајќи ги воздухот и подземните води. - Таму се создаваат канцерогени материи од прв ред, од типот на диоксините и фураните. Исто...

Условна затворска казна за одговорните лица во ЈКП Тетово

Условна затворска казна од три месеци за одговорното лице на Јавното комунално претпријатие Тетово, одреди Основниот суд Тетово, откако минатиот месец Јавното обвинителство против ЈКП Тетово поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина и на природата со отпад. Претпријатието се товари дека отпадот го депонира на претоварната станица, која не работи според стандарди. – Се работи за отворен тип на претоварна...

ЈКП Тетово обвинето за загрозување на животната средина

Обвинителен предлог за загрозување на животната средина и на природата со отпад, поднесе Основното јавно обвинителство Тетово против Јавното комунално претпријатие Тетово. Комуналното претпријатие се товари дека комуналниот отпад го одложува на претоварна станица, која не работи по стандарди. - Се работи за отворен тип на претоварна станица, каде се одложува комуналниот отпад од градот и од приградските населби, а...

Беровските комуналци изнудија вонредна седница на општинскиот Совет

Вечерва на вонредна седница, советниците од Берово одлучуваат за состојбата во Јавното комунално претпријатие „Услуга“. Берово се задушува во смет и во отпад откако минатата недела комуналните работници стапија во штрајк. Контејнерите се преполни, а околу нив има мали депонии од насобрани кеси со ѓубре. Комуналците си ги бараат неисплатените плати за четири месеци. Граѓаните, иако имаат разбирање за проблемот на комуналците,...

„Ајде Македонија“: 19.500 учесници исчитија повеќе од 200 локации од отпад

Во рамки на проектот „Македонија без отпад 2015“, вчера низ целата земја се одвиваше национална акција за чистење отпад. Акцијата беше во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“. „Треба да се продолжи со активности за подобрување на управувањето со отпадот уште пошироко и уште потемелно, со акцент на селекција на секундарни...

Исчистена дивата депонија кај Сушички мост во Гостивар

Во рамки на проектот „Македонија без отпад“, денеска беше исчистена дивата депонија во Сушички мост, близу Гостивар. Акцијата ја проследија министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалникот Невзат Бејта. Целта на проектот, кој со еколошки акции се спроведува низ целата земја, е да се подигне свеста кај граѓаните за правилно депонирање на сметот. - Целта е да имаме што помалку...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фатија за гуша за комуналното уредување

Општинската организација на СДСМ од Охрид денеска на прес-конференција реагираше за градежниот шут кој е исфрлен во атарот на село Лакочереј, покрај Охрид. Побараа од надлежните општински служби веднаш да го отстранат шутот од околината, а за можните последици од неговото истоварање во населено место, одговорност да понесе локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. - Со денови се носеа овде бетонот и...

Дивата депонија, која е повторно активна, ги труе тетовци 

Големи количества разновиден отпад повторно се наталожија на претоварната станица на Јавното комунално претпријатие на влезот од Тетово. Поради невремето што го зафати тетовскиот регион, механизацијата на комуналното претпријатие, која беше ангажирана во поплавените подрачја, не успеа навреме да го собере и да го транспортира сметот од претоварната станица, каде сега е создадена огромна дива депонија. Проблемот со депонијата најмногу го чувствуваат...

Крајбрежјето во Струга е полно со шут и со отпад

Стружани, особено еколозите, реагираат за атакот што се врши врз крајбрежјето од струшкиот дел на Охридско Езеро. Тие викендов организирано го чистеа крајбрежјето од шут и од отпад, но истовремено укажаа на неодговорната и на лошата навика на поединци да ја палат трската крај самиот брег и да фрлаат градежен шут со намера за оградување простор за сопствена плажа,...

Се чисти отпадот во кањонот Матка

Со чистење на кањонот Матка во општина Сарај, денеска почнува пролетната кампања за собирање на отпадот од сите населени места во општината. Во рамки на акцијата, на која ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, покрај кањонот, ќе се чисти и дивата депонија во село Рашче.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...