Таг: отпад

таг: отпад

Исчистена дивата депонија кај Сушички мост во Гостивар

Во рамки на проектот „Македонија без отпад“, денеска беше исчистена дивата депонија во Сушички мост, близу Гостивар. Акцијата ја проследија министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалникот Невзат Бејта. Целта на проектот, кој со еколошки акции се спроведува низ целата земја, е да се подигне свеста кај граѓаните за правилно депонирање на сметот. - Целта е да имаме што помалку...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фатија за гуша за комуналното уредување

Општинската организација на СДСМ од Охрид денеска на прес-конференција реагираше за градежниот шут кој е исфрлен во атарот на село Лакочереј, покрај Охрид. Побараа од надлежните општински служби веднаш да го отстранат шутот од околината, а за можните последици од неговото истоварање во населено место, одговорност да понесе локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. - Со денови се носеа овде бетонот и...

Дивата депонија, која е повторно активна, ги труе тетовци 

Големи количества разновиден отпад повторно се наталожија на претоварната станица на Јавното комунално претпријатие на влезот од Тетово. Поради невремето што го зафати тетовскиот регион, механизацијата на комуналното претпријатие, која беше ангажирана во поплавените подрачја, не успеа навреме да го собере и да го транспортира сметот од претоварната станица, каде сега е создадена огромна дива депонија. Проблемот со депонијата најмногу го чувствуваат...

Крајбрежјето во Струга е полно со шут и со отпад

Стружани, особено еколозите, реагираат за атакот што се врши врз крајбрежјето од струшкиот дел на Охридско Езеро. Тие викендов организирано го чистеа крајбрежјето од шут и од отпад, но истовремено укажаа на неодговорната и на лошата навика на поединци да ја палат трската крај самиот брег и да фрлаат градежен шут со намера за оградување простор за сопствена плажа,...

Се чисти отпадот во кањонот Матка

Со чистење на кањонот Матка во општина Сарај, денеска почнува пролетната кампања за собирање на отпадот од сите населени места во општината. Во рамки на акцијата, на која ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, покрај кањонот, ќе се чисти и дивата депонија во село Рашче.

Инсектите се чистачи на улиците

Инсекти играат важна улога во расчистувањето на тони отпадоци од храна што луѓето ги фрлаат низ улиците и низ парковите на њујоршкиот кварт Менхетн, оценија научници. - Инсектите годишно, само од Бродвеј до Вест стрит на Менхетн, јадат 950 килограми отпад од рестораните за брза храна, што е еднакво на 60.000 сендвичи - вели Елза Јангстед, научничка од Универзитетот во Северна...

Се градат подземни контејнери во општина Аеродром

Денеска, на влезот пред ТЦ „Три бисери“, почна изградба на подземни контејнери, во кои ќе се селектира отпадот. Почетокот на изградбата официјално го означија градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи. Подземни контејнери ќе се градат на три локации во општина Аеродром и тоа пред ТЦ...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...