fbpx

Гостиварци го блокираа транспортот на тетовскиот смет до депонијата Русино

-

Втор ден камионите на тетовското комунално претпријатие се блокирани на влезот од Гостивар. Жители од неколку гостиварски села на чело со гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, не им дозволуваат на камионите да го продолжат патот до депонијата Русино, каде тетовските комуналци вчера тргнаа да го депонираат отпадот.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, изјавија дека сметот редовно се носи во депонијата Дрисла. Но по поплавите во скопскиот регион тој процес е отежнат и затоа донеле одлука сметот привремено да го депонираат во Русино.

– Моментално преговараме со гостиварската локална самоуправа да ни дозволи да го носиме сметот во Русино, додека трае кризата со поплавите во Скопје. Се надевам дека ќе се договориме и нема да има понатаму никакви проблеми со носење на отпадот. Ако не се договориме, отпадот пак ќе мора да го носиме во Дрисла. Таму имаме малку потешкотии, но се надеваме дека ќе немаме некои посериозни проблеми со транспортот, изјави Џелал Цека, директорот на ЈКП Тетово.

Жителите од неколку гостиварски села, четири месеци не дозволуваат да се носи смет во регионалната депонија Русино. Револтирани се што депонијата работи без никакви стандарди а патната делница која води до Русино е целосно уништена од камионите на комуналните претпријатија.

– Бараме општините кои го носат сметот до Русино да ја уредат депонијата, затоа што тие ја користат. Таму комуналните претпријатија на диво го фрлаа сметот, така се загадуваше нашата околина. Треба да се направи современа фабрика во Русино за депонирање и рециклирање на сметот. И патот кон Русино е целосно уништен. Камионите од комуналните претпријатија го уништија патот, а не ставија ниту грам асфалт, изјави еден од учесниците на блокадите уште во мај годинава, кога започнаа проблемите со транспортот на тетовскиот отпад.

Од Општина Гостивар, велат дека за уредување на Русино надлежен е Центарот за полошки плански регион.

Од кабинетот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која е претседателка на Центарот за полошки плански регион во неколку наврати соопштија дека засега нема никакви активности околу уредување на регионалната депонија Русино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...