fbpx
Таг: награда

таг: награда

Иванов и Путин во Москва ќе разговараат за ситуацијата на Балканот

Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска во Москва ќе се сретне претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, информираат од кабинетот на рускиот претседател. „Се очекува двајцата лидери да разговараат за прашањата кои се однесуваат на понатамошниот развој на билатералната соработка. Тие исто така ќе разменат мислења за моменталните регионални прашања, а првенствено за ситуацијата на Балканот“, се вели во најавата...

Иванов оди во Русија да прими награда од рускиот патријарх

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Руската Федерација, соопштија од кабинетот на претседателот. На Иванов во црквата „Христос Спасител" во Москва, Патријархот на Руската православна црква, Кирил, ќе му ја врачи наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори" за 2016 година. Покрај македонскиот претседател, добитници се и...

Домот „11 Октомври“ со прва награда на детски филмски фестивал во Италија

Домот за деца без родители „11 Октомври“ е добитник на првата награда за најдобар филм во Бари, Италија, на регионалниот фестивал за филм и детски цртажи „Бене мале“ (Bene - Male). - Премногу сме горди и среќни за успехот на филмот на нашите дечиња од домот. Фестивалот традиционално се одржува секоја година во Италија и е посветен на децата,  нивниот...

СДСМ: Наместо награда на Дурловски, Иванов да го даде мандатот за нова влада

Врв на хипокризијата во општеството е што на Денот на победата над фашизмот, државната награда за Македонската опера и балет (МОБ) Ѓорге Иванов му ја врачи на Игор Дурловски, кој поттикнува и промовира фашизам во Македонија, реагираат од СДСМ. „СДСМ ја честита 70-годишнината на Македонската опера и балет и најавуваме дека никогаш повеќе институциите нема да бидат заложници на партиски...

Иванов ќе добие руска награда за придонес во православието

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е одликуван со наградата „Неговата светост патријарх московски и на цела Русија, Алексеј Втори“ за 2016 година, што во мај, на свечена церемонија во Москва, ќе му биде врачена од патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил, соопшти кабинетот на претседателот Иванов. Наградата ја доделува Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи, за...

Ирма Гогова, победник на првото издание на талент-шоуто „Охрид суперстар“

Ирма Гогова, 17-годишна ученичка во трета година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, е прогласена од жири-комисијата за најдобра изведувачка на првото издание на талент-шоуто „Охрид суперстар“. Гогова ја доби главната награда од 2.000 евра, како и право на учество на фестивалот „Езерски бисери“ и на меѓународниот фестивал „Славјански базар“. Таа претходно ги помина првата основна и елиминациската аудиција, кои беа...

Високи поетски признанија за Шипинкаровски, Петрески и за Мундишевска-Велјановска

Струшкиот поет Петко Шипинкаровски е добитник на Висока награда и на диплома од прв степен за песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“, како и на наградата „Јубилејна грамота“ за учество на десеттиот Меѓународен славјански конкурс за преводи во поезијата (2016, 2017). Конкурсот го распиша еден од најголемите руски портали „Стихи ру“ од Москва, организиран од руската поетеса Олга Малцева Арзиани. На овој...

Серафиновиќ и Лупевска-Созен ја освоија првата награда „Никола Младенов“

Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен го освоија првото место на годинешниот конкурс на Македонскиот институт за медиуми, за новинарската награда „Никола Младенов“, за најдобра истражувачка сторија. Серафиновиќ и Лупевска-Созен ја добија наградата за сторија објавена во емисијата „Код“ на телевизија „Телма“, за смртта на Коста Крпач, сведок на Специјалното обвинителство и едно од лицата аболирани од претседателот. Втората награда ја доби...

Наградата „Прличеви беседи 2017“ за поема, врачена на Зоран Пејковски

Денеска во Охрид, во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи 2017“, беше претставен лауреатот и му беше врачена „Прличевата награда“ за 2016 година, на поетот Зоран Пејковски, за поемата „Македонски стар и нов завет“. - Пејковски, како автор, се одважил да ја доближи македонската историја до сите легенди и приказни, до она што како непобитна вистина ја носи во себе Библијата....

На „Прличеви беседи 2017“, наградата за поема ја доби Зоран Пејковски

Во Охрид од денеска се чествува ликот и делото на атинскиот ловоронесец, великанот на македонската преродба, Григор Ставрев Прличев. Напладне, во библиотеката „Григор Прличев“, ќе се одржи промоцијата на поемата „Екот на вековите“ на авторот Мирко Томовски. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Зоран Јакимоски. Традиционалната манифестација „Охридска визита“ ќе се одржи утре, кога е и книжевниот портрет на Јовица Тасевски...

Поемата „Македонски стар и нов завет“, најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“

Жири-комисијата ја избра поемата „Македонски стар и нов завет“ за најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“ за 2016 година. Најдобрата поема беше одбрана од трите кои влегоа во најтесен круг, (од вкупно 12 пристигнати): „Слово горко непремолк“ под шифра „892000“, „Македонски стар и нов завет“ под шифра „Библија“ и „Армагедон“ под шифра „Кузман Капидан“. „Текстот на поемата „Македонски стар и...

Светската награда за хуманизам за 2017 година денеска ќе му биде доделена на Јиржи Свобода

Меѓународното жири на Охридската академија на хуманизмот, вечерва, во Куќата на Уранија во Охрид, ќе му ја додели Светската награда за хуманизам за 2017 година, на чешкиот режисер Јиржи Свобода. Според најавите, на свеченоста предвидено е обраќање на претседателот на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш, амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш и на градоначалнкот на Охрид, Никола Бакарачевски, кој...

Наградата на Охридската академија за хуманизам за Јиржи Свобода

Светската награда за хуманизам за 2017 година, на Охридската академија на хуманизам, му e доделeна на Јиржи Свобода, култно име на чешката и на светската кинематографија. Доделувањето на наградата ќе се одржи во Охрид на 18 јануари, на празникот Богојавление, Водици, во Куќата на Уранија на МАНУ, со почеток во 19 часот. - Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка...

Германското обвинителство распиша потерница по Анис Амри

Сојузната криминалистичка служба на Германија по налог на обвинителството и со поддршка на покраинската полиција, спроведува интензивна потрага по Анис Амри, кој е осомничен дека го изврши нападот на божиќниот базар во Берлин, во кој загинаа 12 лица. Обвинителството нуди и награда до 100.000 евра за информација што би помогнала да биде уапсен осомничениот. По налог на обвинителството, исто така, е распишана...

Утре ќе се додели државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ утре (21 декември) ќе ја додели истоимената награда за остварување во областа на публицистиката и на новинарството од интерес на Македонија, во Свечената сала на Собранието во 12 часот. Добитници на наградата се Аљуш Камбери во областа на публицистиката и Тони Димков за остварување во областа на новинарството.

Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, утре, во 12 часот, ќе го додели признанието за 2016 година, во свечената сала на Собранието. Наградата e највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во...

Доделена наградата „Св. Климент Охридски“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на предлог на специјалната комисија, одлучи највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“ за 2016 година, да ја добие основното музичко училиште „Методи Патче“. Оваа образовна установа, како што нагласи на прес-конференција Бакрачески, веќе половина век продуцира извонредни музичари, дел од нив светски познати и признати, кои достојното го презентирале Охрид на домашните и...

Усеин Болт по рекорден шести пат прогласен за најдобар светски атлетичар

Светскиот рекордер на 100 и на 200 метри, Усеин Болт, по шести пат ја доби наградата за најдобар атлетичар на светот во изборот на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ). Деветократниот олимписки шампион во последните девет години само трипати не го доби ова признание, а до рекордот стигна откако ги доби признанијата за најдобар атлетичар во 2008, 2009, 2011, 2012, 2013 и сега...

Свилановиќ доби награда за унапредување на соработката помеѓу државите во ЈИЕ

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, е добитник на наградата „Д-р Елмер Хантош“, за унапредување на сооработката во регионот на Југоисточна Европа, што ја доделува Централноевропската фондација, соопшти РСС. Наградата е доделена за промоција на соработката во Југисточна Европа и интеграциските процеси на државите кон Европската Унија, што се вклопува и во напорите за продлабочување на...

Познати се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Фолклористот Марко Китевски е добитник на наградата „Св. Климент Охридски“ во областа на воспитанието и образованието. Награда за култура и уметност добија музичката уметница Гордана Јосифова-Неделковска, скулпторот Жарко Башески, поетесата Весна Стојчевска и театарската критичарка и публицистка Лилјана Мазова. Оваа одлука ја донесе Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016 година, за највисоко признание за долгогодишни остварувања...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...