fbpx

Иванов и Путин во Москва ќе разговараат за ситуацијата на Балканот

-

Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска во Москва ќе се сретне претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, информираат од кабинетот на рускиот претседател.

„Се очекува двајцата лидери да разговараат за прашањата кои се однесуваат на понатамошниот развој на билатералната соработка. Тие исто така ќе разменат мислења за моменталните регионални прашања, а првенствено за ситуацијата на Балканот“, се вели во најавата на официјалниот сајт на рускиот претседател.

Во рамки на работната посета на Русија, вчера, Патријархот на Руската православна црква Кирил, на свечена церемонија што се одржа во храмот „Христос Спасител” во Москва, на претседателот Иванов му ја врачи наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори” со која е одликуван за 2016 година како признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу-православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција.

Иванов се сретнал и со Патријархот на Руската православна црква, Кирил и со епископ Тихон, Викар на Патријархот московски и на цела Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...