вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: национална опера и балет | 17 резултати

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

февруари 17, 2025

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се коси со Меморандумот што Министерството за култура го потпиша минатата година со Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС УКИМ), а според кој, студентите имаат […]

Изведба на ремек-делото од Џакомо Пучини, операта „Боеми“ во НОБ

март 11, 2024

На 16 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и […]

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди на 21 февруари

февруари 8, 2024

На 21 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со […]

„Палјачи“ на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари

февруари 1, 2024

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20 часот, информираат оттаму. „Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија […]

Првиот концерт на Националниот џез оркестар следната недела во НОБ

јануари 16, 2024

Новоформираниот Национален џез оркестар ќе го отсвири својот прв концерт, насловен Jazz Nova на 23 јануари во Националната опера и балет. На концертот ќе може да се чујат биг бенд композиции на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации. Со концертот свечено ќе се одбележи започнувањето со работата на Националниот џез оркестар. Националниот џез оркестар […]

Новата сезона во НОБ започнува со операта „Лидија од Македонија“

септември 11, 2023

Новата сезона во Националната опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16 септември 2023 со почеток во 20 часот, информираат оттаму. „Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата […]

Гостување на Народниот театар од Белград, балетот „Жизел“ в среда во Националната опера и балет

декември 15, 2022

На 21 декември со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет во Скопје, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. Овој настап се случува во рамките на неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија „Open Balkan Theatre / Театар Отворен […]

Традиционален концерт – „Viva L’Opera!“ за празникот Василица во Националната опера и балет

јануари 10, 2022

Во среда, 12-ти и четврток 13-ти јануари по повод празникот Василица ќе се одржи традиционалниот концерт во Националната опера и балет на Република Северна Македонија. Под диригентсво на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ и учество на хорот и оркестарот на НОБ на концертот „Viva l’Opera“ ќе се изведуваат арии, дуети и хорски делници од опери […]

Во четврток промоција на пет реобјавени дела на Блаже Конески

декември 14, 2021

Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ реобјавува пет негови значајни дела. По овој повод, во четврток на 16 декември со почеток во 19:00 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи настан: „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од […]

Јубилејното 20-то издание на OFFest ќе се одржи од 9 до 13 ноември

октомври 27, 2021

Препознатливиот скопски фестивал OFFest годинава слави јубилеј 20 години од неговите почетоци. На фестивалската програма се поставени пет концерти и проекција на еден документарен филм. Фестивалот ќе се одржи од 9 до 13 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и Националната опера и балет (НОБ). Отворањето на фестивалот е закажано за 9 ноември, кога е […]

Јапонија донираше 663.000 евра во музички инструменти, опрема и осветлување на Националната опера и балет

септември 20, 2021

Нови музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување денеска беа предадени на Националната опера и балет од страна на Владата на Јапонија. Вредноста на донацијата изнесува 663.000 евра, информираат од Амбасадата на Јапонија во Скопје. На денешниот настан присуствуваа амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, главниот претставник на Јапонската агенција за меѓународна соработка – Џајка Балкан, […]

Со „Од оркестарот за публиката“ – опера без зборови, утре свечено се отвора фестивалот „Скопско лето“

јуни 20, 2021

42-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се отвори утре, со почеток од 21 часот, со изведбата на „Од оркестарот за публиката“ – опера без зборови во Националната опера и балет (НОБ). Концертот на кој ќе учествува оркестарот на НОБ е под диригентската палка на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ. Режисер е Дејан Прошев. […]

Од Националната опера и балет ќе сошијат и донираат 1.000 заштитни маски

април 15, 2020

Соработници во шивалните на Националната опера и балет ќе изготват 1.000 заштитни маски кои во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни. „На овој начин, Националната опера и балет и практично придонесува во борбата против светската пандемија на коронавирусот, покрај редовното споделување на оперско-балетскиот репертоар на […]

Страна 1 од 1