Традиционален концерт – „Viva L’Opera!“ за празникот Василица во Националната опера и балет

Фото: НОБ

Во среда, 12-ти и четврток 13-ти јануари по повод празникот Василица ќе се одржи традиционалниот концерт во Националната опера и балет на Република Северна Македонија.

Под диригентсво на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ и учество на хорот и оркестарот на НОБ на концертот „Viva l’Opera“ ќе се изведуваат арии, дуети и хорски делници од опери и оперети од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман и Лехар.

Билети и повеќе информации може да се пронајдат тука.