сабота, 7 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: Лилјана Затуроска | 11 резултати

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и за Садула Дураку

11 август 2017

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија денеска поднесоа интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку. Тоа е петтиот министер од владата на Зоран Заев за кого опозициската коалиција неделава поднесува интерпелација. За интерпелацијата на Дураку, пратениците како причина го наведуваат тоа што тој е „виновен за крајната негрижа и […]

Алаѓозовски ги деградира професионалците во областа на културата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

26 јули 2017

Бесрамната партизација на институциите што СДС ја применува го достигна дното со именувањето на Сашо Тасевски за директор на Драмски театар, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, покажал дека не е заинтересиран за професионалците во областа на културата зашто ги отпуштал или ги деградирал. – Не е […]

ВМРО-ДПМНЕ: Обврските што не се доспеани за наплата, Владата ги прикажува како долг

22 јули 2017

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, недозволиво се обидува недоспеани обврски на државата да ги брои во долгови, само за да манипулира со бројките и да му удоволува на својот лидер и на партиските интереси, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека Зоран Заев од ракав кажувал бројка дека централната власт има скриен […]

За СДСМ актуелниот буџет е нереален, за ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот ќе биде партиски

19 јули 2017

На денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека тие сметаат дека тој е направен по желбата на СДСМ за да се партизираат институциите, а од СДСМ, пак, посочија дека сметаат дека буџетот за 2017 година е предимензиониран и затоа е потребен ребаланс. Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со […]

Затуроска: Одложувањето на СДСМ да се соочи со народот го зголемува револтот кај граѓаните

16 мај 2017

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката Лилјана Затуроска денеска повторно го повика парламентарното мнозинство веднаш да обезбеди услови за продолжувањето на мандатот на локалната власт и да не ги одлагаат локалните избори. Тоа, според Затуроска, е неопходно за да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните и потребите на општините, да продолжат нормално да функционираат како сервис […]

Затуроска: Заев остави простор поединци да го негираат идентитетот и да се закануваат

13 март 2017

Со одбивањето да ја отфрли тиранската платформа, аболираниот криминалец Зоран Заев ја отвори Пандорината кутија за редефинирање на Македонија, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека на тој начин Заев оставил можност „поединци или групи сè поотворено да го негираат македонскиот идентитет и да испраќаат закани кон Македонија, искажувајќи територијални претензии“. – […]

Затуроска: ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја одржи економијата во правилна насока

16 февруари 2017

Македонската економија како и претходната година така и сега од страна на Европската комисија е оценета како стабилна, со прогнозиран пораст на домашниот бруто-производ од 3,2 проценти, што е еден од највисоките во Европа, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека „во извештајот се прогнозира невработеноста да се намали на 22 проценти, […]

Страна 1 од 1