fbpx

И претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка

-

Претседателот на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ, Лука Кржалоски, поднесе оставка на својата партиска функција.

Оставката следува по повлекувањето на претседателката на Унијата на жени (УЖ) на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, генералната секретарка на УЖ Лилјана Затуроска, како и потпретседателката Лилјана Кузмановска.

„Покрај тоа што моменталното раководство имаше речиси цела година да излезе со стратегија за горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе пројде до промена на курсот. Дополнително, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори кои, сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во пошиокиот балкански регион. Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – Европската народна партија (ЕПП). А друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство“, пишува Кржалоски.

Кржалоски беше избран за претседател на УМС во март годинава, на предлог на актуелниот Централен комитет на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила...
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
free download udemy course
download karbonn firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy paid course free download