fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Сè уште неизвесна посетата на Вучиќ на српските енклави во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ и вчеравечер не одговори дали е можно да биде откажана неговата посета на српските енклави на Косово, која беше најавена за викендов. - Утре ќе зборуваме за тоа - им одговори Вучиќ на новинарите во Белград по заедничката прес-конференција со американскиот министер за трговија Вилбур Рос, по повод потпишувањето на Меморандумот за разбирање на владите на...

Хан: Брисел би требало да прифати корекција на границата Србија-Косово

Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, пренесе „Еуроактив“. – Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања - изјави тој во Виена. Во анализата на „Еуроактив“ се наведува дека намерата на комесарот Хан е...

Министерството за правда почна постапка за екстрадиција на двајца обвинети во „Монструм“

Од Министерството за правда до Основниот суд Скопје 1 утрово пристигнало писмо со известување дека и официјално е започната постапката за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се наоѓаат во Косово. Во мај судењето за „Монструм“ почна од почеток, откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро...

Меркел: Нема промена на границите на Западниот Балкан

Германската канцеларка го повтори ставот дека нејзината земја нема да дозволи промена на границите на Балканот. Во последните неколку месеци од српска и косовска страна стасуваат сè повеќе повици за размена на територии меѓу Косово и Србија. - Територијалниот интегритет на Западниот Балкан е дефиниран и не е тема за преговори - порача германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот од...

ТХП против новиот косовски амбасадор, контроверзниот Ѓерѓ Дедај

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) испрати писмо до претседателот Ѓорге Иванов и до министерот за надворешни работи Никола Димитров и побара во рамките на своите можности да го спречат назначувањето на досегашниот заменик-министер за надворешни работи на Косово, Ѓерѓ Дедај, на функцијата амбасадор во Македонија. „Партијата за движење на Турците во Македонија, како и целата турска јавност...

МЗШВ: Штетата од царината на Косово за земјоделските производи е околу 180.000 евра

Одлуката на Косово, со која царините за овошјето и зеленчукот од Македонија беа зголемени за 30 отсто, предизвика штета од околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, одговори денеска на новинарско прашање, шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски. Тој додаде дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран лани од 18 до 31 јули, период во кој годинава...

Ѓерѓ Дедај именуван за нов амбасадор на Косово во Македонија

Косовскиот претседател Хашим Тачи го именувал актуелниот заменик министер за надворешни работи Ѓерѓ Дедај за нов амбасадор на Косово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста на својата фејсбук-страница синоќа ја објави самиот Дедај. Пратениците од Групта 6+ во косовското Собрание минатата недела побараа од премиерот Рамуш Харадинај разрешување на Дедај од функцијата заменик министер, поради неговите навредливи изјави...

Бектеши: Косово целосно ја повлече одлуката за зголемени царини

Косовската Влада во целост ја укина одлуката за зголемени царини, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.Тој додаде дека одлуката треба да се спроведе од утре, откако претходно косовските власти ќе испратат официјално писмо до нивните царински служби. - На владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на петочната средба во Приштина - рече Бектеши. Тој...

Бектеши: За најскоро време очекуваме взаемно прифатливо решение со Косово

По средбата помеѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани, забелешките за комплетно отстранување на заштитната мерка за повисока царина на одредени земјоделски производи, треба да се најдат пред косовската Влада. Иако мерката е делумно повлечена за поголем број производи, односно од 21, остана на сила за само седум сезонски производи за доматите,...

Преговорите течат, Владата се уште не воведува реципрочни мерки кон Косово

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е во постојана комуникација со ресорните министри од Косово и од регионот, информираат од МЗШВ. Од таму додаваат дека Владата прави се, за да не дојде во ситуација да воведува контрамерки како одговор на постапката на Косово и...

Харадинај: Размената на територии значи војна и трагедија за Балканот

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се противи дури и на споменувањето на поделбата на Косово, односно размената на територии со Србија, и смета дека такво нешто би предизвикало трагедија за целиот Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина. – Поделбата за мене значи војна и ова го тврдам недвосмислено. Не е добро да се споменува поделбата. Било кој што споменува поделба,...

За зголемените царини во Косово, Македонија ќе се жали на ЦЕФТА и ЕУ

Против одлуката на Косово да ги зголеми царините за одредени земјоделски производи, Македонија денеска ќе се пожали на ЦЕФТА и ЕУ, а ќе испрати и допис до министерството за трговија и индустрија на Косово, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој рече дека зголемувањето на царината за 30 отсто е прекршување на договорот ЦЕФТА договорот, како и...

Османи – Тачи: Добивањето датум за преговори ќе биде пресвртница за цел Западен Балкан

Затворивме исклучително комплексен и тежок спор меѓу Македонија и Грција, што претставува меѓудржавен дипломатски успех кој верувам ќе се наметне како начин на затворање на отворените прашања меѓу соседите во целиот регион, порачал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со претседателот на Косово, Хашим Тачи. На средбата се разговарало за напредокот во соработката меѓу двете земји, за...

Османи утре во посета на Косово, средби со Тачи и Хоџај

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Осамни ќе има средби со претседателот на Косовo, Хашим Тачи, како и со потпретседателот на Владата на Косовo, Енвер Хоџај. На средбите ќе бидат отворени прашањата за напредокот во меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, очекувањата од...

Пратениците во Тирана фрлаа јајца и брашно по Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната седница на парламентот беше гаѓан со брашно и јајца поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија. Седницата во неколку наврати беше прекината. По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми.

Коѕиас по средбата со Дачиќ: Направен е чекор напред во преговорите на Грција и Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград изјави дека во преговорите на Грција и Македонија за спорот за името е направен чекор напред, како и дека клучот за решавање на проблемот се „реализмот, прагматизмот и сфаќањето дека треба да се направат компромиси“, пренесуваат српските медиуми. - Треба да направиме...

Лавров: Русија ќе ги брани легитимните интереси на Србија

Русија е подготвена и понатаму на српските партнери да им дава поддршка во одбраната на легитимните национални интереси во однос на Косово, пред сè во меѓународните структури, му напишал шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на својот српски колега Ивица Дачиќ. Во врска со акцијата на РОСУ на косовската полиција во Косовска Митровица и апсењето на директорот на Канцеларијата за...

ОБСЕ загрижен за безбедноста на новинарите во Косово

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир, и шефот на мисијата на ОБСЕ во Приштина, Јан Брату, изразија длабока загриженост за безбедноста на новинарите кои известувале за интервенцијата на полицијата во северниот дел на Косовска Митровица, кога беше уапсен директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ. За време на полициската операција на 26 март, повредени...

Базата „Бондстил“ доби командант со српско потекло

Полковникот Ник Дучиќ, Американец со српско потекло, е новиот командант на американската база „Бондстил“ на Косово. - Јас сум прв американски офицер со српско потекло кој ќе командува со мултинационалната борбена група Исток стационирана во “Бондстил“ - вели овој рече овој висок офицер од САД. Тој во Косово доаѓа од позицијата командант на 79-та пешадиска бригада на Националната гарда на Калифорнија....

Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на учесниците во „Диво насеље“

Косовското Министерство за финансии ја реализираше одлуката на Владата и на 29 семејства на загинатите и осудените за настаните во кумановско Диво насеље во мај 2015 година им исплати по 10.000 евра. – Исплатени се 290 илјади евра, пропорционално за 29 семејства на загнатите и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...