fbpx
Таг: корона

таг: корона

Вибер-група „Де факто: само проверени содржини“ за точно информирање на граѓаните

Во време кога на социјалните мрежи се повеќе се шират дезинформации, Фондацијата Метаморфозис ја започна отворената Вибер група „Де факто: само проверени содржини“ наменета за граѓаните. Целта е да се подобри информираноста со точни, проверени и веродостојни информации на теми кои се од интерес и важност за секојдневниот живот на граѓаните. Во оваа Вибер група ќе се објавуваат проверени информации...

Италија стана првата земја во Европа што ќе бара ковид-потврда од работниците

Првата земја во Европа што ќе бара сите вработени да поседуваат здравствена ковид-потврда е Италија, откако италијанската влада вчера усвои мерка со која што дигиталните потврди се задолжителни за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, јави „Еуроњус“. Обврската ќе важи од 15 октомври најмалку до крајот на годинава. Целта е да се зголеми бројот на дадени вакцини и...

Вистиномер: Вакцинираните мајки што дојат не си ги убиваат бебињата!

Врз база на анонимна пријава до системот ВАЕРС, дека починало бебе откако мајката се вакцинирала, се конструира невистинит заклучок дека мајките што дојат, а ќе се вакцинираат, си ги убиваат своите новороденчиња, „Мета“ пренесува анализа „Вистиномер“ на една дезинформација што се однесува на доилките што се вакцинирале: Рецензираме објава на Фејсбук во која се тврди дека мајките кои се вакцинирани против...

ДЗС: Досега се попишани 711.418 граѓани во земјата и 193.054 од дијаспората

До 20 часот вчера, во рамки на пописот се попишани вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Истовремено, 193.054 македонски државјани кои живеат во странство или таму имаат времен престој се самопопишале преку интернет апликацијата почнувајќи од април годинава па заклучно со вчера. Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава почна на 5...

Вистиномер: Личните податоци за починатите од ковид не смеат јавно да се објавуваат

Личните податоци на заболените и починати од ковид-19, исто како и за кое било друго починато лице, не смеат да се злоупотребуваат и да бидат јавно објавени, како што сугерира авторот на објавата што ја рецензираме. Заштитата на личните податоци се гарантира со повеќе европски и домашни законски акти, а за секое прекршување предвидени се и соодветни казни. Неточни...

Регистрирани 609 нови случаи, 22 лица починале од ковид-19 во изминативе 24 часа

Според најновите податоци што ги соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на ковид-19: Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп...

Вистиномер: Социјалните мрежи „експлодираа“од дезинформации за вакцините

Вистинска експлозија од дезинформации за ковид-19 во изминатиот период се случи на интернет просторот, пред сѐ, на социјалните мрежи. Ширењето невистини, полувустини  и манипулации особено се засили со стартот на масовната вакцинација и налетот на делта сојот на короновирусот. Во овој четврти бран од  пандемијата наративот во креирањето на погрешна слика за опасната болест се насочи главно кон вакцините....

Нови 256 случаи со ковид-19, починале 31 пациент во изминативе 24 часа

Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), што ги соопшти Министерствоо за здравство (МЗ), во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на ковид-19: Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка –...

Вистиномер: Не се развива чип за детекција на ковид, туку сензор од хидрогел кој не може да детектира патогени

Во продолжение ја преобјавуваме рецензијата на „Вистиномер“ на пост на Фејсбук со тврдење дека е развиен микрочип за детекција на ковид:   Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека Пентагон во април 2021 година изјавува оти има микрочип којшто, наводно, ќе се стави во телото и ќе регистрира дали човекот има вирус. Ех, која теорија на заговор не е исполнета...

Вистиномер: Интервју полно со дезинформации шири невистини за коронавирусот и вакцините

Интервјуто со Гордана Гоџо е полно со невистини поврзани со пандемијата на коронавирусот и вакцините против него. Студиите на кои се повикува Гоџо немаат никаква научна основа и се базираат на изјави дадени од самите автори. Импликациите дека маските не штитат од ковид-19 како и дека вакцините против ковид се штетни, можат во голема мера да наштетат на процесот...

Вистиномер: Лага за вакцината и децата во училиштата

Лажна вест е пласирана како објава на Фејсбук дека со самото тоа што сте ги испратиле децата во училиште сте дале и согласност за вакцинација против ковид, пишува „Вистиномер“ во анализа, што подолу ја пренесуваме во целост:   „Прочитајте добро родители, ова е буквален фашизам и тиранија“, бомбастично најавува авторот на објавата на Фејсбук што ја рецензираме и кој споделува фотографија...

Вистиномер: Невистина е дека Данска ќе го води ковид ,,како обичен грип”

Целосна дезинформација е дека Данска ќе ги укине рестриктивните мерки затоа што ковид-19 ќе го смета како грип. Голем дел од мерките се олабавуваат поради високото ниво на вакцинирано население - од 71 отсто, пишува „Вистиномер“ во новата анализа што подолу ја пренесуваме во целост: Во медиумите се појавија тврдења во кои се вели дека од 10 септември Данска ги...

Во Бугарија нови построги мерки за спречување на ширењето на ковид-19

Од денеска, на целата територија на Бугарија на сила се построги мерки за намалување на ширењето на ковид-19, извести бугарски „Медиапул“. Според податоците од Единствениот информативен портал, бројот на случаи на ковид-19 во Бугарија од почетокот на пандемијата е 562.710, а бројот на починати е 19.149. Во моментов во земјата има 34.507 активни случаи. Хоспитализирани се 4.284 пациенти, а вчера...

Вкупниот број на заболени од ковид-19 во земјава надмина 180.000

Во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањe, а регистрирани се 459 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Најголем дел од регистрираните нови случаи се од Скопје – 235. Починале 21 лице на возраст од 49 до 84 години. Регистрирани сe 368 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.188.356 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица...

Вистиномер: Мицкоски недоследен во изјавите кога и зошто се вакцинирал

Кога навистина се вакцинирал Христијан Мицкоски? Во почетокот на август или на 31. август 2021 г. поради мерките на Владата? И кои биле вистинските причини? Самиот тврди дека тоа го сторил и тогаш и сега скоро, пишува Вистиномер во својата нова анализа која ја пренесуваме во целост: Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија...

Над 15.100 активни случаи на ковид-19, починале уште 32 лица

Министерството за здравство соопшти дека за 24 часа се направени 7.174 теста, а регистрирани се уште 708 случаи на ковид-19 од кои најголем дел во Скопје - 315. Како последица на болеста починале 32 лица, од кои 11 од Скопје на возраст од 42 до 81 година. Најмладиот починат бил од Охрид и имал само 25 години. Регистрирани сe 573...

МЗ: Бројот на починати од ковид-19 надмина 6.000, вчера ставени 13.219 вакцини

Министерството за здравство соопшти дека а вакциналните пунктови во земјава и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани. Со последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години имаат примено...

Вистиномер: Вакцините против ковид не се експериментални, а децата може да се заразат со делта варијантата

Подолу интегрално пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на видео објавено на Фејсбук со неточни тврдења дека вакцините против ковид-19 се експериментални и штетни: Во вирално видео на Фејсбук во непознато лице шири неточни информации. Иако ова лице тврди дека вакцините се експериментални, според истражувањето на Порталб, ова не е вистина. Лицето додава дека младите не треба да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи...

Вистиномер: Спиновите околу пописот укажуваат на силна заложба тој да пропадне

Пописот што претстои одново е обвиен со дезинформации во јавноста, што преку „народните групи“ на социјалните мрежи, што преку политички партии. Заедничка нишка, што може да се издвои, е крајната цел – делегитимација на владата предводена од СДСМ и ДУИ преку настојување пописот да биде неуспешен, а не самиот попис. На тој начин, пописот е само корисна алатка во...

Вистиномер: Лага е дека вакцинираните се причината поради која вирусот мутира

Два неспорни факти зборуваат спротивно од тврдењето на научникот што се залага за драстично намален обем на вакцинација од она што сега се прави во светот. Првиот е Малоун се пласира како изумител на вакцините што користат нови платформи и технологија, а не е, вториот е бројките од статистичките податоци и студиите не се совпаѓаат со тврдењата на Малоун....

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...