Од денеска, на целата територија на Бугарија на сила се построги мерки за намалување на ширењето на ковид-19, извести бугарски „Медиапул“.
Според податоците од Единствениот информативен портал, бројот на случаи на ковид-19 во Бугарија од почетокот на пандемијата е 562.710, а бројот на починати е 19.149. Во моментов во земјата има 34.507 активни случаи. Хоспитализирани се 4.284 пациенти, а вчера била ставени 1.654 дози вакцини.
Според новите мерки што стапуваат на сила денеска на целата територија на Бугарија, рестораните, баровите, салите за танци и казината ќе може да работат од 7 до 23 часот со најмногу шест луѓе на една маса, на растојание од 1,5 метри. Ноќните клубови нема да работат, а нема да се одржуваа јавни собири, музички фестивали и тимбилдинг случувања.
Фитнес-центрите ќе може да користат најмногу 30 отсто од местата, а со максимум 50 отсто капацитет на затворено ќе работат кино салите, театрите, концертните и спортски сали. Свадби и крштевки на затворени ќе може да се вршат со најмногу 30 гости.
Трговските објекти во кои сите вработени се вакцинирани ќе може да работат со 100 отсто од капацитетите.
Угостителите и хотелиерите веќе неколку пати се спротивставија на ваквите мерки, а во некои градови во Бугарија изминатава седмица имаше протести против мерките.
Голем протест против мерките е најавен за утре, а на угостителите ќе им се приклучат и транспортерите, пишува „Медиапул“.
Мерките ќе бидат на сила до 31 октомври.