fbpx
Таг: Јоханес Хан

таг: Јоханес Хан

Советник на Хан: ЕУ да даде зелено светло на Македонија за преговори

Земјите членки на ЕУ, а пред се „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија, смета Франц Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и...

Хан: Верувам дека сите политички лидери ќе покажат храброст за следните чекори

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан ја поздрави ратификацијата на договорот од страна на Собранието. - Ова е првиот чекор од многу други кон целосна имплементација. Верувам дека сите политички лидери ќе покажат лидерство и храброст за следните чекори - напиша Хан на неговиот твитер-профил. https://twitter.com/JHahnEU/status/1009416746711822336

Вајгл: Иванов не смее да биде претставник на својата партија туку на целата држава

Европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл запрашан да го коментира ставот на претседателот Ѓорѓе Иванов за Договорот со Грција, порача дека од ЕУ во повеќе наврати му испратиле порака дека Македонија мора да гледа кон иднината. - Обврска на политиката, на политичките партии и на претседателот на државата е да водат грижа за перспективите на младите...

Хан: Граѓаните на идната Северна Македонија заслужуваат европска иднина

„Ова е историски ден затоа што граѓаните на идната Северна Македонија заслужуваат европска иднина“, изјави еврокомесарот Јоханес Хан во Отешево, по потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција во Псарадес, на грчката страна од Преспанско Езеро. Тој додаде дека требаше многу време и многу пат за да се стигне таму каде што сме денеска, но исто така потсети дека следува...

Хан: Несоодветно е претседател да одбие разговор со премиер, треба одговорност

Несоодветно е за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака, вели еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, во интервју за МИА. „Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност. Ова не...

Могерини, Хан и Туск им честитаа на Заев и Ципрас за покажаното лидерство и одлучност

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето договор за спорот за името и порачаа дека...

Хан: Сите од се срце ги поддржуваме преговорите за името

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан по појадокот помеѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, изјави дека сите изразиле силна поддршка за преговорите за името помеѓу Македонија и Грција. „Плодна дискусија помеѓу пријателите на Македонија на појадокот. Благодарност до Никос Коѕиас и Никола Димитров за нивната конструктивна напорна работа. Сите,...

Дигиталното поврзување на Западен Балкан ќе биде финансирано со 200 милиони евра од ЕУ

Заклучоците од првиот Дигитален Самит, што пред еден месец се одржа во Скопје, веќе се дел од агендата на Европската Унија, информираат од министерството за информатичко општество и администрација. „Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од самитот на ЕУ и Западен Балкан, информираше дека иницијативите за дигитална агенда и поголема поврзаност во регионот ќе бидат финансирани со повеќе од 200 милиони...

Нимиц, Димитров и Коѕиас денеска се среќаваат во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас денеска во Виена ќе се сретнат со Метју Нимиц, посредникот во преговорите за името под покровителство на ОН. Како што соопштија од седиштето на ОН во Њујорк, Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето со името“. Иако вчера еврокомесарот Јоханес...

Хан: Можно е за две недели да има решение на спорот за името

Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, изрази оптимизам дека грчкиот спор во врска со името на Македонија би можел да се реши во следните 15 дена. - Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ. Мислам дека сите се...

Мицкоски му кажал на Хан дека во Македонија има корупција и неефикасни институции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во партиското седиште се сретнал со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, со кого разговарал за извештајот на Европската комисија кој се однесува на интеграцискиот процес на Македонија кон Европската Унија и за состојбите во државата од економски и политички аспект. Од партијата информираат дека Мицкоски му посочил на Хан дека европскиот...

Џафери: Следува период за имплементација на законите и политички дијалог

Извештајот е позитивен, безусловен, со препорака за определување датум за почнување преговори за членство во ЕУ. Ова е достигнување на сите во Република Македонија, а посебно на граѓаните, кои стрпливо дадоа поддршка за сите напори кои беа преземани од политичките партии, Собранието и Владата, истакна претседателот на Парламентот Талат Џафери по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, кој нему и...

Заев – Хан: Граѓаните ја заслужија препораката, Македонија е повторно на европскиот пат

Владата сега уште поенергично ќе ги води реформските процеси , изјави премиерот Зоран Заев утрово на заедничка прес конференција со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. – Подготвени сме за нов чекор напред. Чистата препорака е силен мотив за следната тешка, но достижна цел. Одлуката за добивање датум за преговори на Самитот во јуни е нашата следна цел....

По добиената чиста препорака, Хан и Могерини во официјална посета на Македонија

Високата претставничка за надворешни работа и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија и чистата препорака на Европската комисија за почеток на пристапните преговори, престојуваат во официјална посета на земјата. Тие лично ќе му го предадат извештајот за напредокот на премиерот Зоран...

Хан, Габриел, седум премиери ќе учествуваат на првиот Дигитален самит во Скопје

Македонија ќе биде домаќин на еден од најголемите регионалните настани за оваа година, Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи на 18 и 19 април во Скопје. Настанот претставува дел од Берлинскиот процес и има за цел регионална координација за приближување на регионот до Европската Унија. - Во последната Стратегија за Западен Балкан и за проширувањето на Европската...

Заев очекува Хан и Могерини да дојдат на 18 април

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се очекува да ја посетат Македонија на 18 април, еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на земјите од страна на Европската комисија, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција по средбата со премиерот на Словенија, Мирослав Церар. – Нашите очекувања се дека...

Хан: ЕК ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија

Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за германскиот весник „Ди велт“. - Европската комисија наскоро, најверојатно до крајот на летото, ќе препорача земјите членки да започнат пристапни преговори со Албанија и со Поранешната југословенска Република Македонија. Веруваме дека двете земји...

Хан: Решение за спорот за името е можно со лидерство и државништво

Европскиот комесар за проширување соседска политика Јоханес Хан, во разговор за „Дојче веле“ вели дека очекува во блиска иднина да има решение во спорот за името меѓу Македонија и Грција. - Потребно е лидерство и, ако сакате, и државништво не само да се најде решение, туку и за да се постигне согласност и да се обезбеди неопходното политичко мнозинство. Тоа...

Атина му се налути на Хан оти за „Шпигел“ рекол Македонија, а не ФИРОМ

Грчкото министерство за надворешни работи вчера се огласи со остра реакција на еврокомесарот Јоханес Хан поради неговите бројни изјави во кои кажува „Македонија“ наместо ФИРОМ. Во обемно интервју за германскиот магазин „Шпигел“, Хан постојано го употребува името Македонија кога зборува за преговорите за пристапување на земјава во ЕУ. Атина го повика Хан да „го почитува меѓународниот правен поредок“. „Го повикуваме комесарот Хан...

Хан: 2025 година не е фиксен, туку симболичен датум за проширување на ЕУ

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервјуто за виенски „Курир“ изјави дека 2025 година, која Европската комисија ја посочи како временската рамка за прием на нови членки во ЕУ, не е „фиксен датум“, туку симболичен, кој треба да ги мотивира земјите од регионот на Западен Балкан. Според него, во процесот на проширување на ЕУ не постои...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...