fbpx

Хан: Можно е за две недели да има решение на спорот за името

-

Европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, изрази оптимизам дека грчкиот спор во врска со името на Македонија би можел да се реши во следните 15 дена.

– Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ. Мислам дека сите се согласуваат дека ова ќе биде корисно за земјата, за општеството и целиот регион на Западен Балкан – изјави тој пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Хан рече дека Македонија ја надминала длабоката политичка криза и дека постигнала напредок во спроведувањето на реформите и во одржувањето на добрососедските односи, но предупреди дека „нема време за самозадоволство”.

Коментирајќи за Турција, Хан рече дека земјата се движи подалеку од Европската Унија, особено во однос на човековите права и владеењето на правото и се осврна на неодамнешниот извештај на Комисијата за земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...