fbpx
Таг: јавни финансии

таг: јавни финансии

Бесими: Потребен е ефикасен и транспарентен систем на распределба на јавните пари

Креирањето на одржлив финансиски систем и планираните трошења кај сите јавни институции се од огромно значење за зајакнувањето на буџетот и планирањето стабилен економски развој, посебно во време на пандемија. Потребен е ефикасен систем на јавни набавки и добро управување со јавните финансии, за што е неопходно да се изгради стратегија за заштита од корупција и од измами во...

Анализа на Порталб: Излегуваме од зона на „фискален комфор“ – внимателно со јавните финансии!

Парите од новото задолжување се земени, клучно е како ќе се менаџираат, односно трошат во време кога се уште постојат ризици поради здравствено-економската криза. Ова е ставот на економистите откако Владата ја издаде новата еврообврзница во вредност од 700 милиони евра – од нив 500 веќе се одлеваат за отплата на еврообврзницата од 2014-та година. Порталб.мк анализира уште колку ќе...

Со нов закон ќе се основа Академија за јавни финансии

Министерството за финансии подготвува предлог-закон за основање на Академија за јавни финансии, која што би функционирала како организациона единица во состав на Министерството, а би служела за спроведување обуки од областа на јавните финансии и обуки и испити во рамки на програмите за издавање лиценци за овластени службеници и професии од областа на јавните финансии. „Цел на основање на Академијата...

Експертската јавност се вклучува со анализи и предлози за „чистење“ на непрецизните делови од Предлог-законот за буџети

Во текстот на Предлог Законот за буџети кој го регулира целокупниот систем на управување со јавните финансии во државава, постигнат е голем напредок во однос на сегашните законски одредби, но следува период во кој треба да се дефинираат некои нецелосни одредби и делови, некои треба да се надминат, а некои да се избегнат. Во спроведената досегашна анализа на Законот...

Тевдовски на конференција во Виена посветена на транспарентноста во трошењето

Mинистерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на министерска конференција во Виена на која се говори на тема „Финансиското информирање како катализатор за интеграција“. Конференцијата е посветена на значењето на транспарентноста и финансиската одговорност во јавниот и приватниот сектор и реформите за унапредување на финансиските информации. Како што истакнуваат организаторите, реформите во овој сектор придонесуваат за развој на пазарот на капитал, привлекување...

Тевдовски: Јавните финансии се во добра кондиција

Јавните финансии се транспарентни, јавниот долг е под контрола, а во процедура се и реформи за унапредување на јавниот финансиски систем. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски на Конференцијата на Македонската aкадемија на науките и уметностите (МАНУ), зборувајќи за реформи во системот на јавните финансии. Министерот посочи дека јавните финансии сега се во добра кондиција, но и дека...

Тевдовски: Работиме на подобрување на деловната клима и фискална консолидација

Реформи во насока на подобрување на деловното окружување и постепена фискална консолидација, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата по повод започнување на изработка на Програмата за економски реформи 2019-2021. На конференцијата присуствуваше амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар и сите инситуции кои се вклучени во подготовката на реформскиот документ кој се доставува до ЕУ. -За првпат имаме...

Поддршка од ЕК за реформите во јавните финансии

Постои силна политичка волја за подобрување на управувањето со јавните финансии, беше истакнато денеска од страна на Европската комисија, на настанот за спроведување на Програмата за реформи во јавните финансии (ПФМ) во Министерство за финансии. Пред претставници на Комисијата, вклучително и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, се обрати министерот за финансии Драган Тевдовски, кој ја поздрави заложбата на...

Тевдовски: По 10 години, јавниот долг е ставен под контрола

Отплатени се дел од старите долгови, зголемена е рочноста на издадените државни хартии од вредност, намалена е каматната стапка и зголемена е довербата кај инвеститорите, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествуваше на јавната дискусија на Економскиот факултет насловена „Јавните финансии на крстопат“. Тој додаде дека за прв пат после повеќе од 10 години, јавниот долг е ставен под...

Тевдовски: Со новиот закон буџетите ќе се планираат на среден рок

Министерот за финансии, Драган Тевдовски најави нов ревидиран Закон за буџети кој ќе се донесе до крајот на годинава, со кој, буџетите ќе се планираат среднорочно и ќе се создадат услови за воведување Фискален совет. Измените на законот беа најавени на првиот состанок на Советот за спроведување на програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021. „Програмата е прва сеопфатна стратегија...

Економскиот тим во Министерството за финансии се сретна со амбасадорот Бејли

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно со својот економски тим, се сретнал со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, информираат од Министерството. Тевдовски на средбата истакнал дека активно ќе работат на реформи што ќе значат подобро управување на јавните финансии во Македонија, што ќе резултира со зголемување на економскиот пораст и со подобрување на животниот стандард на...

Форум во Белград: Македонија да спроведе реформи во управувањето со јавни финансии

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, и министерот за економија на Албанија, Милва Економи, го отворија „Форумот за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“, во организација на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија. На првата панел-сесија, Хан и Арсовска дискутираа за неопходноста...

СДСМ: Јавниот долг во првиот квартал од годинава е зголемен за 28,3 милиони евра

Јавниот долг во првиот квартал од 2017 година во апсолутен износ е зголемен за 28,3 милиони евра, а во најновиот извештај Министерството за финансии лажно сака да прикаже негово намалување пресметано како процент од домашниот бруто-производ (БДП), велат од СДСМ. Оттаму додадваат дека иако пред 40 дена, Министерството за финансии јавно се огради од методологијата на пресметка на БДП на...

СДСМ: Миноски сака да ги задолжи граѓаните со нови 4,1 милиони евра

Порачуваме дека Кирил Миноски е должен да излезе и да им објасни на граѓаните зошто сака да ги задолжи со нови 4,1 милиони евра, велат од СДСМ. Оттаму додаваат дека „најавеното задолжување од овие 4,1 милиони евра доаѓа само еден ден откако Министерството за финансии реализираше аукција за плаќање на доспеаните обврски“. „Денеска од Министерството за финансии е најавена нова аукција за...

ММФ се повлекува од пакетот финансиска помош за Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека не е подготвен да додели средства за европската спасувачка програма наменета за Грција и побара детален план за реструктуирање на грчкиот долг. Кредиторите од Европска унија инсистираат на тоа ММФ да додели средства за актуелната, трета програма за помош на Грција. Но, ММФ своето учество во пакетот помош го услови со барање за силни акции на...

МИМ го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“

Македонскиот институт за медиуми го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2022“ во кој ќе бидат доделени три годишни награди во категориите најдобра истражувачка сторија, најиновативен новинарски производ...