fbpx

ММФ се повлекува од пакетот финансиска помош за Грција

-

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека не е подготвен да додели средства за европската спасувачка програма наменета за Грција и побара детален план за реструктуирање на грчкиот долг.

Кредиторите од Европска унија инсистираат на тоа ММФ да додели средства за актуелната, трета програма за помош на Грција. Но, ММФ своето учество во пакетот помош го услови со барање за силни акции на кредиторите на планот на намалување на товарот на долгот на Атина, за државата да биде во состојба да ги заздрави јавните финансии и да го поттикне растот на економијата.

-Без олеснување на товарот на долгот за повеќе од една милијарда долари, долгот на Атина само ќе се зголемува, додека нејзината економија ќе паѓа – се наведува во анализата на ММФ за одржливоста на грчките финансии во наредните 40 години.

Министрите за финансии на еврозоната постигнаа согласнот за деблокада на пакетот помош за Грција, одобрувајќи исплата на нова транша во готовина во износ од 10,3 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...